Најекономично греење (затоплување)

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.202
Пелети се пресувани дрвени одпадоци. За наши услови се многу скапи, цената им је преку 200 евра за тон. За споредба 2,5 кубици огревно дрво имаат маса околу еден тон а чинат помалку од 10 000 денари.
зависи , се покажаја многу поволни каде се греат на индустриска струја.
во просек печка од 8 кв троши една вреќа на ден. вреќата е 15 килограми. во една палета имаш 75 вреќи. цената е различна но се движи околу 200 денари вреќа.пелетите се правени претежно од бука или мешавина на бука и даб. по правило треба да се од одпадот од дрвата, но тие кај нас не се. едноставно го дробат дрвото па потоа го пресуваат.
8 кв се сосем доволни за просторија од 60 м2.
мани има неколку, прво дека печката е скапа, има пепел ( не толку ама има) ,потребно е одвреме на време чистење онака потемелно.
многу е битно тој што ке ти ја монтира да знае што прави. оџак во класична смисла не треба, но е потребен издувен отвор( дупка во ѕидот ако немаш веќе каде).
предности и се што си подесуваш температура колку ти што сакаш, сама се пали, можеш и да ја штеловаш во одреден ден во денот сама да се запали и изгасни, а некои модели имаат и можност преку мобилен да ја уклучиш. многу е добра ако поголем дел од денот не сте дома, попрактична во секој случај.
и да топли како будала.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
како функционира ова со тајмериве? се купува некој додаток на конвекторот или? сакам да наместам да се пали отсабајле околу 5 до 7 да ми ја згрее собата пред да станам од спиење.
навистина и мене ме интересира за тајмери, малку надвор од темата, ама многу корисно за греењето.... каде ги има, дали е тоа добра работа, колку чинат....
Во Веро мислам дека имаат само едни, Бауер, ако ти значи нешто... :)
Дали би имало голема разлика во бренд, земајќи во предвид дека технологијава не е нешто сложена, а цената
Кинеско : Француско = 2:3
Не, не сум чул за конвектори Bauer, ми звучи името Германски!? А што се однесува до дилемата Кинески или Француски.... да ти кажам ако беше разликата во цена 1:2, не би размислувал би купил Кинески, ама како велиш 2:3 ... !? Многу е дискутабилно дали вреди за кинески конвектор да дадеш 3,500 кога оригинал француски Thermor имаш за 5,000! Јас реков и погоре, користам веќе ова трета сезона од француските од 2 kW и сум задоволен и од потрошувачката и од квалитетот на греењето. А да кажам и тоа дека го користам во Октомври и Март повремено, само преку ден, додека од Ноември до крајот на Февруари скоро нон-стоп вклучен 24/7.... преку ден на 6- 6,5, а преку ноќ (бидејки спијам во истата соба) на 5 или 5,5... при што температурата во дење не паѓа под 22*Ц ноќе од 18.... просторија од 14м2 просечно изолирана во зграда....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
зависи , се покажаја многу поволни каде се греат на индустриска струја.
во просек печка од 8 кв троши една вреќа на ден. вреќата е 15 килограми. во една палета имаш 75 вреќи. цената е различна но се движи околу 200 денари вреќа.пелетите се правени претежно од бука или мешавина на бука и даб. по правило треба да се од одпадот од дрвата, но тие кај нас не се. едноставно го дробат дрвото па потоа го пресуваат.
8 кв се сосем доволни за просторија од 60 м2.
мани има неколку, прво дека печката е скапа, има пепел ( не толку ама има) ,потребно е одвреме на време чистење онака потемелно.
многу е битно тој што ке ти ја монтира да знае што прави. оџак во класична смисла не треба, но е потребен издувен отвор( дупка во ѕидот ако немаш веќе каде).
предности и се што си подесуваш температура колку ти што сакаш, сама се пали, можеш и да ја штеловаш во одреден ден во денот сама да се запали и изгасни, а некои модели имаат и можност преку мобилен да ја уклучиш. многу е добра ако поголем дел од денот не сте дома, попрактична во секој случај.
и да топли како будала.
Има една друга работа што не ми е позната - степенот на корисно дејсто.
На нашиот пазар, воопшто нема квалитетни печки на цврсто гориво. Јас сум гледал по дуќаните и најдов само една печка која не е сосема добра, но личи на нешто. Тоа беше печка од лиено железо - трајно жаречка. Но печки со конролиран влез на воздух, со палење на огнот одозгора, термоакумулациони печки на дрва и други работи што го зголемуваат степенот на корисно дејство на печките на дрва воопшто нема. Камините, кои се нудат се само убави играчки.
За жал ниеден трговец не се потрудил да понуди квалитетни печки.
Печките кои се нудат имаат степен на полезно дејство помал од 30%. А модерните печки треба да имаат барем 60% и повеќе. Тука може да се бара економската оправданост за користење на печки со пелете. Но за ова треба да се пресмета и оцени економската исплативост, бидејќи и печките на пелете се многу скапи. Тоа до сега не сум го направил.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
14
Поени од реакции
2
Здраво, на сите.

Бидејќи и јас сум заинтересиран за ваков котел на пелети, некое време следев на интернет, по продавници а пред една недела и на саемот "Технома", таму имаше повеќе модели на камини и котли на пелети. Цените на котлите се движеа од 58.000 ден. па нагоре зависно од снагата и производителот. (во просек од 1500 до 2000 Евра)
Цената на 1t пелети се движи од 160 до 220 евра, зависно од квалитетот. (во продажба се наоѓаат во кеси од 15 кг. за 180 до 210 ден.) На запад има ктегоризација на квалитетот и сертификат за составот, процент на влага, содржина на пепел и др. но овде ме може да бираш, секој увозник ти нуди различни палети и тоа е тоа.
Еве еден линк каде има повеќе опишано за карактеристиките на пелетите, http://www.seso.com.mk/pages/za-peleti.php
тука е наведено дека:
"Просечен камин на пелети има ефикасност за согорување до 85%"
Тоа значи дека се доста ефикасни, само бидејќи кај нас се нови и нема некое искуство за потрошувачка. Познавам неколку луѓе кои ги користат една сезона и се генерално задоволни, трошеле малку повеќе од колку за дрва но се многу по лесни за работа (нема дрва, сечење, цепење, редење, па ложење 2-3 пати денот и др.)
Котлите на пелети имаат резервоари за пелетите кои собираат од 80 кг. и повеќе при што се полнат ендаш на 5-6 дена зависно од потрошувачката. и чистење на пепел барем еднаш неделно.
Останува прашањето како да одбериш добар котел ?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.202
Има една друга работа што не ми е позната - степенот на корисно дејсто.
На нашиот пазар, воопшто нема квалитетни печки на цврсто гориво. Јас сум гледал по дуќаните и најдов само една печка која не е сосема добра, но личи на нешто. Тоа беше печка од лиено железо - трајно жаречка. Но печки со конролиран влез на воздух, со палење на огнот одозгора, термоакумулациони печки на дрва и други работи што го зголемуваат степенот на корисно дејство на печките на дрва воопшто нема. Камините, кои се нудат се само убави играчки.
За жал ниеден трговец не се потрудил да понуди квалитетни печки.
Печките кои се нудат имаат степен на полезно дејство помал од 30%. А модерните печки треба да имаат барем 60% и повеќе. Тука може да се бара економската оправданост за користење на печки со пелете. Но за ова треба да се пресмета и оцени економската исплативост, бидејќи и печките на пелете се многу скапи. Тоа до сега не сум го направил.
незнам од кај ги вадиш информациите или онака од ракав.
има кај нас добри печки и добри производители на истите.
за гусените добри се од славонска пожега ( освем франклин), значи амити упланд и така нешто. за готвење исто така добри се пламен 850 и неговите вариации( исто така гусен), и алфа плам кој зависи од моделот има и гусени има од со тула. генерално на гусените искористеноста им се движи до кај 35% .
или ако одиме со ред
отворен камин искористеност 10%
постари модели на камини ( рустик, франклин, амити) од гус 35%
поновите камини од челик со епа стандарди до кај 50 %
поновите камини со секундарно согорување ( мислам дека епа2 стандард) се до кај 70 %
печки на пелети до кај 90%
сега ако одиме за големите котли за парно имаше едни на пиролиза со голем степен на искористеност вајсман мислам ека беа, ама за нив не сум многу запознаен како се покажаја, ама исто како и на печките на пелети многу е битно монтажата и штеловањето од кои најнмогу им зависи и потрошувачката. можам да ти ја штеловам печката на пелети да ти троши со искоритеност 10 % и да вадиш пепел на секој 2 сати !!
значи сума сумарум ако сакате на дрва има камини за пристојна цена кои се сосем добри и со ништо не заостануваат од тие на запад. ако сакате нешто екстра модерно екстра модерно и ке си платите, за екста ефтино може и со ќумбе обично да поминете.
колку пари толку музика рекле старите.
--- надополнето: Oct 27, 2011 8:59 AM ---
тука е наведено дека:
"Просечен камин на пелети има ефикасност за согорување до 85%"
Тоа значи дека се доста ефикасни, само бидејќи кај нас се нови и нема некое искуство за потрошувачка. Познавам неколку луѓе кои ги користат една сезона и се генерално задоволни, трошеле малку повеќе од колку за дрва но се многу по лесни за работа (нема дрва, сечење, цепење, редење, па ложење 2-3 пати денот и др.)
Котлите на пелети имаат резервоари за пелетите кои собираат од 80 кг. и повеќе при што се полнат ендаш на 5-6 дена зависно од потрошувачката. и чистење на пепел барем еднаш неделно.
Останува прашањето како да одбериш добар котел ?
не наседнувај многу на рекламите.
искористеноста им е висока , но потошувачката зависи од многу фактори како на пример пелетите квалитетот, просторијата која ја затоплуваш, изолацијата на просторијата и штеловањето.
обичните печки на пелети што се до кај 8 кв трошат во просек 1 вреќичка денот( за цел ден горење). сега ако не ја гориш нема ич да потроши нели!!
каква ке земиш. па ке земиш онаква која најмногу ти одговара спрема просторијата која планираш да ја затоплуваш. ке имаш во предвид 1 кв ти се 7 квадрати ако таванот ти е 2.60 метра, било да се работи за на пелети или на дрва.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Некој совет како алтернатива за парново греење. Се граем на Топлификација, но само да помине
оваа сезона дефинитивно ги откачуваме, само ги зголемуваат цените.
Инаку живеам во зграда, во едната соба имам клима обична БЕКО, мислам дека грее до -5 степени надворешна температура. За греење во најладните месеци што да земам, некоја електрична греалка, конвектор, електричен радијатор?
Другата соба и кујната се поврзани, би можел да ги греам со некој инвертер двете, или да земам и за нив
обична клима а во најладните месеци да догревам.
Ме интересира и за бањата, што е најдобро за таму? Нема потреба постојано да се грее, но кога е потребно брзо да биде затоплена?
 
Што и да направиш се е подобро и поефтино од Топлификација.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Некој совет како алтернатива за парново греење. Се граем на Топлификација, но само да помине
оваа сезона дефинитивно ги откачуваме, само ги зголемуваат цените.
Инаку живеам во зграда, во едната соба имам клима обична БЕКО, мислам дека грее до -5 степени надворешна температура. За греење во најладните месеци што да земам, некоја електрична греалка, конвектор, електричен радијатор?
Другата соба и кујната се поврзани, би можел да ги греам со некој инвертер двете, или да земам и за нив
обична клима а во најладните месеци да догревам.
Ме интересира и за бањата, што е најдобро за таму? Нема потреба постојано да се грее, но кога е потребно брзо да биде затоплена?
Toплификација батали ја (ама во август, пошо од тогаш им почнува нова грејна сезона :tapp:).
Сличен проблем имавме и ние. Со тоа што дома беше камен ладно, а ни тврдеа од топлификација дека е се во ред со парното. Не убедуваа дека дошле во станот и поставиле мерачи за топлина и се било во ред, а замисли такво нешто немаше, освен ако не се духови. После и не убедуваа дека ги миеле радијаторите-драпај си таквото, еден вработен од топлификација не се појави, ама ние си ги плаќавме сметките како за врели радијатори, а тие беа млаки. Се догревавме со клима/греалки, што е плус трошок и за струја. Пред три години пукна филмот и го исклучивме парното, а замисли тогаш ни кажаа дека на комшиката над нас веќе подолг период и било исклучено парното и може ради тоа да ни било ладно. :tapp:
Ни кажаа и дека треба да ни намалат од сметките поради тоа шо комшиката го исклучила парното или да ни вратат пари. Арно ама еве, три години си чекаме и ништо. Лани со греалки се греевме, цел стан беше топол и највисоката сметка за струја беше 6000 денари.
Оваа година си ги сменивме и прозорите и ставивме конвектори, еве уште малку месец дена како ги користиме, ама задоволни сме...стварно топлат кога сакаш ти и колкава температура ти е доволна, а не до 21:30 h.
Само да знаеш дека и изолацијата игра голема улога во затоплувањето.
Ако имаш стари прозори, смени ги. Ќе осетиш разлика и зимно време и летно :pipi:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Некој совет како алтернатива за парново греење. Се граем на Топлификација, но само да помине
оваа сезона дефинитивно ги откачуваме, само ги зголемуваат цените.
Инаку живеам во зграда, во едната соба имам клима обична БЕКО, мислам дека грее до -5 степени надворешна температура. За греење во најладните месеци што да земам, некоја електрична греалка, конвектор, електричен радијатор?
Другата соба и кујната се поврзани, би можел да ги греам со некој инвертер двете, или да земам и за нив
обична клима а во најладните месеци да догревам.
Ме интересира и за бањата, што е најдобро за таму? Нема потреба постојано да се грее, но кога е потребно брзо да биде затоплена?
Мислам дека со Инвертер од 3.5 ќе го решиш прашањето за кујна и дневна, плус ќе заштедиш на долгорочен план.
За бањата би ти препорачал подвижен конвектор, по потреба ќе го носиш таму или пак во спална.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
незнам од кај ги вадиш информациите или онака од ракав.
има кај нас добри печки и добри производители на истите.
за гусените добри се од славонска пожега ( освем франклин), значи амити упланд и така нешто. за готвење исто така добри се пламен 850 и неговите вариации( исто така гусен), и алфа плам кој зависи од моделот има и гусени има од со тула. генерално на гусените искористеноста им се движи до кај 35% .
или ако одиме со ред
отворен камин искористеност 10%
постари модели на камини ( рустик, франклин, амити) од гус 35%
поновите камини од челик со епа стандарди до кај 50 %
поновите камини со секундарно согорување ( мислам дека епа2 стандард) се до кај 70 %
печки на пелети до кај 90%
сега ако одиме за големите котли за парно имаше едни на пиролиза со голем степен на искористеност вајсман мислам ека беа, ама за нив не сум многу запознаен како се покажаја, ама исто како и на печките на пелети многу е битно монтажата и штеловањето од кои најнмогу им зависи и потрошувачката. можам да ти ја штеловам печката на пелети да ти троши со искоритеност 10 % и да вадиш пепел на секој 2 сати !!
значи сума сумарум ако сакате на дрва има камини за пристојна цена кои се сосем добри и со ништо не заостануваат од тие на запад. ако сакате нешто екстра модерно екстра модерно и ке си платите, за екста ефтино може и со ќумбе обично да поминете.
колку пари толку музика рекле старите.
--- надополнето: Oct 27, 2011 8:59 AM ---

не наседнувај многу на рекламите.
искористеноста им е висока , но потошувачката зависи од многу фактори како на пример пелетите квалитетот, просторијата која ја затоплуваш, изолацијата на просторијата и штеловањето.
обичните печки на пелети што се до кај 8 кв трошат во просек 1 вреќичка денот( за цел ден горење). сега ако не ја гориш нема ич да потроши нели!!
каква ке земиш. па ке земиш онаква која најмногу ти одговара спрема просторијата која планираш да ја затоплуваш. ке имаш во предвид 1 кв ти се 7 квадрати ако таванот ти е 2.60 метра, било да се работи за на пелети или на дрва.
Единствено се сложувам со тебе, дека за добра печка на дрва треба добро да се плати и дека нетреба да се жалат пари.
За податоците за степенот на корисно дејство сум резервиран. Ако за некоја се вели дека троши 6 литри на 100 км. тоа значи дека под одредени услови ќе потроши толку, исто е за ЕП стандардите. Но овој податок е важен ако се споредуваат повеќе типови печки
Едната од добрите печки кои ги видов е тип кој ти ги наброја.
Степен на корисно искористување на горивото од 90% нема ниту РЕК Битола а таму за тоа се грижат инженери опремени со лабаратории и што ти не.
Јас го поставувам следново прашање: Дали е поефтино да ние дома користиме цврсто гориво или да му го тоа „препуштиме“ на РЕК ( бидејќи тие имаат можноста за поголем степен на искористување ), а да ние користиме за загревање електрична енергија ? Моите анализи покажуваат дека е поефтино второто ако користиме топлотна пумпа ( клима уред ).
Ме интересира твоето мислење?
 
искрено немам искуство со климите, а мене лично ми пречи она нивно брмчење, да не речам на нерви ми оди. сега за одржување или такви работи незнам што како, другите тука имаат поголемо
искуство.
за рек можеби имаат искористеност од 90% како што рече, ете ке те држам за збор но тоа нема баш некоја врска со цената на струјата. климите се покажаја како најекономични во тој поглед , а и ке го земиме фактот дека последните неколку години беа благи во споредба со порано( посебно ке ја земам тука битола).
ако падни на -20 како што си знае тука незнам баш колку ке бидат ефикасни , ама за преоден период како овај се сосем доволни.
друга работа е централното греење како најчист начин на греење без многу интервенции и заебанции во споредба со другите типови на греење, но исто така е битно од каде ја добиваш топлината на водата. ако е со струја тоа е наједноставно и најскапо, со дрва или јаглен најевтино но најзаморно. не ги земам тука другите начини на затоплување на водата со струја како КАНО системите пошто не сум доволно запознаен со истите а и има некој тука кој многу подобро од прва рака ке ви ги објасни. за она класично централно греење од топлификација немам зборови:tapp:.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Пак проблем со мене, изгледа не можам да се навикнам на нашиве навики. Му пратив и мејл на момците од Климатик и ми одговорија дека моделот Midea MSG-12HRDN1 чини 42,000 денари со вклучен ДДВ со цена на попуст.
Чисто информативно отидов да проверам за да видам како се движат цените кај братучедите на исток и за малку се шокирав истиот модел чини 699 лева или 22,000 денари.

http://www.aircon-systems.com/inverters/240-msg-12hrdn1
http://www.midea-bg.com/en/products/air_conditioners_inverter/msg_12_hrdn1/

Кај душманиве од југ цените се од 413 со 462 евра за истиот модел.

http://www.skroutz.gr/s/49484/Midea-MSG-12HRDN1.html

Дали некој има идеја како се цариниве за клима уредите и носењето овде?
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
ако падни на -20 како што си знае тука незнам баш колку ке бидат ефикасни , ама за преоден период како овај се сосем доволни.
Само еднаш има паднато на минус 20 во мојот живот, попукаа сите цевки за вода во скопје и умреа десетина луѓе. Ние сме медитеранска земја, порано имало повеќе снег, но никогаш не се сеќавам дека имало зими со минус 20.
п.с. А и да има зима со минус 20, мислиш дека топлификација нема да ја зголеми цената? Веќе ја зголемија за девет проценти месецов.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.202
Само еднаш има паднато на минус 20 во мојот живот, попукаа сите цевки за вода во скопје и умреа десетина луѓе. Ние сме медитеранска земја, порано имало повеќе снег, но никогаш не се сеќавам дека имало зими со минус 20.
п.с. А и да има зима со минус 20, мислиш дека топлификација нема да ја зголеми цената? Веќе ја зголемија за девет проценти месецов.
во мојот живот само неколку пати зимите биле благи ама во битола, во просек биле -15, а памтам и кога ја фаќале и -30.
да не се разбериме погрешно , и јас сметам дека од топлификација цените се скапи.си збораме за начини на греење и јас си кажав мое мислење во врска со климите а и знам неколку пријатели мои кои исто така сметале дека ке ја поминат зимата со клими ,ама на крај сепак ги користат само во преоден период. тука кога ке стегни ладното стега, пингвините за чај со рум чекаат на ред.
п.с македонија има континентална клима освем во гевгелија , валандово струмица каде има медитеранска , тоа од солунско поле делот кој го држиме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom