Првите впечатоци:
Поставена на одредена температура исклучува кога температурата (гледано на внатрешната) ќе надмине 1,5-2°. За да вклучи повторно исто температурата треба да падне 1,5-2°. Мислам дека овој интервал од 3-4° е преголем.
Поставена на 19°, на метар под неа температурата е 22,8°, додека на нејзина висина на спротивниот крај (околу 3,5 метри) температурата е 23,8°. Термометрите не се проверени, ама кога се еден до друг покажуваат иста температура. Мислам дека има некој проблем со сондата за температура.
Парадокс: Вклучена на втора брзина на вентилаторот влече 800-900 вати. Вклучена на турбо влече 600-700 вати. Зарем не био требало да биде спротивно?
Прашање:
Кога ја менувам брзината на вентилаторот се менува ли и работата на компресорот?