- Член од
- 27 јули 2020
- Мислења
- 344
- Поени од реакции
- 567
- Возраст
- 63
Ќе пишам за некои работи од лично искуство.
Зошто сум убеден дека мојот модел клима е добар.
За задоволни корисници едни со Јапонски, други со Кинески модели.
Мојот Панасоник 12 инвертер од 2004 -та догрева и лади простор од 35 + 15 м2 стан со градско парно каде е најчесто 19 степени, јас го догревам 21-22ц дење, 19 ноќе.
Летно време ладам по 12 часа на 23-22ц.
Значи задоволен сум бидејки овие потреби овој модел ги остварува еве 16 години.
Има 5 брзини на внатрешна плус аутофан и секоја од овие може да се постави во тивок режим, така да имам можност да си најдам соодветен режим и конфорен и ефикасен.
Поставена е на средина од ѕид од 9 метри, дува во спротивен ѕид од 3,5 м. Кога седиме В.Е. никогаш не дува во нас така да секогаш индиректно не грее и лади. Зничи звукот и воздухот од В.Е. не ни смета.
Надворешната единица е поставена на страничен ѕид од балкон и поседува "полжавест" тип на компресор. Нити сум ја чул нити осетил кога работи, дури и "дефростот" го гледам по В.Е. а не го осеќам.
Принципот на работа е вистински "инвертерски" , онака како што во секој рекламен матерјал и се рекламира инвертер. Кога се пушта, во зависност од поставената температура на даљинското и разликата на температура во соба и даљинско, почнува постепено да зголемува потрошувачка- брзина на компресор, 1200-2000вати, за да се стабилизира по неколку минути на 850- 950 и да работи со прекини додека не ја стабилизира температурата во просторот. После тоа без разлика во која брзина е поставена на даљинско, сама се подесува да дува обично 1-ва брзина со 270-290 вати.
Ако ја поставам на ауто фан сама ја одредува брзината ама температурата на воздухот кај крилцата, во одржување , е околу 32-34. Ако ја покачам температурата на даљинското за 5-6 степени, покачува на 1000-1100вати ама дува сега со 50-52ц.
Температурата во просторот ја одржува во точност од +- 0,5 степени, мерено на 50 цм од под дијагонално на 4 метра од В.Е..
Значи доволно моќна за мои услови, прецизна, добра електроника за "интелигентно" да "модулира" према условите, многу правилно монтирана и позиционирана и В.Е. и Н.Е., добар производ, долговечна.
За мене и повеќе од доволно .
За второто Јапонска - Кинеска.
Моите роднини имаат Хансол и Хјундаи.
Хјундаито работи со исклучување, не работи како вистински инвертер, ама луѓето ги топли, задоволни се, не мерат, не трчаат околу климата. Поставена е 25-26 и крај. Дури и јас кога сум таму со часови, не и фаќам маани. Приметувам дека ја слушам кога пали-гаси, ама за во дневна не ми смета. За спална е веќе друга дискусија.
Другите роднини со Хансол исто се многу задоволни. Дали работи во нивниот простор како прав инвертер сеуште не знам. Постари се не можам да добијам правилен податок. Знам само дека на " i feel" не сакаат така да им работи, сакаат на 4-5 брзина да им дува. Само со температурата ја контролораат климата.
Сакав да објаснам дека има корисници кои сакаат климата да им работи како швајцарски компјутер, а има корисници кои сакаат да се затоплат со третина цена .
И едните и другите се во право, и за едни и други има модели, само треба правилно да се одбере.
Купувајте со солидно предзнаење.

И не е единствен што чуда пријавува на форумов!