Најекономично греење (затоплување)

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Абе само плачат скапо било глеењето на топлификација. Скапо е ама кога ќе станеш ти е топло не идеш да цепиш распалци да чистиш оџаци пепел и триста глупости.

еве колку е поефтино јас дома има исто парно сопствено на дрва торшам 700 евра за дрва тоа кога ке поделиш се добиба 3558 денари месецно, знаци само дрвата купени плус 150 денари за да ти ги исече некој па чепенје па носење па редење па на секој пола саат- саат да идеш да ставаиш дрва да не изгасне или се вракаш од работа изгаснал надвор - 5 ти треба да палиш огин и триста други заебанции.
Нека проба некој па нека плаце после по топлана и по 5000 ке плаќа ако треба.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146

A ти дома го исклучуваш парното во 21:30?
Да грееше топлификација ко шо треба, немаше луѓето да се жалат и да го исклучуваат. Лесно е да коментираш шо ќе ти падне на памет, ама оди кај некој шо има проблем со парно греење да се стоплиш на - 5 т.е да ги гушнеш ладните радијатори, а цреповите да те убедуваат дека ти е топ греењето.:tapp:
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.862
Веќе 3та година сум на парно на гас, коска е, 40 степени низ куќа, поврзано со бојлер, така да струјата воопшто и не се осеќа (во сметки).
Прва лига што да кажам освен, масовна гасификација! :icon_mrgr: И најбитното, сумите на сметките се смешни, така да кој е во можност нека стави, јас имам само пофални зборови. И уште побитното е што не плаќам парно кога не е парна сезона ou yeah babe!
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
14
Поени од реакции
2

Одлично, ајде малку појасни, каква опрема имаш инсталирано:
- коклава површина грееш
- котел, коклава снага
- цистерна голема, мала колку литри (кг)
- достава на гас ?
- или мали стрндардни боци што се менуваат со полни на бензиска.
- регулацијата на температурата е со собен термостат ?
ако имаш прати адреса, телефон, web, кој монтира такви системи.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Сета таа убавина ако не се лажам за 38,000 Денари + монтажа? Ми се чини дека е многу подобра инвестиција од LG-то инвертор што го продава Нептун, кој пак е поевтин 100 Евра но со послаби перформанси ... . Не си згрешил воопшто!
Околу 42000 се комплет, летоска во горештините. Како што пишав во претходниот пост, овој беше најповолен однос цена/перформанси, инаку немам некој слеп афинитет кон оваа марка или кон било која друга.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.862
Одлично, ајде малку појасни, каква опрема имаш инсталирано:
- коклава површина грееш
- котел, коклава снага
- цистерна голема, мала колку литри (кг)
- достава на гас ?
- или мали стрндардни боци што се менуваат со полни на бензиска.
- регулацијата на температурата е со собен термостат ?
ако имаш прати адреса, телефон, web, кој монтира такви системи.
Има инсталирано голем котел под самата куќа (во подрум нормално). Тој е поврзан со гасот што го испушта железара и така целава населба се грее и плаќа ефтина струја 20-30 години. Може и јас не се објаснив убаво, ама парнава се инсталирани по куќиве уште на времето, и моментално ова е најекономичен начин да заштедиш на греење и општо на струја, само не знам дали е застапено во сите населби, сега за сега од рекла казала муабети, дознав дека има и во маџари. Ова на некој начин му доаѓа во стилот купив куќа со економично греење :icon_mrgr:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
навистина и мене ме интересира за тајмери, малку надвор од темата, ама многу корисно за греењето.... каде ги има, дали е тоа добра работа, колку чинат....
Во принцип, постојат два типа, механички и дигитални.
Механичките имаат едно тркалце кое се врти со стрелка која го покажува часот на периметарот каде се забележани часовите од 0-24 и минијатурни преклопници со чие поместување всушност се означува кога да се активира тајмерот. Во зависност од тајмерот, може да се на 15, 30 или 60 минути. Многу е битно да има прекидач за вклучено/исклучено/тајмер, значи да може веднаш да се вклучи и кога не е испрограмиран или да се исклучи и кога е програмиран. Најпростите модели имаат поголема резолуција на периодот (30 или 60 мин) и немаат ваков прекидач.
Дигиталните се со дисплеј и овозможуваат програмирање за повеќе денови различни програми, посебно за работен ден посебно за викенд, еднократен тајмер и сите комбинации што ги овозможува микропроцесорот. Зависи од типот кои се и колку различни комбинации се можни. Исто важи и за нив за прекидачот исклучи/вклучи/тајмер.
Дигиталните се горе доле 2-3 пати поскапи од механичките. Лично мене повеќе ми одговара механичкиот, различни програми и онака не ми требаат затоа што ми треба да се вклучува секој ден од 5 до 7, а ако е потребна корекција многу едноставно и брзо се подесува, за разлика од дигиталниот каде треба многу стискање.
Најефтини се во меркур, поефтини се и од на пазар, најскапи не сум барал :)
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Абе само плачат скапо било глеењето на топлификација. Скапо е ама кога ќе станеш ти е топло не идеш да цепиш распалци да чистиш оџаци пепел и триста глупости.

еве колку е поефтино јас дома има исто парно сопствено на дрва торшам 700 евра за дрва тоа кога ке поделиш се добиба 3558 денари месецно, знаци само дрвата купени плус 150 денари за да ти ги исече некој па чепенје па носење па редење па на секој пола саат- саат да идеш да ставаиш дрва да не изгасне или се вракаш од работа изгаснал надвор - 5 ти треба да палиш огин и триста други заебанции.
Нека проба некој па нека плаце после по топлана и по 5000 ке плаќа ако треба.
Брат, од тука гледам дека работиш во топлификација.
 
Член од
31 март 2006
Мислења
4
Поени од реакции
2
Пак проблем со мене, изгледа не можам да се навикнам на нашиве навики. Му пратив и мејл на момците од Климатик и ми одговорија дека моделот Midea MSG-12HRDN1 чини 42,000 денари со вклучен ДДВ со цена на попуст.
Чисто информативно отидов да проверам за да видам како се движат цените кај братучедите на исток и за малку се шокирав истиот модел чини 699 лева или 22,000 денари.

http://www.aircon-systems.com/inverters/240-msg-12hrdn1
http://www.midea-bg.com/en/products/air_conditioners_inverter/msg_12_hrdn1/

Кај душманиве од југ цените се од 413 со 462 евра за истиот модел.

http://www.skroutz.gr/s/49484/Midea-MSG-12HRDN1.html

Дали некој има идеја како се цариниве за клима уредите и носењето овде?
Во Битола Midea MSR-18HRDN1 е 32-33 000 ден и нормално со "попуст" за во готово мозиш да го земис за 30 000
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Брат, од тука гледам дека работиш во топлификација.
Мислиш не работи... Во Топлификација никој ништо не работи. Да работеа нема да беа на оваа дереџе. Светот, за затоплување одамна користи геотермална енергија, сончева енергија, дрвени одпадоци, био маса и тн.
Наместо тоа, тие гледаат од дивидендите и акциите да си купат уште некое станче.
 
moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Додека живеев во стан се топлевме со парно и навистина беше многу топло ама и сметките беа високи. Еве веќе 4 години живеам во куќа и се топлиме со конвектори (француските) топло е - пеколно, како некој сипаници да лечи. OK, кога не е многу ладно се грееме со климите. Баба ми и дедо ми бидејќи останаа во станот се грееа со парно, но од проста причина што за 2ца не им се исплатеше да плаќаат толкави сметки, а во 21 и 30 веќе беше мраз ладно, решија да го исклучат парното и да си се грејат и они со конвектори. И искрено со конвекторите е многу убаво, зошто сам си регулираш температурата, кога сакаш си уклучуваш/исклучуваш а сметките се каде каде помали. Е сега како што имаат спомнато, доста голема улога е и изолацијата. На пр. еве кај мене стриктно, нова куќа е, јака изолација ... па и многу брзо се затоплува. Моиве се доста задоволни од конвекториве и многу добо се покажуваат сега за сега. :)
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Дрва! Ем се грееш ем се мрцвариш ем се чадиш.
Бенефиција: атлетски обликувано тело од цепење и носење + гратис кварцање од чадот...да знаат ова крофниве што идат по третмани и салони ќе се преориентираат на цепење:pos:
Ако имаш куќа и некој кеш на страна, направи си комбинација од соларни панели на кров, плус котел на гас во подрум. Ем петно ем зимно време ќе штедиш струја , плус нема да зависиш од никого.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
ЛДП ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ПРОТИВ ПОСКАПУВАЊЕТО НА ПАРНОТО

Незадоволство и револт од новото поскапување на парното, трето од почетокот на годината. Се поголем број граѓани одлучуваат да се откажат од услугите на Топлификација и да се греат на струја или други извори на енергија. Регулаторната комисија за енергетика ја официјализираше одлуката, според која ноемвриските и декемвриските сметки ќе бидат повисоки за 8,42 отсто за корисниците на Топлификација и 13,29 отсто за коризниците на Скопје Север. При тоа можно е и ново поскапување на парното греење по Нова година. Од Либерално демократската партија денеска доставија жалба до Комисијата за жалби од областа на енергетиката, со која бараат да се укине последната одлука за поскапување на парното. Од партијата со став дека зголемувањето на цената на парното за 15 отсто од почетокот на годината е неосновано.
- Очекуваме граѓаните да ни се придружат и да реагираат за оваа одлука на РКЕ, а членовите на Комисијата за жалби, кои земаат плата од парите на граѓаните т.е. од буџетот, да ги надминат партиските интереси и да донесат одлука во корист на граѓаните, изјави Роза Топузова – Каревска, члена на ИО на ЛДП.
Од Топлификација денеска не сакаа да ја коментираат одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и да објаснат зошто инсистираат на зголемување на цената, во ситуација кога се поголем број граѓани се откажуваат од нивните услуги. Нивното единствено објаснување е дека поскапувањето се должи на зголемената цена на природниот гас во последното тримесечје. Последното поскапување на парното беше во месец август. Тогаш од Регулаторната комисија за енергетика објаснија дека тоа во голема мера се должи на намалениот број потрошувачи на Топлификација.
http://www.telma.mk/index.php?task=content&cat=&rub=15&item=11839

Топлификација и регулаторна комисија се поврзани како црева. Жал ми е што не ги откачивме на време, сега мора да чекам да помине грејната сезона. Денес и поплава имав, пукнала цевка во зградата од нивната скапана праисториска инсталација. А они елегантно прогласија дека внатрешните инсталации не се нивни, а порано спрема кажувањето на моите грижата за внатрешните инсталации била на Топлификација, сега единствено што работат е да ги пуштат котлите и да собираат пари.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да ве прашам нешто може некој знае. Имаме вградено ќумци за издувни гасови на печка со палети, е сега тие ќумци се многу блиску до вратата и развиваат голема темература. До колку степени може да издржи вратата (пвц) знае ли некој? И дали може да се оштети од оваа температура?
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Околу 60/70 степени....над тоа ќе дојде до деформација...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom