- Член од
- 29 август 2008
- Мислења
- 5.893
- Поени од реакции
- 4.378
Ako ne ti odgovara nesto ok, povejke nite citam ni komentiram/napravigo i ti istoto.....kako sto so flegmata raskrstivme* CaooИ ти прочитај подобро, мојот коментар за тебе не беше насочен кон твојот последен коментар туку кон се што имаш напишано на темава каде им се улижуваш на грее-евци ко да ти го дале амберот бесплатно. Man up, не ти личи такво однесување. Јас сум обичен корисник и немам никаква добивка од тоа што го пишувам тука, затоа и напишав искрен совет во кои се вклучени предностите и недостатоците на двете клими со кои имав директно искуство. Морам да те демантирам дека е ураган тундрата бидејќи има двојно поширок отвор во споредба со амберот па затоа чувството на дување реално е тука некаде и на двата модела. Предноста на поголемиот издув на тундрата е што зимава немаше потреба да биде ставена повеќе од прва брзина па можеби и од таму се помалите сметки кај мене. Предноста кај амберот со повеќето брзините ја осетив сега на ладење каде тундрата во прва брзина прави преладно па треба да уклучиш quiet mode за да одржува ладно а да не биде преладно.
Немам што да кријам, точно е дека е само една зима се имам греено ама истото се однесува и на амберот на другарот кај кој барем еднаш неделно одиме но и доаѓа кај мене за децата да си играат. Ако прочиташ што напишав ќе видиш дека во ниеден момент не ја спорам моќноста на амберот, баш напротив сметам дека е сосема доволно моќен. Она што го споделив е искуството после една година од користење на двете клими во која другарот има во просек 1000-1500 денари поголеми сметки и сум на мислење дека треба добро да размислат дали вредат да се потрошат тие екстра 10 000 денари. Во нашиот случај и со ваква зима, апсолутно НЕ, ни во лудост.
Послушај го Стрелец и немој да си лажел со 3.5 за толкав неизлоиран простор во куќа, ќе измрзнеш и ќе викаш дека инвертерите не ги бива. Земи си 5.5 и раат ќе си. А неможам да опишам каква глупост е дека тие 800 м3 се ураган, кај мене климата со ваков издува дува токму каде што седиме па еве после една година сеуште не не има оддувано ниту пак некој се пожалил.