Абе гледај, пред неколку години излегоа кинески веспи од 500 кубици и сите се палеја и купуваа. Имаа перформанси, но знаеш колку време ги возеа? 2-3 години и после испадна дека имаат пластични делови. Па сега така стојат по визби, а низ градовите се возат Априлии за слични пари но со послаба кубикажа.
За евтини пари нема квалитетна кинезарија, може само да се палиш дека си добил уред со кој ќе истуркаш. Но исто така може на -5 да добиеш грешка Е6 дека нема комуникација помеѓу внатрешната и надворешната единица. Замрзнале деловите. Епа во кина топло е, од каде да знаат како е на -5.
Пак ќе кажам сиромашни се во МКД. И добро е што постојат фирми ко Грее, Вивакс и слични кои за евтини пари можат да достават солидни производи. Доколку ги нема нив може да има само повеќе греење на дрва.
Дека ќе купиш кинески екстра квалитет за евтини пари можеш само да се лажиш...[DOUBLEPOST=1546114604][/DOUBLEPOST]
Со 12000 денари плата не може да гледаш деца, фамилија и да купиш Митсубиши од 70000 денари. Дури и многу ќе ти се види 20000 да дадеш за Грее најобично. Не секој може да си дозволи да купи клима. Плус на црно можеш да земеш евтини дрва, плус можеш јадење да правиш на шпоре.
Можеби се подобрува ситуацијата, повеќе корисници на клими можат да натераат други да се префрлат, но куповната моќ на македонецот е катастрофална, па кога нема избор ќе избере да се грее со дрва, бидејќи инаку ќе нема леб да јади.