Ај вака. Не дека не му верувам на Андроид,ама не му верувам
И не е единствен што чуда пријавува на форумов!
Моето искуство е сосем поинакво... Сум пишал и пак ќе пишам. Куќа изградена 70'-те со блок 25цм малтарена однадвор,дрвени прозори(дури летово ставав пвц) кои не дихтуваа добро,но сепак беа двојни со простор меѓу нив. Ефективно греам 65-70м2 од 100! Два помали прозори кон север,северозапад (бања и кујна),два големи прозори со врати кон исток,североисток(спални),големи прозори и врата кон југ,југоисток(салон),западната страна влез,претсобје,бања,соба(ирелевантно,не се грее).
Меѓусезона две обични клими(салон,спална) од кои најчесто работи само едната и потоа се преминува на ќумбе.
Зима: едно ќумбе централно позиционирано.
До кај -2ц грее 65-70м2. Во негова близина 24-25ц на другиот крај од салонот 21-22ц,собите ~20ц. Почне ли да држи минус подолго време почнува ладно да станува со ~18ц по собите и 20-21ц во салонот! Се уклучува ТА во едната соба(обично само ја акумулираме без да ја дуваме) и до кај -7,-8ц одржува темп!
Страшно зимо како пред три години! Ни ТА не помага! На -12,-15ц се затвора едната соба минус 16м2! Другите 16м2 ги грее ТА,и се спие во салонот каде и ќумбе ложено како парна локомотива се мачи да згрее 30-на квадрати!
И идат на форум и викаат ја со една клима греам цела куќа?!?
...епа и ја другови! Ама кога е надвор +5,+10ц! Останато е прикаски за мали деца...