Мајкл Џордан. Ми се чини дека, меѓу другото, ја препороди NBA, и повеќекратно и ја зголеми славата. И многумина кои нема абер од било каков спорт знаеја за типов. И бабите знаеја за Џордан
.
Спортист без сериозни падови и скандали во кариерата, стандардно одличен, способен за справување со стресни ситуации, без суета која боде в очи, лидер на тимот. Одличен шутер, дриблер. Феноменален одраз. Шест титули. Има играчи и со повеќе, ама во други времиња и околности. Сепак, овој играше во времето кога во NBA имаше доста кошаркари кои влегоа во оние фамозни 50 најдобри од НБА на сите времиња (Хаким, Мелоун, Стоктон, Баркли, Робинсон, А. Томас, Јуинг, Дрекслер, Шекил, а играше со Пипен) и многумина други не многу полоши играчи - без редослед и посебни статистики: Г. Пејтон, Грент Хил, Шон Кемп, Џо Думарс, Родман, Гарнет, Морнинг, Реџи Милер итн
Јас не навивав за Чикаго. Всушност, ептен ми идеше на нерви тимов, па и оние што навиваа за него. Ама од денешна гледна точка, мислам дека таа победничка доминација на Џордан беше сосем заслужена и оправдана.