Имам европски пасош, што значително ми ја олеснува работата. Полесно можам да добијам кредит, вработување, адреса, подобри кредитни услови.
Во Холандија, преносот е скап, со оглед на тоа дека инвестицијата би била 400-500к, данокот ке биде до кај 25.000€, плус посредничкото fee, се стига до 40-50.000€ плус на иницијалната сума.
Недвижнината ке е на твое име, зборам за Холандија, штом ке ја исплатиш во целост. Данска и Германија, уште истражувам. Шведска е малку tricky, затоа што може да издаваш само куќа која не граничи со никој, а за станови беше бајаги покомплицирано.мислам дека требаше некои согласување со комшии да правиш. Имам некаде запишано.
Заштита од национализации и не верувам дека постои.
Wow, wishful think.
Освен ако немаш 500.000 е во кеш, како планираш да инвестираш нешто во Холандија?
Хипотека ако планираш, тогаш сметај дека треба да имаш плата од 100000е годишно минимум (можи и комбинирано со невестата), треба да живееш во Холандија и ти треба перманент договор за врабтување во холандија во холандска фирма. Тоа е ако купуваш за живеење. Во тој случај банката ти покрива 100% од хипотеката, 0% учество. АМА само ако живееш во неа.
За BUY to LET инвестициите мораш да имаш минимум 50% од сумата на инвестицијата, значи 250 000е во кеш, а остатокот е хипотека со х2 камата од нормалната , значи околу 8-9% за 10г.
Зошто ти пишав 250000 кеш, заради тоа што Амстердам, Хаг и Ротердам забранија buy to let инвестции за недвижности под 500000 а се очекува тоа да го направат и останатите градови како ајндховен, гронинген и утрехт.
* а дали ти спомнав дека во голем дел од случаевите во големите градови не ја поседуваш земјата, само објектот, (и плаќаш кирија за земјата), посебно во центрите на градовите како устави се и становите за издавање.
За даноци, приход од имот (киријата што ти ја плаќаат) ти се даночи во бох1 како приход од плата а тоа се даночи на 30 до 50%, од остатокот покриваш хипотека. А башка шо за 80 квадрати стан никој ти плајќа 2500 е кирија. Башка што после 2 години подстанарот во твојот стан има многу големи права. (неможиш да го избркаш и неможиш да му зголемиш кирија повеќе од дозволеното).
Така да, ако стварно имаш толку многу пари за инвестиции плати си брокер за недвижнини 2000е за овие работи.
Source: Имам стан кој го издавам