Еве и јас да ви дадам еден пример. Лани купив клима ЛГ 2.5кв од Нептун - Прилеп. Инсистираја на монтажа од нивни монтер - ок. Не бев запознат со начинот на инсталација како што е правилно димензионирање, вакумирање , 3м бакарни цевки и ред други работи , ама за тоа плаќаме овластен "мајстор ", нели , за да не мора ние самите да истражуваме и да изиграваме мајстори. Пошто немаше голем избор за локација на внатрешната единица за да не дува во мене ја стави во ќошот каде ми е креветот каде што спијам (читај над глава ) левата страна целосно залепена до зид и надворешната единица одма од другата страна (собата нема тераса туку само едно кратко тарасиче колку човек да застани и тоа тогаш изгледаше како најлогичен избор). Намести 1.5м бакарни цевки , не ја вакумираше климата. Пошто куќата не е малтарена , едната страна , страната на компресорот беше заштрафена во стубот. Неможам да го обвинам целосно за оваа монтажа пошто јас го дадов како предлог тука да се инсталира внатрешната единица , како што кажав немаше голем избор собата е 12м, ама од друга страна тој требаше да ме предупреди дека климата мора да има минимум 15 цм растојаните од двете страни , и 20 цм од плафонот (што во мојот случај имаше) и дека не е добра локација за надворешната поради тоа што ќе има вибрации. Гумици идеа со климата , ама беа ставени само на страната од компресорот.Монтажата кошташе 4000 ден. Е сега, тоа беше доста бучна зима ... ама за следнава сезона пред два месеци решив да ја преместам климата. Го викнав истио мајстор кого ко чекав 1 месец дека наводно имал 20 клими за местење (госпо напомош кај сите), поради големите вибрации на надворешната единица инсистирав да ја наместиме во соседната соба ( салонот ) под пенџере со што надворешната е далеку од мојот зид и мојата соба. Тој повторно инсистираше да ја монтира во стубот , но јас инсистирав да не биде монтирана во стубот туку да се избушат зидовите пошто не е малтарено и внатре со шајвни да се прицврсти на внатрешниот зид и се погодивме одвај , ме убедуваше дека сите ги местеле во стуб но јас не сакав поради што вибрациите се пренесуваа на цела страна од куќата и конечно ја монтира како што сакав. Дојде време за монтирање на внатрешната единица. Инсистирав да биде монтирана во средина на зидот но монтерот не сакаше ни да слушне за тоа , демек било мн далеку мн цевки ќе влезеле , во случајов зборуваме за 4м според моја пресметка. После му реков да ја намести на другиот зид , тука стои комодата и има едно 40 ширина и висина на комодата од 180 цм, да ја намести околу 40 цм десно од зидот за да дува во празниот простор. И за тоа не сакаше да слушни , било многу далеку , ќе сме и ја изваделе душата на климата, не ставал никаде повеќе од 3м бакарни цевки пошто незнаел колку фреон треба да дотури , ова беа неговите изговори.Не успеав да го убедам да ја намести како што сакам (успат ми се испонаша као демек ќе си заминам ако ме помалтретираш) , незнам кој му беше проблемот , му кажав дека се ќе биде платено , пак си ја намести тој како што сака , во кошот да дува над комода и рече дека немало да има гајле , ќе ставам и слики. И за крај климата повторно не ја вакумира , втор пат по ред , и повторно платив 4000 ден. Ме фати на инат , почнав да истражувам , го најдов овај форум на кајгана кој можам да го пофалам беше доста корисен и научив доста работи, ги најдов сервисните од мојата клима на интернет и ред др работи. Испадна дека 3м бакарни цевки е минимумот за мојата клима да функционира нормално и да не се пренесуваат вибрации од надворешна на внатрешна, а со фреонот од 950 грама можи слободно да се монтира до 7.5м цевки, и мора читај МОРА да се вакумира за да се извлече воздухот и влагата од цевките која е погубна за компресорот на климата. Како ЛГ дава 10 год гаранција на компресор со ваков неписмен монтер? Исто му реков да намести гумици на надворешната , ми рече немало потреба тие се местеле само ако била крива ( како што ја намести во претходната монтажа ). Името на монтерот е Игор , овластен "монтер" на Нептун - Прилеп. Слушнав и на други места така работи, става бакарни цевки по волја и не ја вакумира.. еве тие што читате и планирате да купите од Нептун да знаете.Се мислев да го пријавам во Нептун за непрофесионална монтажа , што мислите? Успат јас немам ништо против човекот освен чесно да си ја работи работата. За сета среќа климата функционира , добро грее и лани работеше и на минусните температури, еве успат да споделам и искуство. Не ја работам 24/7 ,со што температурата во собата знае да падне и под 10 степени , ја пуштам само кога ќе станам но успева да постигне температура до 22-23 степени по неколку часа со зададени 27 степени и 5та брзина на фан, ама тие неколку часа додека качи температура троши по 1.6.-1.7кв (можам да видам на мерачот кој е вграден во климата) и дува жежок воздух. Од изолација има само ПВЦ , собата е север. Друга работа што забележав е дека на 1,2 и 3 брзина не постигнува температура повисока од 22 степени , макар и на 30 да е наместена, кога ќе дојде до 22 климата се затвора (валјда поради што е лошо позиционирана внатрешната единица или дека не е вакумирана , не сум експерт, но доколку некој знае ќе бидам благодарен на одговорот), а на 4 и 5 брзина го нема тој проблем , разликата во степени е 3 на пр на зададени 27 , крева 24 степени. Тоа е тоа во глобала , планирам да си викнам саглам монтер кога ќе можам , заеби гаранција , да ја помести подесно барем 30 цм и да ја спушти подолу (сега е на 15 цм од таванот , зидовите се високи 2.70м) , читав дека можи да се намести од 20-30 цм, цевки се надевам деќа ке стигнат , да измери фреон пошто незнам овај шо има напраено , да ја вакумира и т.н.... Се извинувам на долгиот пост ама морав
Прегледај го приврзокот 227180Прегледај го приврзокот 227181Прегледај го приврзокот 227182Прегледај го приврзокот 227183Прегледај го приврзокот 227184Прегледај го приврзокот 227185