Иако темава не е баш за ова, мислам дека тука има луѓе со повеќе искуство отколку да прашувам на друго место, ми треба совет околу две работи:
1.Сакам да променам ПВЦ прозори, досега имав дрвена дограма али куќата има слаба изолација од надвор и плус дрвените прозори и ми бегаат многу дрва за греење, кои брендови пвц прозори се со ок квалитет (гледам има различни, дури и кинески)? Кога ќе ги ставам прозорите има ли начин да ставам без голем зафат на фасадата стиропор околу прозорите (целта ми е да го изолирам делот околу прозорот што е можно подобро за да не ми лади собата од таму).
2.На внатрешните врати (овие ќе си останат дрвени) што може да им ставам за да диктуваат подобро, имав ставено порано од тие сунѓерчињата што се продаваат околу рамката, али тие пак пропуштаат и брзо се оштетуваат, ако има нешто поефикасно препорачајте и од каде може да се набави?
Пред 3 години стававме, на цела куќа, Rehau Geneo, со 3 стакла, надворешно 4 сезони, средно обично и внатрешно К ниско емисионо. Sigenia оков.
Прозорите се одлични, рачките, механизмот, одлично дихтуваат, мерено со инфрацрвен термометар, температурата на прозорот /профилот и на ѕидот до него, испаѓа дека прозорот држи 1-2-3 степена повисока темпера од ѕидот на кој е монтиран.
Ако земеме дека ѕид неизолиран само фасада без изолација има некаде 1.3w/m2K топлотни загуби, а добар пвц прозор пример, генео профилот има 0.86w/m2K топлотни загуби со стакло околу 1w/m2K испаѓа дека целиот прозор има некаде 0.9w/m2K споредба со ѕидот.
Ѕид со 10 стиропор 17kg има 0.35W/m2K, затоа мајката му е само изолација, термофасада, нишо други не помага како термофасада и тоа од минимум 10 цм, ако се може и на северна страна 12cm, и потоа и со сфеќа ќе се греете како во становите.
edit: еве пример:
Ѕид, профил, стакло.
Sent from my iPhone using Tapatalk