Најекономично греење и ладење

Член од
11 јануари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
114
Прегледај го приврзокот 184640
Го имам овој модел на Gree mighty Hansol и сум презадоволен како работи, тивка внатрешна/ надворешна, ја работам во 2,3,4 а има и 5 брзина и turbo! и ја користам како основно греење трето зимо веќе.Загрева простор од 50кв во стан и е беспрекорна, нема крцкања на пластика, нема ерори лагови, прецизна на зададена температура.Како што читате на налепницата Hansolot е малку постаро производство 2014 така да сегашниве можеби се уште подобри.Многу битно за мене кај нејзе е одкако ќе ја достигне зададената темп не дува до бесвест млако, туку ќе исклучи на 5-10 минути.Друго при влагање во defrost НЕ дува ладно,со еден збор топ климиче,Recommended!
Друже, што изолација имаш што 12000бту ти греат 50 квадрати? Или имаш кос кров на пола дневна?
 
Член од
25 мај 2017
Мислења
84
Поени од реакции
244
Сега звони по луѓе да се активираат за да ги фалат грее, последна инстанца ќе му бидат монтерите, намерно лошо монтирале зашто работеле за конкуренцијата како и секој тука што ќе пише нешто против грее.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
Абе овој стварно активирал луѓе „спонтано“ да си го фалат и бранат Хансол на Грее и да си се прашуваат и да си удараат лајкчиња меѓусебно ај , ај , ај :D :D
 
D

Deleted member 95595

Гостин
zdravo

Imam potreba od zagrevanje i ladenje na prostor od 90 m2.
se raboti za kuka a prostorot od 90 m2 e na sprat
planiram da go resam greenjeto i ladenjeto sotoplotna pumpa vozduh - voda
iskustva ima nekoj?
Decki, dali ima nekoj kompetenten da mu odgovori na drugarov? I mene iskreno bi me interesiralo da znam neshto povekje okolu ovoj vid na greenje, samo jas imam sprat 140 kvadrata koj shto doprva treba da odlucuvam so shto ke go gream.

Pozdrav
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
452
Поени од реакции
424
Друже, што изолација имаш што 12000бту ти греат 50 квадрати? Или имаш кос кров на пола дневна?
Живеам во стан на приземје под мене подруми но врз паркетот имам ламинатен под.Инаку самиот простор во дневна трепезарија кујна е отворен со тоа што имам 5 метри надворешен зид од јужна и 2 метри на северна кај што е кујната.Останатиот простор ми е со внатрешни зидови према спалните и дел према влезот. Надворешните зидови се со пуна цигла зидани попречно а внатрешните гипс картони,каде гипс табли од пред 30 години.Тавнот го немам пипнато а размислувам за стиропур.ПВЦ столарија има од пред многу години со обично стакло без аргон и многу комори од Roloplast.
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Е добро бе @Gocka/ , ти стварно веруваш дека подвоениот IP клон не знае дека не постои Тундра 18ka верзија со „B“ !?
Знае тој добро дека со „В“ се само 9ка и 12ка ! Знае тој добро и дека постои нова Тундра 18ка, Tundra 50 Green AS50TDAHRA/1U50JEFFRA со R32 (која кај нас за жал ја нема сеуште !) со уште подобар Еуровент :D (во прилог) . Можеби Подвоениот е најнеспособниот, највулгарен трговец со тезгериња и мајстор за аутоголи и камиказе трол , но не е неписмен ! Тоа го прави намерно ! Мисли дека ќе ги дискредитира авторите на постот, марката и моделот на инвертер (читај, конкуренцијата) !
Накратко крајно ги потценува луѓето кои овде на овој форум бараат информации и сакајќи да ги придобие преку ширење крајно тенденциозни полуинформации неповратно ги губи засекогаш како идни муштерии !

Прегледај го приврзокот 184671
Бреееееееееееее 5.2Kw Scop 4.0 ова е фантазија. Можеме да дознаеме цена или нешто?!
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
zdravo

Imam potreba od zagrevanje i ladenje na prostor od 90 m2.
se raboti za kuka a prostorot od 90 m2 e na sprat
planiram da go resam greenjeto i ladenjeto sotoplotna pumpa vozduh - voda
iskustva ima nekoj?
Тешко ќе најдеш конкретни искуства во Мк и на овој форум.
Јас пред да купам инвертер, го студирав тоа прашање. Имам подно греење(електрично) и поради неекономност сакав да пројдам на топлотна пумпа.
Цените на 7 кв почнуваа од 3,500 евра па нагоре, плус монтажа и други материјали( Carier).
Toshibata почнуваше од 5000 па натаму.
Зависно од топлотните загуби кои ги имаш, и квадратурата, мое мислење е дека треба да одиш со нешто појако не 7-7,5 кв.
Јави се во Енергија, Грее мк, Енергосистем ......... и прашај, после седни и со ладна глава пресметај, колкави трошоци и што за тоа ќе добиеш.
Кој и да те советува одовде, одлуката и парите се твои.
За жал, кај нас тие што пишуваат на форум не се баш нафатирани за такви расходи, тие кои имаат пари и инвестирале во такви пумпи , не висат на форум.
 
Член од
8 ноември 2017
Мислења
2.534
Поени од реакции
2.834
zdravo

Imam potreba od zagrevanje i ladenje na prostor od 90 m2.
se raboti za kuka a prostorot od 90 m2 e na sprat
planiram da go resam greenjeto i ladenjeto sotoplotna pumpa vozduh - voda
iskustva ima nekoj?
Toplinskite pumpi vozduh-voda se ekonomicni i finansijski opravdani samo ako planiras i imas moznost da instaliras podno greenje. Ladenjeto e ok da bide so fenkojleri.
Investicijata e seriozna, za prostor koj go imas bi bila cca Eur 6500.
So podno greenje, smetkata ne bi smeela da nadmine od 2000-3000 den , zavisno od nadvoresnata temperatura.
Ako odis so fenkojleri/radijatori i za greenje, smetkata ke bide drasticno pogolema, sigurno dvojno.

Vo slucaj da odis na fenkojleri, za greenje, poveke se isplati da odis so multisplit. Investicijata e za 50% pomala, a smetkite ke bidat isti/priblizni so toplinska pumpa vozduh-voda.

Sepak, mnogu e bitno za kakov objekt se raboti, izolacija....itn.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
@Sv B , kоја јачина ја зема за топлотната пумпа и од која цена појде , да дојдеш до 6500?
Ако тргне со буџетно решение од типот Грее, Кариер или слично се раѓа дилема, не ли е голем ризик да лупнеш 6-7000 евра на буџетно решение?
Ако иде со позната марка трошокот ќе се зголеми за 2-3000 евра најмалку.
 
D

Deleted member 95595

Гостин
Eve vaka da prasham ajde... Ako imate 140 m2 sprat od kuka koj se sostoi od:
1. 12 metri dolga Dnevna soba so kujna- vkupno 55m2.
2. 20tina kvadrati spalna so posebno WC 6-7kvadrati negde
3. Soba 15tina kvadrati,
4. Ushte edna soba 15tina kvadrati
5. Hodnik i ushte edno WC

P.S. Nov sprat e, nova dograma, bez nekoja posebna izolacija, obicen zid.
 
Член од
13 јули 2008
Мислења
1.397
Поени од реакции
1.886
Се знае како и сите куќи низ поскапиве населби. Прошетај ќе видиш.

Одбираш место од задна страна на куќа или нај што не се гледа. Ставаш 4 надворешни единици мицубиши 3.5kw. Во дневната на едната страна по можност северната парапетна единица КЈ, а на јужната страна ѕидна единица ФХ. Во спалната парапетна единица КЈ, во детската парапетна единица КЈ.

Ако сакаш поефтино тогаш сите ФХ35 вкупно и во спалните СФ25 ќе фати 3000еур сосе монтажа сосе се. А со парапетни 5000еур ќе фати. Ама грубо тоа е.

Чао-пријатно.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Бреееееееееееее 5.2Kw Scop 4.0 ова е фантазија. Можеме да дознаеме цена или нешто?!
Верувам (и неверувам) у Итаља 650 Евра!?... ваков Ѕвер https://www.caldaiemurali.it/climatizzatore-condizionatore-haier-inverter-serie-tundra-green-r32-18000-btu-a-as50tdahra-new-2017.html .... инаку моделот (со наведени внатрешна и надворешна, верувам добро ги прочитав до буква и бројка!?) на средина некаде кај што пишува Caratteristiche Tecniche. а пишува тоа е модел од 2017та, како и тоа дека користи R32 ..... кој знае Таљански одсвен Гогле транслејт!?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom