Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.902
- Поени од реакции
- 23.390
Добро бе хејтери. На вас ви смета што Меси е добитник на златна топка или што Снајдер не беше во 3те финалисти??
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Добро бе хејтери. На вас ви смета што Меси е добитник на златна топка или што Снајдер не беше во 3те финалисти??
Ја бев за Снајдер ама кога веќе не влезе, за Чави. Човекот е во години а греота е да ја заврши кариерата без трофејов зашто стварно е мастермајнд, најголемиот. Кога не доби сега, со освоено СП, за разлика од Меси, нема никад да добие.
А реално, Меси е најдобар фудбалер на свет, веќе ја има наградава, и веројатно уште ќе ја добива.
Затоа мислам дека требаше Чави да биде.
Што Снајдер уопште не беше у 3 те финалисти .... а у исто време и што не ја доби , пошо ја заслужи ПОВЕЌЕ од другите .... не дека другите не ја заслужија ....
Двете.Добро бе хејтери. На вас ви смета што Меси е добитник на златна топка или што Снајдер не беше во 3те финалисти??
Ај, сега да зафанеме реално.
Снајдер најмногу се покажа минатата сезона, во однос на предводник на тимот кој освои тројна круна, воедно прв италијански клуб што некогаш освоил триплет. Снајдер беше мозок, мотор, машина на тој тим. Снајдер беше главен што Интер освои се што можеше(со исклучок на Европскиот Супер Куп).
Снајдер беше играч кој даваше максимум за Интер, се бореше кога најмногу му треба, му донесуваше бодови и освои многу титули и успеси. Тоа е факт, дека Снајдер како лидер на Интер газеше во сезоната 2009/10.
Ама, оваа награда треба да се доделува на најдобриот фудбалер. Најдобриот во смисла на најдобар индивидуалец, на најдобар технички, во таа смисла. А, ако споредиме индивидуални способности кај Меси и Снајдер, Меси(не само според мене) е подобар во (скоро) секој поглед. Е, сега што Жозе ја надмудри Барселона и Интер си освои ЛШ е сосема друго.
Во дуел 1 на 1 Меси е подобар од Снајдер и затоа ја заслужува наградава. А, тоа што Весли не се најде во трите финалисти, не се виновни никои фанови, ниту пак Блатер. Гласаат новинари, капитени и селектори. Еве изјава од Чави каде што вели дека Снајдер заслужувал да се најде во првите 3.
Tипична реченица за фан на Арсенал, вака размислува некако и воајерот, фудбал за око, циркус, затоа од 2004 и немаш осетено голем трофеј а Мурињо со неговиот '' антифудбал '' ( збор што само проста незналица го користи за овој спорт ) дојде виде и победи со Челзи во Англија, а да не зборам за она што лани го осетија и фановите на Интер ( дур ги победуваа со својот антифудбал шампионите ( Барса, Челзи и Баерн ) од трите најсилни фудбалски првенства во Светот ), просто уникално што би рекле источните комшивки.Колку и да се трудат да наметнат дека Интер е најдобар за 2010, тоа е за Вас лична сатисфакција, а за мене е уште поголема кога ке зборуваат дека тимот кој бил најдобар статистички, го играл и најдобриот фудбал... Штета што во оваа година што измина го немаше тоа...
Како се избламираа овие од ФИФА со изборот на финалисти, добро е што барем Иниеста не ја зема наградата. Од тие тројца, највеќе наградата ја заслужи Чави. Типот докажа дека може и без Меси, што не беше обратниот случај. Милион пати сум кажал, ќе кажам и сега. Би сакал да го видам Меси во друга екипа, само за да се уверам дека тој е најдобар, а не дека е само машина за голови.
Заклучок од целава работа: Вака Роналдо ако продолжи, би требало да ја освои наградата за 2011, макар ништо не освоил.
Ништо посебно, ни пред Марадона, ни за време на Марадона, ни после Марадона... значи не е баш до селекторот. Ги тепаат Шпанија и Бразил во пријателски, ама во званични утакмици губат.Па го виде во Аргентина.