Најекономично греење и ладење

Член од
27 ноември 2018
Мислења
218
Поени од реакции
370
Пријателчина да кажите мислење.
Дневен престој со кујна и трпезарија 42м2, куќа втор спрат. Таванот е плоча и не се грее. Под дневната се грее само 25м2 од подот. Куќата има убава пвц дограма, фасадирана без изолација. Има два надворешни ѕида. Како да се реши греењето со клима и кои модел/и?? Буџет 70000 денари DSC_1520.JPG
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Дали над плочата има изолација на таванот?
Гледај ги овие модели, не испод овие.

Daikin FXTF50
Toshiba suzumi 18
Gree Hansol 18
Panasonic Z50TKE
Mitsubishi SF50

Грубо тоа ти треба се додека е монтирана на 30цм од таванот(!!!!!!) И надворешната е што подалеку од нечија спална, и бакарните цевки да се подолги од 3 метри, нема да имаш гајле.
 
Член од
27 ноември 2018
Мислења
218
Поени од реакции
370
Дали над плочата има изолација на таванот?
Гледај ги овие модели, не испод овие.

Daikin FXTF50
Toshiba suzumi 18
Gree Hansol 18
Panasonic Z50TKE
Mitsubishi SF50

Грубо тоа ти треба се додека е монтирана на 30цм од таванот(!!!!!!) И надворешната е што подалеку од нечија спална, и бакарните цевки да се подолги од 3 метри, нема да имаш гајле.
Нема изолација тавански соби се. И јас мислев за даикинот ама дали ќе задоволува? Да не е подобра варијанта две помали да се наместат?
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.924
Поени од реакции
8.079
Нема изолација тавански соби се. И јас мислев за даикинот ама дали ќе задоволува? Да не е подобра варијанта две помали да се наместат?
За олку голема просторија подобро две помали, вака една нема шанса да ја распореди топлината низ цел простор плус ќе треба да ја пушташ на најјак фан па да имаш ураган дома
 
Член од
6 јуни 2017
Мислења
110
Поени од реакции
203
DAIKIN-ot mene mi gree 60-tina m2 vo najladnoto, a ti ke zagrevas 42m2 ne tolku izoliran prostor. Moja preporaka od iskustvo e DAIKIN FTXF50A. No sepak treba da zemes mnogu parametri vo predvid, a najvazniot podatok spored mene e kolku zagubi imas vo prostorot. Daikinot na -15°C sopred eurovent dava 4.2kw toplinska mok. Kaj mene presmetkite pokazaa deka 3.7kw se dovolni, pa zatoa zedov malku pojaka klima na minusni temperaturi.
Pozdrav

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Член од
18 јуни 2018
Мислења
43
Поени од реакции
59
Ај да ве замолам за препорака на мојот простор.

Тоа горе е 1-виот спрат, имам дневна соба плус кујна. Прозорите се ок, постари ама дупли, изолација нема стиропор, ама има зидови 30cm чист камен.

Таа долу е соба на вториот спрат, половина од собата е над првата просторија од првиот спрат. Изолација во зидови има полоша, без стиропол, 15cm цигла мислам дека е. Прозорот горе е PVC.

Фала! :)

 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
30цм камен не само што НЕ е иџолација туку е напротив многу голем преносител на топлина. Односно просторот има големи загуби.

Пожелно е да се изолира тој камен ѕид и да се стави гипскартон врз изолацијата. А и остаточни други корекции на просторот.

Ќе треба парапетна единица на самиот камен ѕид да се стави ако не се изолира тој. И тоа 5.5kw парапетна единица.
 
Член од
18 јуни 2018
Мислења
43
Поени од реакции
59
30цм камен не само што НЕ е иџолација туку е напротив многу голем преносител на топлина. Односно просторот има големи загуби.

Пожелно е да се изолира тој камен ѕид и да се стави гипскартон врз изолацијата. А и остаточни други корекции на просторот.

Ќе треба парапетна единица на самиот камен ѕид да се стави ако не се изолира тој. И тоа 5.5kw парапетна единица.
А вака опции да не гледам да речиме да ставам Тундра 5.5kw, нема да затопли?
На горната соба 3.5kw или многу е?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Геометар си? Гледам етажна скица си постирал
Може да се рече дека сум геометар. Ги мерам улиците (со чекори).:D
Знам дека е предимензионирано ама 10000 денари плус/минус не ти прават многу во животот а комоцијата е неспоредлива.
Почетни 10000 плус/минус не се проблем. Еднаш се даваат. Повеќе ме интересира потрошувачката. Таму и 1000 денари плус/минус се многу.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Може да се рече дека сум геометар. Ги мерам улиците (со чекори).:D

Почетни 10000 плус/минус не се проблем. Еднаш се даваат. Повеќе ме интересира потрошувачката. Таму и 1000 денари плус/минус се многу.
Потрошувачката ќе биде иста ако не и помала со две. Затоа што потрошувачката зависи колкави топлински загуби ќе покрива(надокнадува) климата, била една или две тоа е тоа. Најверојатно ќе биде помала со две, од причина што не треба да ги работиш турбо како што би форсирал доколку е една. А за можноста за управување и регулирање на топлината, не се споредува.
Од проста причина што, со една клима во С1 ќе ти биде прекумерно топло, рецимо 26-7 степени, за во С2 да ти биде 22-23 степени. Од друга страна со две можеш да регулираш како ти одговара.[DOUBLEPOST=1552249241][/DOUBLEPOST]
Пријателчина да кажите мислење.
Дневен престој со кујна и трпезарија 42м2, куќа втор спрат. Таванот е плоча и не се грее. Под дневната се грее само 25м2 од подот. Куќата има убава пвц дограма, фасадирана без изолација. Има два надворешни ѕида. Како да се реши греењето со клима и кои модел/и?? Буџет 70000 денариПрегледај го приврзокот 205784
Слична просторија, со 7 прозорци, изолиран таван, во куќа со 5 цм изолација, греев зимово со Mitsubishi SF50. Тебе распоредот ти е подобар, плус имаш внатрешни зидови, ама немаш изолација и тука веќе не сум сигурен дали ќе задоволи SF50 ката!
 
Последно уредено:
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
за да ми наместат парно на струја во стан од 75 квадрата ми побараа 2000 евра. грубо кажано нормална цена е ова или сакаат да ме обричат?
 
Член од
13 март 2017
Мислења
110
Поени од реакции
182
за да ми наместат парно на струја во стан од 75 квадрата ми побараа 2000 евра. грубо кажано нормална цена е ова или сакаат да ме обричат?
Главното прашање е парно на струја? Тогаш имаш многу пари и малку ти побарале.

Sent from my Mi A2 Lite using Tapatalk
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
шо е битно колку пари имам јас? ти кога одиш во продавница не те прашаат колку плата земаш па според тоа да ти наплакаат на каса, така? + јас не сум човек што се ценка, ама не сакам ни да ме ограбуваат. му кажав убаво, плакам колку што треба али сакам да ми направиш како што треба. и сега ако ми кажете дека 2000 евра е ок цена толку и ке платам. бидејки немам претстава никаква колку кошта било што поврзано со парно сакам да соберам било каква информација.

а да ти одговорам на прашањето, парно се решив да е на струја бидејки живеам на 5-ти кат и не можам било што друго да качувам по скали, немам лифт. исто така немам ни подрум во зградат каде што го купив станот бидејки е дуплекс доградба на поткровје така да струја ми е едина опција. сега за сега греам со панели и плакам некој 15 000 - 16 000 денари за струја секој месец. верувам дека со парно на струја ке допрам и до кај 20 000 денари али барем знам дека се ке ми биде стоплено ко што треба.
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Инвестицијата е многу голема, а и сметките понатаму. Многу нелогично решение.

Многу подобро е да се загрее просторот со 2-3 инвертер клима уреди, и електрична пешкирача во WC. Ем инвестицијата ќе е нешто подобра, ем сметките за греење за 1 сезона ќе се околу 3-5 пати помали.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
да не ме разберете погрешно, не сакам никој да навредам, али дали е логично или не е моја работа. кај мене во мојата математика е логично, така да прашањето е дали 2000 еура се ок цена?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom