Најдобри инвестиции за млад човек со добри примања

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.463
Како бе така немало поента провод, шетање и живеење квалитетен живот!? 22 години имаш. Зарем најубавите години од животот ќе ги поминеш пензионерски, само пред монитор!?
Зарем не е доста бомбардирање со “срам те било“ од жените, мора меѓу себе да се каљаме така?!
Има смисла и провод, шетање, патувања по светот итн. ама има и време за решавање основни животни прашања. Кога светот се спрема за Трета Светска Војна патувањата, проводот/“проводот“, луксузирањето оправдано се ставаат под точка “разно“.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.216
My 5 cents:
  • Бизнис кој захтева не повеќе од 2-3 саати време од твојот ден, или бизнис кој е близок до тоа што го работиш и да го водиш паралелно (пожелно да е на туѓо име за да се заштитиш од идни тужби дека си „позајмил“ идеја). Ќе те боли главата, ама ако успее може да ти вади и неколку пати повеќе од тоа што го вадиш со ИТ. Дури и постои можноста за почнување на бизниси, разработување до одреден степен, и продавање, особено во ИТ има многу глупости кои може да ги третираш како startup, и да ги шитнеш неколку пати поскапо од тоа што си инвестирал.
  • Партнерски бизниси, т.е инвестирање во локален бизнис и луѓе кои знаеш дека се компетентни (обавезо покриено се со договор за да немате плачки во иднина, и да бидеш дел од управувањето на бизнисот). Слично ти доаѓа како купување на акција (уддел), НО, имаш далеку поголема контрола во носење на стратешки одлуки со тоа што се работи за мала компанија и ќе поседуваш голем процент. Од една страна правиш добро со тоа што му овозможуваш на некој да направи нешто за кое немал доволно финансии, а од друга страна неговиот успех ќе ти донесе огромен успех и тебе (неспоредливо повеќе пари од стандардна акција). Исто може да е во ИТ, па покрај пари да посветуваш и дел од своето време, или да даваш консултантски услуги за тоа што си експерт.
  • Индекс фондови - само не е се така црно/бело и таму, и никој не гарантира дека истите ќе растат во наредни 10 години со темпото со кое растеле во минатото, или дека ако ти затребаат парите ќе биде поскап од тоа што си го купил, може да изгубиш и многу пари.
  • Акции (треба повеќе замаранција, особено ако купуваш амерички, треба да разбереш доста работи за нивната економија). Буквар што има доста корисни работи за ова: Warren Buffett Accounting Book: Reading Financial Statements for Value Investing, инаку поризично од фондовите, и исто, ставаш пари кои нема да ти требаат за ништо во наредниот период.
  • Недвижности: јас овие не ги сакам воопшто затоа што се тромави и никој не гарантира дека куќите/становите ќе растат вака до бесконечност, и таму се воведуваат нови методи на градење/материјали. Од друга страна имам подобро мислење за купување на плацови (земја) особено во индустриски зони или зони кои може да се пренаменат за индустриски потреби. Тука каде што живеам во моментов разгледувам опции за купување на земја во индустриски зони, или ако најдам некој во урбанизам да ископам инфо на каде ќе се шират градовите :D Ваквиот тип на „недвижност“ го одржува оној што ја користи (фирмата), и ти ја враќа во првобитна состојба на крај од користењето. За разлика од тоа куќа/стан се главоболка за одржување (имаш амортизација), особено пак ако ги ренташ наместени како што е во МКД (дома ме мрзи да се расправам со водоинсталатери/електричари/купување на бела техника, кујни, молерисување, а не пак да си пикнам чивија и други објекти). Добрите страни се што: немаш одржување, имаш еден кираџија кој е бизнис и најчесто го рента на долг период (мин. 2 години), минимална комуникација, секогаш цената ќе и оди нагоре затоа што е ограничена количина, плус можеш секогаш да отвориш твој бизнис од типот на: стоваришта за градежни материјали, монтажен простор и давање на storage услуги, паркинг за камиони и тн.
Без разлика во што ќе ги пикаш парите, секогаш гледај да се во повеќе различни „ќупови“ (типови на инвестиција, области и по можност држави), да ги разбираш барем основите на тоа што го купуваш/инвестираш, и секогаш гледај да имаш кеш при рака/работи кои се ликвидни за краток период со мали загуби, затоа што при прва калакурница на економијата може да изгориш (особено ако користиш висок leverage).
Фала за опширните совети, Lester. Иако во неколку пригоди на форумов не бевме во најдобри односи, благодарен сум што постапуваш вака професионално. Respect :)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056
Имам во крипто $2.5K и не ги чепкам. Сакам диверзификација да направам сега, и заинтересиран сум многу а имам малку знаење моментално за инвестирање, па затоа почнав да читам книги од таква категорија последно.
Kрупто и акции ти е најдобро немој недвижности и депозити и гледај да немаш кола. Мој совет.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.216
Kрупто и акции ти е најдобро немој недвижности и депозити и гледај да немаш кола. Мој совет.
Имам во крипто веќе, бидеќи фирмата во која работам има своја криптовалута.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.216
Како бе така немало поента провод, шетање и живеење квалитетен живот!? 22 години имаш. Зарем најубавите години од животот ќе ги поминеш пензионерски, само пред монитор!? Парите се за да проживееш убав и исполнет живот, особено додека си млад. Ти за кога ќе ги чуваш парите, за да имаш добар провод на 70 години или за во рајот? :LOL:

Не велам сите пари да ги трошиш на курви и казина, ама како што си паметен и способен да заработуваш толку, сигурен сум дека можеш и да живееш квалитетен живот, и да заработуваш многу повеќе од тоа. 4000 евра не се ништо, можеш многу повеќе.

Не ги затворај во банка сите пари. Прво обезбеди си сопствен покрив над глава, квалитетна кола, тргни си на страна средства со кои би преживеал 6-12 месеци без никакви приходи, а потоа размислувај во какви бизниси да вложиш. Најдобра инвестиција ти е во нов бизнис, со пари кои не ти се од животно прашање (ти го исполнуваш тој услов и ја имаш таа можност). Не се ограничувај само со фиксна плата, цел живот едно исто да работиш за некој друг да може своите милиони да ги проверува од некоја плажа на Бахамите.

Имаш услови, имаш знаење, размислувај што би можел да создадеш, а ќе ти носи дополнителен приход со минимален труд или пасивно. Не мора да е топла вода.
Да, се сложувам и со твоето мислење и не си ставам стриктни лимитации, туку верувам дека има правилно време за се. Знам кога да си се наградам за работата, пример годинава направив тура низ Европа 14 дена и баш топ си поминав.

Не се ограничувам само со плата, работам и самостојно како freelancer и со други клиенти, ама некогаш може да биде многу стресно и создава додатен притисок. Имам оставено на страна пари за + 2 години доколку се случи нешто што не треба за да имам време да се реорганизирам, така да сега инвестирам најмногу во знаењето (полагам курсеви на coursera.org од топ фирми) и цело време размислувам што да почнам ново за пасивен приход.

@Lester Freamon

  • Бизнис кој захтева не повеќе од 2-3 саати време од твојот ден, или бизнис кој е близок до тоа што го работиш и да го водиш паралелно (пожелно да е на туѓо име за да се заштитиш од идни тужби дека си „позајмил“ идеја). Ќе те боли главата, ама ако успее може да ти вади и неколку пати повеќе од тоа што го вадиш со ИТ. Дури и постои можноста за почнување на бизниси, разработување до одреден степен, и продавање, особено во ИТ има многу глупости кои може да ги третираш како startup, и да ги шитнеш неколку пати поскапо од тоа што си инвестирал.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.545
Поени од реакции
66.133
Паметно ти е што сега се обидуваш да инвестираш, затоа што голем дел од парите од платата ке ги имаш на располагање.

Штом ке се ожениш, и ке дојдат дечиња, сметај дека 40-50% месечно од тие 4000€ ке ти идат во трошоци, ако сакаш да живееш комотно, и ке имаш полимитирани средства на располагање.

Јас моментално разгледувам опции за купување на недвижини во Холандија, Данска или Германија, по можност во град кој е студентски. Цениве моментално се поднадувани, ама ако има една добра работа во градовите во кои гледам, е тоа што тешко се даваат дозволи за градење и историски гледано, цените идат нагоре.

Идејата ми е да дојдам до некоја кирија од 2 до 2500€ месечно, и со киријата плус дел од платата, да ја исплатам недвижнината што е можно поскоро, како чиста би ја заложил за купување на втора локација. Моментално примањата ми дозволуваат една година да плаќам рати и да ми е локацијата празна, во случај на некоја поголема криза или некој black swan event.

Со среќа, во што и да се одлучиш да инвестираш.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Јас моментално разгледувам опции за купување на недвижини во Холандија, Данска или Германија, по можност во град кој е студентски. Цениве моментално се поднадувани, ама ако има една добра работа во градовите во кои гледам, е тоа што тешко се даваат дозволи за градење и историски гледано, цените идат нагоре.

Идејата ми е да дојдам до некоја кирија од 2 до 2500€ месечно, и со киријата плус дел од платата, да ја исплатам недвижнината што е можно поскоро, како чиста би ја заложил за купување на втора локација. Моментално примањата ми дозволуваат една година да плаќам рати и да ми е локацијата празна, во случај на некоја поголема криза или некој black swan event.

Со среќа, во што и да се одлучиш да инвестираш.
Ова со Бугарски пасош, или може и со Македонски?
Дали има поскап данок за странски инвеститор? (тука на пример, додека не станам permanent resident секоја недвижност ме кошта 8% поскапо затоа што ме класифицираат како странски инвеститор).
Дали ќе бидеш упишан во нивниот катастар, и како би се заштитил во иднина доколку дојдат полоши времиња од аспект на „национализации“?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.545
Поени од реакции
66.133
Имам европски пасош, што значително ми ја олеснува работата. Полесно можам да добијам кредит, вработување, адреса, подобри кредитни услови.

Во Холандија, преносот е скап, со оглед на тоа дека инвестицијата би била 400-500к, данокот ке биде до кај 25.000€, плус посредничкото fee, се стига до 40-50.000€ плус на иницијалната сума.

Недвижнината ке е на твое име, зборам за Холандија, штом ке ја исплатиш во целост. Данска и Германија, уште истражувам. Шведска е малку tricky, затоа што може да издаваш само куќа која не граничи со никој, а за станови беше бајаги покомплицирано.мислам дека требаше некои согласување со комшии да правиш. Имам некаде запишано.

Заштита од национализации и не верувам дека постои.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.051
Поени од реакции
9.412
Не ги ставај депозит, боље купи злато ако ги чуваш. У банка не се крсти посебно не у оваа ситуација сега. Купи бакар, литиум такви ствари, распрашај се малку и истражи ја ситуацијата. Ако имаш доволно пари земи стан у изградба, после продади го, транспорт работи нешто....ма да тоа е веќе сложено. Никако пари не урочувај.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
167
Поени од реакции
132
Добра вечер,

Во последен период почна да ме интересира инвестиции, правење пари пасивно/кумулативно итн и искрено немам многу познавање во инвестирање на пари во правилни нешта, така да ќе побарам помош од поискусните да ме посоветуваат на тоа како да ги инвестирам парите кои ги заработувам, на паметен начин. Не очекувам совршени одговори, но доколку некој има некоја минута и од искуство можи да ме поучи, би бил премногу благодарен.

Малку позадина за мене, имам 22 години и работам во ИТ сверата скоро 2.5 години, моментално за странска фирма.
За моја возраст искрено заработувам премногу. И не се чуствувам сеуште спремен разумно да менаџирам со пари. Заработувам 4000 евра месечно од странски клиент, и едноставно ме мачи фактот дека ништо не правам со парите и едноставно така ми стојат на банка и не ми е сеедно.

Не сакам да ги трошам на работи што ќе ме направат да се чуствувам добро во моментот (храна, алкохол, проводи, супстанци и др работи кои немаат никаква поента во долг рок).

На ум ми е веќе подолго време да ги урочам парите на банка и да стасува % заработка од камата на подолг временски период, бидеќи мислам дека на подолг временски период дека ќе ми се исплати најмногу, но сум отворен и на други начини на кои би имал заработка. Моментално читам книга The Psychology of Money од Morgan Housel, и ме инспирираше да ја отворам темава.

Просветлете ме

Јас би ги инвестирал парите назад во тоа твојата вештина.
Би го усовршил процесот и времето што ти е потребно да го завршиш проектот на работа, а во меѓувреме, слободното време што ќе си го овозможиш како резултат на тоа искористи го во уживање на животот.
Можности за инвестирање на пари ќе ти се појавуваат периодично и спонтано, до тебе е дали ќе ги согледаш и не секогаш ќе бидат успешни, но треба да се искористат зависно од која причина
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Имам европски пасош, што значително ми ја олеснува работата. Полесно можам да добијам кредит, вработување, адреса, подобри кредитни услови.

Во Холандија, преносот е скап, со оглед на тоа дека инвестицијата би била 400-500к, данокот ке биде до кај 25.000€, плус посредничкото fee, се стига до 40-50.000€ плус на иницијалната сума.

Недвижнината ке е на твое име, зборам за Холандија, штом ке ја исплатиш во целост. Данска и Германија, уште истражувам. Шведска е малку tricky, затоа што може да издаваш само куќа која не граничи со никој, а за станови беше бајаги покомплицирано.мислам дека требаше некои согласување со комшии да правиш. Имам некаде запишано.

Заштита од национализации и не верувам дека постои.
Рентањето како оди, преку агенција, или сам?
Ако е преку агенција, колку пари земаат за услугата?
Колку кошта одржување на зграда (body corporate)?
Ако се расипе нешто во станот, или има проблем со инсталација и сл. кој плаќа? Провери колку коштаат услугите, тука реновирање на мала бања знае да кошта од 20-30к долари, троа луксуз отиде на 50к.
Дали ако ја продадеш те даночат на цела сума, или?
Разгледај ги овие работи, тука се изгор, и ако утнеш неколку месеци со тоа што работиш во мк, може да те банкротираат.

Исто пази и издавањето, овде има закони со кои станарите се заштитени упм, има ситуации во кои и да не може да ти плати, не смееш да го избркаш.

За Холандија од тоа што ми кажуваа другари, е слично, дури мислам имаат и прагови согласно населбата, состојбата на станот и квадратурата, по колку смееш да им бараш максимална кирија (од сеќавање што сум разговарал, провери за детали).
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Фала за опширните совети, Lester. Иако во неколку пригоди на форумов не бевме во најдобри односи, благодарен сум што постапуваш вака професионално. Respect :)

Во Baden Württemberg имавме една мисла со која често се заебававме, налепена е и на некој од возовите куршуми шо возеа во Швајцарија, гласи вака: sei bitte keine Schwabe, INVESTIEREN statt zu SPAREN. Предвод, те молам не биди Швабе, инвестирај место да штедиш. Заебанција е за еден мал регион од Германија меѓу Баварија и нашиот Вуртемберг (кој ми фали), регионот е крстен Швабија, порано бил своја покраина. Луѓето таму важат за претерано штедливи, резервирани. Оттука стереотипите дека сите германци биле такви, но Прусијците не се такви. Единствениот регион од Дојчланд за кој Швајцарците имаат почит е иронично Шбавиен. Ама ако им го посетиш градот Аугзбург, ќе бидиш ко во рајот. Дисциплината се исплати, и тоа дебело, а во тој Ренесансен град, тоа е евидентно. Мојот прв сосед беше типично Швабе од тој регион, и говореше швабски. Стереотипите се вистина, заработува 6.000 евра нето. :) Ама ептен коректен лик, има и женска, таа работи во пекара, не е толку амбициозна ама има душа од злато, а остар ум, и готви преубави јадења, им оди супер.

Инвестирај во нешто што ти е сон, нешто за што ќе имаш страст и интерес. Јас на пример ќе купувам виноград, ќе продавам само локално, ако регистрирам Винарија. Затоа што како дете во Македонија, најголем сон ми беше да произведувам и продавам вино. Тогаш бизнисот нема да ти е товар, туку хоби. Некогаш тој мал плус профит кој ќе го вадиш со него, е многу значаен.

Хедонизмот во животот не мора да ја исклучи амбицијата. Едното не мора да го исклучува другото.
За едни хедонизам е пиење, за други едрење по езера, скијајне.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom