Конечно се решив, а со карантинов и најдов време да споделам искуство за оваа грејна сезона.
GREE Hansol 3.5Kw модел од 2018 година
Греам 17м2 соба со висина 2.10цм, во подрум, со нова PVC дограма.
Sидот е од бетонски блокови и обична малтарија од пред 40 години, 2 надворешни ѕидови југо-запад, притоа никоја од околните простории не се загрева, ниту горе.
Малку бев скептик околу греењето со клима за постари лица кои сакаат потопло да им биде, поради искуствата и муабетите дека изолацијата е клучен фактор дали ќе бидеш згреан или не. Па така лани ја земав и користев како за пригревање додека го распалат ќумбето ама есеноска ќумбето отиде во отпад....
Лани не ја следев многу, реков за оваа сезона ќе се опремам со сите гаџетчиња ама дур стигнаа од кина ме фати Јануар.
Еве го сетапот на неколку слики:
Прегледај го приврзокот 240320 Прегледај го приврзокот 240321 Прегледај го приврзокот 240322
Прегледај го приврзокот 240323 Прегледај го приврзокот 240324 Прегледај го приврзокот 240325
Термометарот е со 2 сонди и е прилично изедначен помеѓу двете сонди, притоа сондата што прикажува во плава боја ја залепив на средина од решетката над внатрешната единица, а сондата со што прикажува со црвена боја ја залепив на средина на панелот за издув.
Не се гледа башшш, ама има Broadlink SP3S SmartSwitch позади Watt-метерот.
Во просторијата се грее постар човек, и си сака топличко, па од Ноември месец наместена е на 26 степени, втора брзина и не е чепната од тогаш (добро де 2-3 пати имам филтри чистено)
Како што пишав мерачите касно ми стигнаа па имам податоци за потрошувачка само за Февруари и Март.
Прегледај го приврзокот 240326
Вефруари како најкраток, Broadlink апликацијата измерила дека се потрошени скоро 400kw, со поставени цени за скапа (5.54мкд) и евтина (2.78мкд) тарифа, како и временскиот период од 22 до 07 часот за ефтина тарифа, крајната пресмета е 1820 денари. Ако му ставиме и ДДВ би дошло 2150 денари. Беспари.....
Прегледај го приврзокот 240327 Прегледај го приврзокот 240328
Потрошувачката на одржување претежно ја гледав околу 500w, иако според статистиката што ја гледам на Broadlink апликацијата знае на неколку саати да крени над киловат додека да ја згрее собата.....
Прегледај го приврзокот 240329 Прегледај го приврзокот 240330
Пошто зимово ни беше меко, ме зачуди што доста пати ја начекував да модулира и на испод 500w.
Е сеа издувот не е којзнае што топол, ама успешно си одржуваше температура 26С кога и да проверам.
Сликава вика ~350w aмa впрочем се 270w. Тој пусти греач на тацна нонстоп грее
Прегледај го приврзокот 240331 Прегледај го приврзокот 240325
Ај еве и после проветрување, да видиме издувот колку качува......
Ако некој не го мрзи и COP нека пресмета, не сум се заангажирал тоа досега....
Прегледај го приврзокот 240332 Прегледај го приврзокот 240333 Прегледај го приврзокот 240334 Прегледај го приврзокот 240335
Во саботата на 21ви вечерта 9 степени надвор, ја зачекав на 250w - минималнио до сега што сум забележал на ват-метерот. Ако ги одземам тие 80w кои ги троши греачот остануваат 170w потрошна за топлина.... ама пак затоа разликата меѓу температурата на усис и издув беше само 6 степени xD
Сепак, успешно си одржуваше 26 степени во просторијата.
Обичниот термометар ми е поставен на некои 4 метри оддалеченост директно наспроти климата, на висина од метар ипол од подот.
Да финишираме со снимка од Broadlink статистиката за потрошна во еден ден....
Она што дава како најниска точка од некои ~80w е кога е во StandBy и работи само фалшивиот греач на тацна :/
Watch this video on Streamable.
streamable.com
Прегледај го приврзокот 240336 Прегледај го приврзокот 240337 Прегледај го приврзокот 240338
Со последниот скрин кој е еве од пред 2 минути, можам да речам дека овој месец ќе биде уште поекономичен