Најдобри населби/маала за семејно живеење во Скопје

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Реално Скопје се помалце го сакам. Ова што се дешава на ништо не личи. Се уништува убавината на градот со овие дивоградби насекаде. Убави и мирни населбичиња се претвараат у хаос, веќе почнаа и Влае и Хром да ги уништуваат. Градење без никаков ред на шупи од по 3-4 спрата. Без паркинг места да неможеш кола да оставиш од сообраќаен хаос.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Stoznam, koga gi gledam shupite i kolibite u madzir maalo, na pocetok na skopje imam druga pretstava. znam deka se stavaat paravani i dzidcinja da se sokrie smetot i grdotijata, ama sepak postoi.
Ti samiot nekolku pati imase napisano za neasfaltirani zapusteni patista.

I da, Skopje e by far najzagaden grad momentalno, definitivno se drugo e pocisto.
Скопје е неспоредливо поголем град од останатите и нормално е да има „црни точки“, баш како тие што ги објавувам јас (нели, ги објавувам во насока да се средат и да биде поубаво за сите). Шупите во Маџир Маало не го прават Скопје запуштен град - тоа се стари куќи, голем број на доселеници од минатото токму од останатите градови - дел по дел ги продаваат и никнуваат згради на нивно место, кои реално се поголема грдосија од трошните куќички. Но, ова не значи дека во сите населби е нечисто и запуштено и дека градот е „нечист“. Како човек кој бил повеќе пати во овие градови кои ги наброја, мојот впечаток е дека Скопје е општо почист и со далеку подобра инфраструктура. На какви места сум бил низ Македонија, да завршам таму со место за живеење би ме фатило депресија во рок од 3 месеци... Да, Кавадарци и Битола си имаат сјајни моменти - ама најчесто се ограничени само на централните делови (2-3 улици).

А тоа со загадувањето на воздухот е горчлив проблем за кој сите сме свесни и нема долго време да се реши.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Средени градови во НАШАТА земја не постојат.Од архитектура,урбанизам и јавно уредување сме оперирани национално. А за дивоградби,депонии,кич и урбанистички фушерај сме експерти.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Скопје е неспоредливо поголем град од останатите и нормално е да има „црни точки“, баш како тие што ги објавувам јас (нели, ги објавувам во насока да се средат и да биде поубаво за сите). Шупите во Маџир Маало не го прават Скопје запуштен град - тоа се стари куќи, голем број на доселеници од минатото токму од останатите градови - дел по дел ги продаваат и никнуваат згради на нивно место, кои реално се поголема грдосија од трошните куќички. Но, ова не значи дека во сите населби е нечисто и запуштено и дека градот е „нечист“. Како човек кој бил повеќе пати во овие градови кои ги наброја, мојот впечаток е дека Скопје е општо почист и со далеку подобра инфраструктура. На какви места сум бил низ Македонија, да завршам таму со место за живеење би ме фатило депресија во рок од 3 месеци... Да, Кавадарци и Битола си имаат сјајни моменти - ама најчесто се ограничени само на централните делови (2-3 улици).

А тоа со загадувањето на воздухот е горчлив проблем за кој сите сме свесни и нема долго време да се реши.
Си има свои предности и недостатоци живеењето во помалите градови, во две насоки е оваа констатација (болд), мене ми беше така кога дојдов во Скопје, т.е од место каде си имав мир и можев да завршам работа за 15 мин дојдов во џунгла каде пола ден ти оди во превоз + далеку повеќе финансии за градски превоз/возило.
Ај дури си млад е ок, да донесеш повозрасен човек од помал град во Скопје има да те колни и пцуе дури е жив.

Инаку мое мислење е дека Скопје се потсреди со инфраструктура последниве 15тина години, ако сите плукаат баш по тој период, претходно иако сум бил дете кога сум доаѓал ми изгледал далеку покрш. Иако треба да се среди инфраструктурата кон доста населби (ако ги земеш во обзир сите населби накај Водно се со лоша инфраструктура, Сопиште имам заглавено со возило бетер него што сум заглавувал во Крушево), да се доработи Борис Трајковски за делот на Драчево, Батинци, Маркова Сушица..., да се доработи Кристијан Тодоровски Карпош за делот на Радишани, АСНОМ за делот на Керамидница-Автокоманда, Булевар Хрватска за Бутел,Радишани, Топаана со влезот на Скопје и тн.

Скопје си има предности од можности за кариерен напредок, побрзо наоѓање на работа, поголем пазар каде може повеќе да ти просперира бизнисот (клиенти/кадар), НО кога станува збор за мирно живеење и чистота секогаш подобро е во помал град.
Во било кој помал град (освен Тетово) во најголем шпиц е порекласирано отколку Скопје кога е најлабаво.
Далечината на институциите, пазари и слично иста приказна, тука за да завршам работа во институција треба да земам слободен ден од работа, во помалите градови на пауза од 30 мин ќе претрчаш и ќе средиш тоа што ти треба (уште поголема е шансата да го познаваш лично тој што ти треба и да не мора ни да одиш :D). Тука не одам воопшто да купувам зеленчук/овошје на зелен пазар оти 1 саат ми треба да најдам паркинг и пазарам во маркет (во помалите градови ретко кој купува овошје/зеленчук во маркет).
Во поглед на загаденоста во малите градови главен проблем е огревот на дрва, ако тој дел се реши немаат никаква проблем со загаденост.
Во поглед на чистота на улици е релативно и зависи од тековната градска самоуправа, ако се замараат градот ќе личи на нешто, ако не се е џабе.

Сум ја шетал цела Македонија подолжно-попреку и можам да кажам дека најсредени се најмалите градчиња, како што почнува да расте населенито така градот е понесреден.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Во било кој помал град (освен Тетово) во најголем шпиц е порекласирано отколку Скопје кога е најлабаво.
Далечината на институциите, пазари и слично иста приказна, тука за да завршам работа во институција треба да земам слободен ден од работа, во помалите градови на пауза од 30 мин ќе претрчаш и ќе средиш тоа што ти треба (уште поголема е шансата да го познаваш лично тој што ти треба и да не мора ни да одиш :D). Тука не одам воопшто да купувам зеленчук/овошје на зелен пазар оти 1 саат ми треба да најдам паркинг и пазарам во маркет (во помалите градови ретко кој купува овошје/зеленчук во маркет).
Епа брат ќе биде полабаво у шпицот во помалите градови, ќе се врши побрзо работа. Се тоа си стои. А зашто е тоа така?
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.564
Епа брат ќе биде полабаво у шпицот во помалите градови, ќе се врши побрзо работа. Се тоа си стои. А зашто е тоа така?
Зошто е таман и дури помала бројката на население од тоа што треба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom