Tипична реченица за фан на Арсенал, вака размислува некако и воајерот, фудбал за око, циркус, затоа од 2004 и немаш осетено голем трофеј а Мурињо со неговиот '' антифудбал '' ( збор што само
проста незналица го користи за овој спорт ) дојде виде и победи со Челзи во Англија, а да не зборам за она што лани го осетија и фановите на Интер ( дур ги победуваа со својот антифудбал шампионите ( Барса, Челзи и Баерн ) од
трите најсилни фудбалски првенства во Светот ), просто уникално што би рекле источните комшивки.
Кога тоа ќе го почувствуваш на своја кожа ќе сватиш колку глупо си изгледал со овој пост, глупаво и смешно, али ко што реков, кога ќе почуствуваш, а до тогаш, муабетот ќе ти биде аналоген на фантазија и ќе се бламираш со овие муабети зашто едноставно, незнаеш како е. Предалеку си од тој осет за вакво уникатно достигнување, али битно, уживаш во прекрасниот фудбал за око на воајерот, титулите не се битни, се спротивно од тоа е антифудбал, антифудбал кој у една сезона донел 3 круни и во една сезона победил Се што е најдобро од Шпанија-Германија-Англија, да, Англија и Челзи, тимот што си играше курташак лани со супер фудбалот на Венгер и тим кој на домашен терен беше согазен од Интер у секој можен сегмент на фудбалската игра, нормално, со антифудбалската стратегија на Жозе.
Сакаш да испаднеш паметен, али со муабетов за антифудбал на италијанските екипи, испадна само смешен и тешко се избламира, очигледно не си гледал Милан како играле, или Јуве на времето, или Интер лани кога одржуваа лекции по фудбал сред Лондон и му го нанесоа најтешкиот пораз на Пеп во неговата кариера.