devilko
♆ wicked one ♆
- Член од
- 28 август 2014
- Мислења
- 1.831
- Поени од реакции
- 5.945
"Министерството за информатичко општество и администрација денеска го објави јавниот повик за доделување таблети за студентите.
Проект за доделување на вредносни бонови – ваучери на студенти од 3 и 4 год. на студии од 8 000 ден."
Според министерот Иво Ивановски, 8000 ден. се и повеќе од доволно за да се купи добар таблет.
Иако сеуште не се знае од каде ќе може да се купи таблет со ваучер, пребарав по нашиве продавници и некој од изборите се следните:
1. Acer Iconia Tab W1-810 (Windows 8.1 tablet) 8 280 ден.
Работи на Intel Atom Z3735G, четири јадрен процесор кој работи на 1.33 (со турбо 1.83) и има 1Гб РАМ што мислам дека е премалку за еден виндовс таблет, иако на јутјуб може да се најде видео каде што може и да се игра ДОТА 2 на таков таблет. Колку е сега тоа успешно, проценете и сами.
Доаѓа со 32Гб меморија од која иако нема официјални податоци, после инсталација на бесплатен вин. офис сигурно останува пола од неа за користење, а може и да ставите мемориска картица од +32 Гб. Слична верзија на овој таблет, постои и со Андроид кој кошта 8 000 ден, а разликата е што има 16Гб простор.
2. Samsung Galaxy Tab4 7.0 (Го има и во Сет, Нептун..) 9 000 ден.
Најголема мана е што користи Марвел процесор кој е малку послаб и графичка Виванте, која не е толку добра за игрици како Адрено. Процесорот работи на 1.2 GHz и е подобар од снапдрагон 400 (технички), но послаб од Интеловиот погоре.
Најголема предност на овој таблет е 1.5 Гб РАМ кој е доволен за мазно (колку е тоа можно со тачвиз!?) да функционира андроидот. Слаба страна е САМО 8Гб простор за складирање, од кои може да се користат САМО 4гб. Подржува и он мемориска картица ако ви треба додатен простор
3. ASUS MeMO PAD ME176CX-1E029A 8 000 ден.
Најдобар избор од сите 4 таблети, барем на хартија. Сличен на Нексус 7 кој е изработен од истата фирма, со малку послаби перформанси. Има 4 јадрен Inte Atom Z3745 кој е подобар од интеловиот на Икониата. 1Гб РАМ, 16Гб простор од кои, верувам преку 12 се слободни за користење, бидејќи андроидот на кој работи, е најсличен до ванила андроидот на гугл.
Е сега проблем е што го има само во АМЦ и тоа само во неколку салони низ МК. Количините се
веројатно ограничени и тешко дека ќе го има на лагер. А се наоѓа и само во глупа жолта боја.
На Ит.мк има статија со повеќе избор на таблети, но мене не ми фатија око. Од непознати кинески компании како Аинол, не би ни купил.
Слободно додавајте и други опции кои се најдобри за парите, не мора да се само ''7 и '8 инчни, може и '10, а и цената може да варира за плус минус некоја иљадарка.
Ве молам да не се сведе дискусијата околу политика, дали требало или не требало да има ваучери. Да се задржиме само на изборот на таблети и нивните спецификации