Најдобри инвестиции за млад човек со добри примања

Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
LustingVertigo
Ако навистина сакаш да ги умножуваш парите,гледај да уживаш во тоа што ќе го работиш.Се е џабе на крајот на денот ако немаш задоволство во работата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
LustingVertigo
Ако навистина сакаш да ги умножуваш парите,гледај да уживаш во тоа што ќе го работиш.Се е џабе на крајот на денот ако немаш задоволство во работата.
Аман бе со муабетов за уживање, работа како работа, носи апла добри пари, физички е лесна, психички како и секоја друга зависи од околината и проектите, имаш еден куп бенефиции во секоја фирма (гратис теретани, гратис базени, тим билдинзи, патување во странски земји кај клиентот се на сметка од фирма со повисоки дневници, комуникација со писмен народ, чист/парфемисан/стокмен си седиш и штракаш на тастатура).

На крај од денот човекот прашува што да му прави на парите, може најмногу ужива кога гледа поголемо конто на сметка ;)
 
Те разбирам што сакаш да кажеш.Пак на крајот најбитно е задоволството во самата работа.Ако ужива во нејзе,ќе има и поголем ентузијазам,ќе биде покреативен и подобро ќе ја извршува.
Ако ја извршува само поради парите,од една страна добива,од друга страна губи.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Те разбирам што сакаш да кажеш.Пак на крајот најбитно е задоволството во самата работа.Ако ужива во нејзе,ќе има и поголем ентузијазам,ќе биде покреативен и подобро ќе ја извршува.
Ако ја извршува само поради парите,од една страна добива,од друга страна губи.
Јас сеуште не сум сретнал особа што работи само од љубов, ако најдеш таква пиши ми, ќе им дадам неколку проекти да ми ги сработат без да им платам :D
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Јас сеуште не сум сретнал особа што работи само од љубов, ако најдеш таква пиши ми, ќе им дадам неколку проекти да ми ги сработат без да им платам :D
Не ми беше тоа муабетот.Секако дека за пари ќе работи.Ама мора да има задоволство и волја во работата.Како поинаку?
Налет нека е таквата работа ако ми носи стресови или замор,плус да ја мразам и да ја работам само поради парите.

Да сумирам кратко и јасно:Работа која носи солидни пари,ама попатно да има задоволство во нејзе.:)
 
dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
Во слична позиција сум со тебе, исто работам во ИТ секторот, и сум 2 години постар од тебе.
30% помали примања од тебе, сепак доста големи за наши стандарди.
За банка не се ни мисли, долго време ми стоеа и мене урочени, едноставено нема веќе солидна камата. Се мислев и јас долго време и еве лани купив стан во Скопје и веќе го изнајмувам, 7.25% ROI Anually, мислам дека нај солидна инвестиција испаѓа рентање. Пасивно, не ти одзема многу време и генерално не е многу голем ризик.
Го издаваш преку Еирбнб?
Со моменталните камати мислам дека нема да се исплати, т.е. фиксниот период на каматата е ок, варијабилниот е многу зголемен.
Автоматски споено мислење:

Не ми беше тоа муабетот.Секако дека за пари ќе работи.Ама мора да има задоволство и волја во работата.Како поинаку?
Налет нека е таквата работа ако ми носи стресови или замор,плус да ја мразам и да ја работам само поради парите.

Да сумирам кратко и јасно:Работа која носи солидни пари,ама попатно да има задоволство во нејзе.:)
Неколку години барам таква комбинација, дури сум спремен и да скратам од плата :D
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Не ми беше тоа муабетот.Секако дека за пари ќе работи.Ама мора да има задоволство и волја во работата.Како поинаку?
Налет нека е таквата работа ако ми носи стресови или замор,плус да ја мразам и да ја работам само поради парите.

Да сумирам кратко и јасно:Работа која носи солидни пари,ама попатно да има задоволство во нејзе.:)
Да не го тупиме оф-топик, дечкото отвори тема, и праша на уште 3 теми, како да ги инвестира парите што ги прави.
Јас не гледам дека истиот се жали од недоволно забава, или уште помалку од самата работа, затоа те цитирав.
Истиов муабет ни е веќе дискутиран неколку пати на форумов, на секое ако некој пише дека прави пари, втор се истрчува да му даде совет дека треба да одмори и да проживее ;) Ок, чил малку, сите знаеме како треба, ама секој ако види троа паричка трча како луд оти таквите шанси се бројат на прсти ;)

Еве не само тој, и јас сум љубопитен што е паметно за инвестирање, тоа што го правам пишав погоре, али секогаш сум отворен за нови идеи, по твое кај може да ги намножиме најбрзо?
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.370
Јас откако почнав да заработувам доволно прво морав и сакав да си го решам станбеното прашање и да ги средам моите родители бидејќи јебига мора некој да го јаде у животот али нејсе.

Прво приушти им убав и комотен живот на луѓето околу тебе, додади комфорт каде што можеш и верувај прво тој психилошки момент ќе ти даде многу комоција и ќе ти го растерети умот.

Јас откако ги решив овие работи, отворив моја фирма каде што сум сопственик а не калфа, работник и газда. Времето не ти дозволува да работиш фул работно време каде ги печалиш парите и да си умствено па и физички ангажиран (залепен за стол или растрчан зависно од дејноста) во сопствената компанија. Затоа гледај да вработиш менаџер кој ќе е одговорен за тековното работење а ти ќе се насочиш на стратегија.

Убаво рече некој погоре, потребни ти се повеќе извори и во повеќе ќупови.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
968
Поени од реакции
2.278
1. Сајд бизнис поврзан со она што го знаеш т.е во моментов заработуваш, пример дигитален маркетинг отвараш маркетинг агенција или нудиш услуги од тој тип

2. Акции во постабилни компании ми изгледаат како варијанта за најмалку замарање, пр кај нас алк банките добиваш дивидента и имаат некаков раст

3. Веќе го спомна Лестер на некоја страна поназад. Инвестирање во бизнис на твој пријател, роднина, фамилија итн каде што гледаш дека има потенцијал и им оди а има простор за ширење и поголем профит, па соодветн она инвестицијата ќе си бараш и одреден процент назад
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.522
Да не го тупиме оф-топик, дечкото отвори тема, и праша на уште 3 теми, како да ги инвестира парите што ги прави.
Јас не гледам дека истиот се жали од недоволно забава, или уште помалку од самата работа, затоа те цитирав.
Истиов муабет ни е веќе дискутиран неколку пати на форумов, на секое ако некој пише дека прави пари, втор се истрчува да му даде совет дека треба да одмори и да проживее ;) Ок, чил малку, сите знаеме како треба, ама секој ако види троа паричка трча како луд оти таквите шанси се бројат на прсти ;)

Еве не само тој, и јас сум љубопитен што е паметно за инвестирање, тоа што го правам пишав погоре, али секогаш сум отворен за нови идеи, по твое кај може да ги намножиме најбрзо?
Во вториот мој пост на темава му пишав дека ако веќе планира да ги умножува парите,да најде нешто што ќе го исполнува.Да има ентузијазам за истото.
Тоа беше мојот совет спрема него.

Не знам зошто толку ја продлабочивме работава.Кратко и јасно беше тоа што му го пишав.:toe::D

А инаку,идеи за умножување на парите имам,всушност една од нив веќе практикувам,ама долга и широка е да пишувам тука за неа.

Труд,дисциплина,самодоверба,добар менаџмент со парите,дарба за математика...
Еве некои битни совети што се потребни за раководство со свој бизнис и пари.
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
584
Поени од реакции
247
Го издаваш преку Еирбнб?
Со моменталните камати мислам дека нема да се исплати, т.е. фиксниот период на каматата е ок, варијабилниот е многу зголемен.
Автоматски споено мислење:

Неколку години барам таква комбинација, дури сум спремен и да скратам од плата :D
нене, месечна кирија.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Морам малку да се вмешам во темава.
Пари во банка се Орочуваат. Урочување значи нешто сосема друго... :D
 
Член од
21 март 2014
Мислења
511
Поени од реакции
375
Добра вечер,

Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.

Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.

Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).

На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка од камата на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да ја отворам темава.

Просветлете ме
Имаш способност наоѓање вредни клиенти. Врзи го со наоѓање вредни работници и имаш бизнис, со тоа и заработка. Стани работодавец.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
109
Поени од реакции
32
Може ли Македонец со постојана адреса на живеење во Македонија (и со Бугарско државјанство) да инвестира месечно по некоја симболична сума и при тоа да има некалва добивка?
на пример секој месец 10 години по $20-$50, дали во акции или нз што?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom