Не смее да фали фреон на нова клима. Да си повика мајстор и да открие каде пушта фреон.
Прво да ги провери местата на споевите на внатрешната единица со цевките кои водат према надвор а потоа на холендарите на надворешната единица (со сапуница)
Значи, салам мајстор кој има вакум пумпа со дигиални мерачи. На стрелка нема да може да се види или пак ако може ќе треба многу време.
Мојот предлог е погорната постапка со целосна замена на фреонот. Не знам колку земаат во Скопје за ова но во Прилеп, колку што сум разбрал, промената на фреон чини околу 1500 денари.
Отприлика чекорите се:
- Пуштање на климата на најсилно со најголем вентилатор
- Мерење на разлика помеѓу влез и излез кој после 20 минути ваква работа мора да биде над 20 степени при внатрешна температура од мин. 20 степени.
- Ако резултатите не се задоволителни треба да се проверат, како што кажав, споевите.
- Ако постои сомнеш за прецвикана цевка да се симне изолацијата на тие места и да се провери визуелно дали има нагмечена цевка
Ако и понатаму има сомнеж за губење на фреонот тогаш единствен начин да се открие дали е така е со помош на вакум пумпа.
Не може клима да дава вака лоши резултати. Дури и најзагулени on/off клими имаат подобри резултати од ова.
Или пак корисникот ја гасни преку денот па очекува чуда во ладна соба. Трето нема.