Не си во право. Ние не сме стручњаци, но сме корисници и доволно знаеме дека нешто не е во ред со монтажата/начинот на користење.
Сервисерите во гарантен рок земаат пари за годишно продолжување на гаранцијата, а ќе ја погледнат набрзина и толку. Моите одвај на триста молења во гарантен рок (не им грееше, а постари луѓе) двапати по 600 денари им даваа на лепе очи за еден пеат-т.н. продолжување (што е нечија нивна измислица, дерење корисници) некако дојдоа, измерија притисок на фреон, дотурија нешто и толку. Сега вклучуваат на 30 за да може да им загрее на 22-24 степени. Кога дојдоа кај мене за продолжување, им платив и ги замолив да видат што е проблем што на вклучена пониска темп. 20-22 степени, надворешната единица дрма/тропа и брчи. Им реков, кога ќе ја допрам со рака, прекинува да бучи што значи треба или амортизери или да се премонтира како што е редот или нешто трето не е во ред, во секој случај тие треба да го знаат тоа, што и да е. За амортизери ќе доплатев, не беше проблем. Одговор, ништо тоа, не било некој проблем. Намерно пуштаа при проба на 30 степени затоа што знаат дека тогаш најмалку се јавуваат проблеми.
Оттогаш не им плаќав за продолжување на гаранцијата. Можи не е никаква класа мојот инвертер, но редно беше да го средат проблемот. Еден сосед исто ги викаше сервисерите, не му дојдоа.
Сега кога читам и за поскапи и клими со марка, гледам дека генерално, сервисерите се неодговорни и непринципиелни. Требаше да губам време и нерви, да се јавувам во фирмата од кај што го земав (а тие не одговараат за вакви интервенции) или во пазарен инспекторат, да се бафтам со недели и месеци и којзнае дали нешто ќе се средеше. Оно ќе се средеше, со парична пријава ама не ми се иде до толку далеку.
Одговорност нула, фирми нула, тоа е. Затоа мислам дека не е нешто битно брендот (иако овде се рекламираат клими од по 1000 евра или шо знам некојси еуровент па со ваков онаков компресор па дали трошела 300 или 400 вати), колку што е битна поддршката и стручната изведба од сервисерите, со кои сервисери фирмата ќе склучи договор.