Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
На ова време не постигнува да изгаси, користи 700w за да одржува температура. Гасеше кога беше 15 степени надвор.
Не знам што да ти кажам или имаш огромни топлински загуби, или нешто климата не е во ред.Некој спомна да пробаш со греалка на пр. и да видиш со колку kw ќе одржуваш температура.Откако ќе ги знаеш топлинските загуби полесно ќе го лоцираш проблемот.[DOUBLEPOST=1512754247][/DOUBLEPOST]
Не е страшно, има 6 месеци гаранција! Ќе го сменам, ама се наострив да ја следам потрошувачката на оптеретена 3,5 Даикин во 50 м2.
Уфф добар предизвик :)
 
.[DOUBLEPOST=1512754247][/DOUBLEPOST]
Уфф добар предизвик :)
Нее, не мислам јас да останам на него ! Он сиромавиот беше купен за ладење ама к 'сметот му отиде на друга страна;).
Сега сум у план да го појачам со постар брат од фамилијата на Mitcubishi SF50 ама едно ми мути памет , истата иако номинално има скоро исти карактеристики со EF серијата е за 400 евра поевтина овде кај нас, додека во Јунанистан е иста цена, евро горе доле. Ме јаде јанѕа во што е штосот?
Иначе си дошол како кец на десетка со никот, во ова штосот :pos:.
Имаше во наше време една , кога ќе прашаат во што е штосот?
Штосот е у Перо а Перо е на војска, кога ќе дојде ќе ви го каже штосот:).
 
Последно уредено:
@џимеј тешко дека ќе ти текне ама ми го препорача Носферату уште пред десетина години, ако ми веруваш, два компјутери и лаптоп сменив од тогаш и на сите нив ми седи на ХДД и го репризирам од време на време. Еве добро ме потсети, ќе си го пуштам утре или вечер ако не се тапаносам со пиво :D баш како што рече ти, зачудувачки е како во 1922 се имало појак сенс за некои работи отколку денес.
 
Не знам што да ти кажам или имаш огромни топлински загуби, или нешто климата не е во ред.Некој спомна да пробаш со греалка на пр. и да видиш со колку kw ќе одржуваш температура.Откако ќе ги знаеш топлинските загуби полесно ќе го лоцираш проблемот.[DOUBLEPOST=1512754247][/DOUBLEPOST]
Уфф добар предизвик :)
во ред си е климата, само проблемот е кај него, што сака 25с.
90% од луѓето што се греат на клими држат 20-21с, ако јадат трици дека им е 23-24, не верувајте им многу. Нека ја намали климата на 20-21 ќе видиш каква потрошувачка ќе има, сигурно не повеќе од 400W
 
Не ме израдува многу , после 15 мин. ништо не покажуваше!
Остави го преку цела вечер и поврзи некој уред кој цело време влечи енергија, така да цела вечер преку него има проток на енергија. Колку што знам овие мерачи немаат батерии туку само поголем кондензатор.

Не знам што да ти кажам или имаш огромни топлински загуби, или нешто климата не е во ред.
Па јас мислам дека е ова второто. Се работи за 16м2, колкави и да се топлотните загуби, а мислам дека не се големи, ако не лажам имаше релативно добри ПВЦ прозори и мислам дека имаше и стаклена волна на кровот не треба да биди проблем да загрее економично.
во ред си е климата, само проблемот е кај него, што сака 25с
Добро и да сака 25 кај него не би требало да е проблем. Луѓето ако не лажат овдека на форумов греат дупло поголеми површини, и со помала изолација, и со помала потрошувачка.
 
во ред си е климата, само проблемот е кај него, што сака 25с.
90% од луѓето што се греат на клими држат 20-21с, ако јадат трици дека им е 23-24, не верувајте им многу. Нека ја намали климата на 20-21 ќе видиш каква потрошувачка ќе има, сигурно не повеќе од 400W
Или јас сум у другите 10% или не е така како што велиш.Моментално е 23,5Ц и потрошувачка 640W, со тоа што денес долго време беше отворена вратата од терасата па треба време да надокнади.На овие температури обично е околу 500W.Ако не веруваш кога ќе те носи патот накај Скопје бујрум на ж'та и салата се разбира, да те разубедам :)[DOUBLEPOST=1512765498][/DOUBLEPOST]
Нее, не мислам јас да останам на него ! Он сиромавиот беше купен за ладење ама к 'сметот му отиде на друга страна;).
Сега сум у план да го појачам со постар брат од фамилијата на Mitcubishi SF50 ама едно ми мути памет , истата иако номинално има скоро исти карактеристики со EF серијата е за 400 евра поевтина овде кај нас, додека во Јунанистан е иста цена, евро горе доле. Ме јаде јанѕа во што е штосот?
Иначе си дошол како кец на десетка со никот, во ова штосот :pos:.
Имаше во наше време една , кога ќе прашаат во што е штосот?
Штосот е у Перо а Перо е на војска, кога ќе дојде ќе ви го каже штосот:).
Појма немам во што е штосот ама во Перо сугурно не е :D. Има поупатени на форумов може ќе одговорат.
 
Последно уредено:
во ред си е климата, само проблемот е кај него, што сака 25с.
90% од луѓето што се греат на клими држат 20-21с, ако јадат трици дека им е 23-24, не верувајте им многу. Нека ја намали климата на 20-21 ќе видиш каква потрошувачка ќе има, сигурно не повеќе од 400W
Тоа е чист доказ дека климата не е до толку ефективна ако сака некој дома да му е стоплено, а тоа 20-21 степен е долна граница на номинална температура.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Успешно стигна даисекаито од Грција. 930 еур после одбиен ддв.
Утре ќе се врши монтажа.
Прегледај го приврзокот 181461 Прегледај го приврзокот 181462 Прегледај го приврзокот 181463 Прегледај го приврзокот 181463

Уфф, друже, искрено ти љубоморам. Желба ми е Daiseikai 8 неостварена. Од каде ја зема точно и како помина на царина. И обавезно, ама обавезно да споделиш искуство.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Тоа е чист доказ дека климата не е до толку ефективна ако сака некој дома да му е стоплено, а тоа 20-21 степен е долна граница на номинална температура.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
Па нема да е сезонски COP 4, туку ќе е SCOP 3. Што е пак 3 ПАТИ поефикасно од друго греење.
 
Уфф, друже, искрено ти љубоморам. Желба ми е Daiseikai 8 неостварена. Од каде ја зема точно и како помина на царина. И обавезно, ама обавезно да споделиш искуство.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ја земав од Мега еуроникс од Лерин
Редовна цена беше 1250 еур ама Христос ми даде попуст и платив 1150 еур со се ддв. Си вратив 220 еур назад tax free.
На граница ја поминав на два пати. Прво внатрешната единица па второто одење надворешната. Ја разделив фактурата на две посебни сметки и така поминав.
 
@Che59, два такви мерачи имам и покажуваат многу прецизно. Ги зедов затоа што забележав дека мнозинството на форумот го имаат истиот и сакав да имаме исти мерни инструменти.

Топлинските загуби се големи, но ќе бидат референтни за градот Прилеп. Скоро сите куќи градени во периодот 1965-1980 се од овој тип, на два спрата со една плоча меѓу спратот и без плоча над вториот спрат, полна цигла и стандард фасада. Куќите со нова ефикасна надворешна изолација сеуште се бројат на прсти, исто така ретко кој става тервол над трската. Veka дограма има, која ја платив прилично скапо. Докупив уште 36м2 камена волна да ја наредам над другите соби викендов, па наредниот викенд да комплетирам цел спрат. Можеби 90% од живеалиштата во Прилеп се куќи и околу 50% се од овој тип. Така што сметам дека многумина ќе можат да земат за референца како се топли куќа со клима и тоа баш со овој модел.

Ја имам 27 дена и првичните импресии се дека е послаба од она што очекував, требаше да одам на појака. Можеби Хансол -30, Амбер -30, FH35VE, a најдобро Аsyg 18. Секогаш предимензионирај барем 2 пати и нема да згрешиш.

Не гледам смисла да ја ставам на 20 сетпоинт, на 23-24 степени внатре се чувствуваш пријатно, а за тоа е потребно 25 сетпоинт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom