Друже, можи не сум паталец, ама ќе ти препорачам да не се расфрлаш со пари, посебно сега со повеќе од пола зима помината. Колку што те разбрав, имаш термо печки со кои ја турна зимата, така да не брзај со набавка на грејни тела. Чим ги имаш парите, за трошење лесно е, во секој момент можеш да ставиш и клима, и печка на пелети, и топлотна пумпа. Реши го греењето/ладењето во дневната, таа соба ќе ја користиш најмногу. За другите соби почекај. Како што кажа, утре-другиден здравје боже ќе дојдат дечиња, клима се мести во 2 дена доколку ги имаш парите.
Моја препорака, купи си добра 5.5Kw за дневна. Уствари не добра, одлична. Не штеди на тоа. А купи си и еден панел за секој случај. Според мене, просек 350 дена во годината нема да имаш мака со греењето во дневната. Е сега за тие 15 дена твое е дали ќе си решиш да ставиш 2*3.5Kw или еден панел за догревање. Ако процениш дека 5.5Kw не си ја брка работата според твоите очекувања, уште една 2.5Kw можеш во било кое време да ставиш. Башка тоа, ако климата си ја брка работата (во што сум 99% сигурен), панелот можеш да го користиш во спалната. На панелот му треба (просек) 15 минути да загрее 15м2 на температура пријатна за спиење. Доколку сакаш да спиеш на 23-24 степени, тогаш е друго. Јас искрено сакам да спијам во ладно, и доволно ми е 15 минути панел. Минатиот месец си набавив електрично ќебе кое исто како панелот го палам 15 минути пред спиење, колку да ми ја затопли постелата, а панелот го баталив скрос. Пак ќе речам, пробај така, ако не ја бива, клима се става во секој момент.
Мисли како и кога ќе ја решиш изолацијата. И најбитно од се, можеби побитно од изолацијата (барем за мене, што живеам во стан), е дали од долу греат. Пред да се преселам, живеев со моите во стан на втор спрат. Комшиите под мене заминаа во Америка 2 зими со ред. Не можам да ти кажам колкава беше разликата кога тие грееја под нас, и кога не беа тука. Истото е и сега во новиот стан. Комшиите под мене имаат деца, и греат скоро 75% од станот. Уште кога го купив станот, кога не ми беше уреден, се осеќаше блага топлина кога од надвор ќе влезеш внатре, без никакво греење. Доколку твоите под тебе греат (а верувам дека греат), нема да имаш мака со 5.5Kw во дневната.
Секако, ова е мое мислење, а и кажав дека не сум паталец (од твојот тип). Греам 30м2 со FH35VE, (стан на 7ми спрат, северо-исток, добра изолација и ПВЦ прозори) и сум презадоволен. Само сакам да ти сугерирам дека доколку се одлучиш за инвертери (а гледам дека натаму туркаш), немаш потреба да го решиш греењето за цел спрат сега. Поздрав.