Скопје е неспоредливо поголем град од останатите и нормално е да има „црни точки“, баш како тие што ги објавувам јас (нели, ги објавувам во насока да се средат и да биде поубаво за сите). Шупите во Маџир Маало не го прават Скопје запуштен град - тоа се стари куќи, голем број на доселеници од минатото токму од останатите градови - дел по дел ги продаваат и никнуваат згради на нивно место, кои реално се поголема грдосија од трошните куќички. Но, ова не значи дека во сите населби е нечисто и запуштено и дека градот е „нечист“. Како човек кој бил повеќе пати во овие градови кои ги наброја, мојот впечаток е дека Скопје е општо почист и со далеку подобра инфраструктура. На какви места сум бил низ Македонија, да завршам таму со место за живеење би ме фатило депресија во рок од 3 месеци... Да, Кавадарци и Битола си имаат сјајни моменти - ама најчесто се ограничени само на централните делови (2-3 улици).
А тоа со загадувањето на воздухот е горчлив проблем за кој сите сме свесни и нема долго време да се реши.
Си има свои предности и недостатоци живеењето во помалите градови, во две насоки е оваа констатација (болд), мене ми беше така кога дојдов во Скопје, т.е од место каде си имав мир и можев да завршам работа за 15 мин дојдов во џунгла каде пола ден ти оди во превоз + далеку повеќе финансии за градски превоз/возило.
Ај дури си млад е ок, да донесеш повозрасен човек од помал град во Скопје има да те колни и пцуе дури е жив.
Инаку мое мислење е дека Скопје се потсреди со инфраструктура последниве 15тина години, ако сите плукаат баш по тој период, претходно иако сум бил дете кога сум доаѓал ми изгледал далеку покрш. Иако треба да се среди инфраструктурата кон доста населби (ако ги земеш во обзир сите населби накај Водно се со лоша инфраструктура, Сопиште имам заглавено со возило бетер него што сум заглавувал во Крушево), да се доработи Борис Трајковски за делот на Драчево, Батинци, Маркова Сушица..., да се доработи Кристијан Тодоровски Карпош за делот на Радишани, АСНОМ за делот на Керамидница-Автокоманда, Булевар Хрватска за Бутел,Радишани, Топаана со влезот на Скопје и тн.
Скопје си има предности од можности за кариерен напредок, побрзо наоѓање на работа, поголем пазар каде може повеќе да ти просперира бизнисот (клиенти/кадар), НО кога станува збор за мирно живеење и чистота секогаш подобро е во помал град.
Во било кој помал град (освен Тетово) во најголем шпиц е порекласирано отколку Скопје кога е најлабаво.
Далечината на институциите, пазари и слично иста приказна, тука за да завршам работа во институција треба да земам слободен ден од работа, во помалите градови на пауза од 30 мин ќе претрчаш и ќе средиш тоа што ти треба (уште поголема е шансата да го познаваш лично тој што ти треба и да не мора ни да одиш
). Тука не одам воопшто да купувам зеленчук/овошје на зелен пазар оти 1 саат ми треба да најдам паркинг и пазарам во маркет (во помалите градови ретко кој купува овошје/зеленчук во маркет).
Во поглед на загаденоста во малите градови главен проблем е огревот на дрва, ако тој дел се реши немаат никаква проблем со загаденост.
Во поглед на чистота на улици е релативно и зависи од тековната градска самоуправа, ако се замараат градот ќе личи на нешто, ако не се е џабе.
Сум ја шетал цела Македонија подолжно-попреку и можам да кажам дека најсредени се најмалите градчиња, како што почнува да расте населенито така градот е понесреден.