многу почнав да читам,ќе падне снег за Св.Илија,годинава
а добро се сеќавам во О.У. немам ни една лектира прочитано,
не само јас и сите други „копиљи“ и „суртуци“ околу мене,па сме ги
молеле,поточно земале тетратките од девојчињата да препишеме.
и тоа на колена,сокриени по скалине на куќине во Пајко маало.
А зошто ? Улицата ни беше тогаш и математика и лектира и домашно,
па затоа кога завршивме,гледавме да се запишеме на „занат“
т.с. кое средно е по кратко,за да пак бидеме побрзо на улица,и сме.
Е сега пак признавам многу читам,има ден ќе почнам книга со 300 стр.
и не ми се остава,да не речам кратам и од спиењето,да ја дочитам.
Во некој теми за животот во Старо Скопје вие младите имате кажано:
„Што ми е криво што не сум живеел-а во тоа време“.
Пред некој ден прочитав една книга во еден здив,таа не те остава
иако и ќе пробаш да ја оставиш за миг на маса,да би свршил некоја
работа,но погледот се ти е таму кон книгата,а таа е:
„Цена од Ново Малоо“ - Владимир Плавевски
Вистинито и автентично опишан животот во тоа Старо Скопје,пред рато,
и пред замјотресот.Не сум ни знаел дека постојат вакви романи.
За тоа време кое и јас сум го живеел,и се најдов таму во редовите
од авторот на: Вардар на Руска плажа,на Корзо,На Железен мост и т.н.
Ќе ги купам и другите од овој автор,сигирно се со иста тематика, ,
посебно ќе ја барам „Поплава“, ако се работи за “62 год. да се присетам
и на тие денови,кога бев во кино,и на сред представа го прекратија
филмот и соопштија: Скопје е поплавено,сите деца кој живеат под
пругите не може да одат дома,туку кај свој другари да преноќат.
Уф се заборавив во пишување ,како во читањето.