Најдобар бенд на сите времиња (GOAT) (Читај прв пост правило)

Најдобар бенд

  • Вкупно гласачи
    98
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Инаку, бидејќи е многу тешко со еден бенд, плус и се изјаснив на темата, еве ви листа на 10 бендови кои сум ги слушал најмногу во животот. Есенција од есенцијата на моето музичко искуство.

1. Joy Division
2. Swans
3. Dead Can Dance
4. The Doors
5. Pink Floyd
6. The National
7. The Sisters of Mercy
8. Cowboy Junkies
9. Мизар
10. Екатерина Велика
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Инаку на денешен ден пред 20 години излегло ова ремек дело, втори октомври. Ништо не е случајно :P
За мене најсилниот албум.

Strictly

word is bond
Член од
9 јуни 2019
Мислења
486
Поени од реакции
1.645
Музиката може да биде, ама не е натпревар. <- мојот одговор на сите вакви прашања :) сори гајс
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.508
Поени од реакции
59.050
Ако сакаш класик рок то е друг муабет, ама то не значи дека нема квалитет во бендовите, или дека креативноста/уметноста кај нив е помала. Мене пример AC/DC ми се најтапа најдосаден бенд, чак да можам со закон би ги укинал и забранил, или би ги вовел како метод на измачување, онака го седнуваш затвореникот в соба да слуша Ејси Диси и да умри од досада.
Овие што си ги навел се попознати. Ќе ти пуштам понепознато што вреди по мое.
Пример во првиот бенд дечките растураат со свирење.
Вториве се експериментален бенд што по мое остава голема трага сега, а ќе е актуелен и по 30 години, ко шо си ги слушаме пример сега Дорс или појма немам, пошто редефинираа цел правец.
Што се однесува до Рејдиохед, не мислам дека се далеку поедноставен бенд од некои класика бендови (ако одиш во поглед на експерименталното и импровизацијата со гитара, во смисла солирање, можи држи вода) ама целокупната комплексност и филмското во музиката кое го имаат е само по себе нешто кое ги прави единствени и поразлични од мн други бендови, на свој начин, и по мое не сметам дека се понекреативни пример од Квин (пошто тие се дебатираа)
И би ги додал секако овие, или поточно оваа песна. По мое е нешто најдобро што се има случено од страна на прогресив последниве 20 години. Опасен бенд, или што би се рекло со тестити, а Стивен Вилсон е еден од најкреативните ликови во музиката на денешницава.
Поштуем долги композиции, ама и високи очекувања имам за нив. Пошто ми ги посочи ги слушав со внимание, ама на првава да налетав онака рандом ќе ја исклучев по први 30 секунди. 5 минути слушав еден акорд и соло од 4 ноти. После да, добро гитарско соло, но прилично едноставна пратња (backing track).
Втората, малку поразлична од рокот што јас го слушам. Доста експерименти, ама интересен состав.
Кај Поркупајн ми се допаѓа што имаат клавијатурист во составот па пополнува во позадина. Се одбегнува едноличноста (како што е случај со првата)

Во секој случај имаме доста различна перцепција на музикава. Ваљда дека освен слушач сум и перформер, па сакам предизвици, комплексни делови, исполнета позадинска трака, побрзо темпо и сл.
Претходно ги спомнав Тото, веројатно Африка им е број еден хит. Зашто? Затшо има едноставен рефрен, прогресија vi–IV–I–V веќе видена кај мал милион песни. Лесно се памти и затоа им останува на главите на слушателите.
Делата кај што се гледа "мајсторијата" обично се во сенка. Пример...
 
Eве нешто гратис плус :D Нз дали си го слушал, така комплексничко.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.536
Поени од реакции
2.658
Ова е далеку од вистина. Скушни го ова ремек дело, таканаречен пустински рок, чисто америчко производство.

Си ги слушал Kyuss?

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.508
Поени од реакции
59.050
Eве нешто гратис плус :D Нз дали си го слушал, така комплексничко.
Е да си ми жив. За Дрим Тиатер може да дискутираме тука. Петручи и Рудес ги поштуем, прави виртуози се. Ме испирираат да продадам се од опрема.
Ама веќе ги изедов го*ната дека "после 85та" се досадни рок бендовите, скроз изоставајќи ги ДТ :(
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ова е далеку од вистина. Скушни го ова ремек дело, таканаречен пустински рок, чисто америчко производство.
Па ај вака

Британија: Queen, Pink Floyd, Iron Maiden, Deep Purple, Led Zeppelin, Beatles, Rolling Stones, Black Sabbath, The Who, Deff Leppard, The Clash, Motorhead, Whitesnake, Radiohead ( :smirce: ), Genesis, Eric Clapton, Dire Straits, The Smiths, Joy Division, Billy Idol, David Bowie, U2.

против:

Америка: Metallica, Guns `n Roses, Aerosmith, The Byrds, KISS, Megadeth, Chuck Berry, Ramones, Jimmy Hendrix, Lynyrd Skynyrd, Motley Crue, Pearl Jam, Nirvana, The Doors, Jefferson Airplane, ZZ Top, Bon Jovi, Lenny Krawitz, Red Hot Chilli Peppers, Bruce Springsteen, Alice in Chains, Linkin Park, RATM ( :icon_lol: ).
 
Многу ти се рандом листите. На американската листа недостигаат култни бендови, едни од најдобрите во историјата. Sonic Youth, Swans, Velvet Underground...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
пфффф, Рејдиохед ги стаил некој....
:lolzz:
Тој што ги ставил и овие што ги бараа треба да се врзат околу „Воинот на коњ“ и да се запалат додека свири Creep.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Кои се слабите страни на Квин? Па Квин не се уметност, не знам како да ти објаснам. Квин се забава. Види, вака стојат работите. Рок музиката генерално немаше некои големи претензии кога се појави. Требаше да служи за забава, и во 99% од случаите на тоа и остана. На прсти од две раце се бројат бендовите кои успеа да се отргнат од концептот на забава и барем да се обидат да остават трајна вредност.
Автоматски споено мислење:

И Здравко Чолич е исклучително квалитетен вокал, па нема да го најдеш на листа на најголеми пеачи. Исто и Мараја Кери има ненормален глас, па служи за потсмев. Воопшто во рок музиката, техничките капацитети на бендот многу малку значат за големината и важноста на нивната музика.

Sex Pistols од аспект на некоја музичка виртуозност се смешен бенд. Џони не знае да пее, а Сид Вишс завршил во бендот затоа што истепал со ланец новинар кој напишал нешто лошо за нив. Но сепак тие се поголем и поважен бенд од Квин.
Секој може да си земе право да прави поделби на музика за забава и музика-уметност. Квин е дефиниција за трајна вредност, нивните песни се слушаат ден денес, пример имаш песна од 1975 која после 45 години сеуште се слуша, тоа е скоро пола век. Квин никогаш немале претензии дека прават уметност, самиот Фреди имаше една изјава во таа смисла.
Може да ни кажеш каде завршува забавата а каде започнува умтеноста, која е таа појдовна точка, таа граница која ги раздвојува?

Не знам каков вокал е Чолиќ и не ме интересира особено, техничките капацитети и тоа како значат во работата на еден бенд.

Секс Пистолс се небитни, никој денес не слуша нивна музика, времето ги изгазило уште во 1980-ти, правеле музика со јасна цел = тинејџери кои се као бунтовни. Малколм Мекларен ги направил Пистолси за да заработи кеш, ништо повеќе, ништо помалку. Рамонси, тоа е веќе друга приказна, панкот е скоро па нивни изум, настрана што имаат повеќе од еден скрпен албум како погоренаведениве.
Автоматски споено мислење:

Какви се овие глупости. Квин е само Фреди.

Што би рекол Џони, Азра то сам ја. Така и овие.

Има еден убав момент у филмот каде едни на други си признаваат дека не можат едни без други. Као Фреди не би бил Фреди без Квин и Квин не би бил Квин без Фреди. Тоа е точно од гледна точка на тоа што Фреди не би можел да функционира во друг бенд каде доаѓа до израз првата гитара и тапанарот, односно бенд како целина а не фронтмен и бенд позади него. Фреди ја монополизира сцената, таква маркантна појава е што не би можел да седи на страна доека првата гитара рока некое соло. Фреди е центарот на Квин.
Останатите членови се обични музичари, си свират рок и тоа е тоа, ништо посебно, Брајан Меј е далеку од врвен гитарист, Џон Дикон и тапанарот се далеку од рок ѕвезди, рокери, таква им е појавата мирна, си свират кул музика слушлива за сите. Фини момчиња.

И мене Квин ми се едни од омилените бендови, Фреди е таква харизматична и јака појава што неам зборови. Иако има врвни вокални способности јас Фреди никако не можам да го замислам во некој хард рок бенд. Не ги хејтам во никој случај.
Ама реално и објективно коа ќе погледнам и размислам, ондак повеќе одам накај мислењето на Ставро.
Што изнапиша?
Брајан Меј бил и сеуште е врвен гитарист, Џон Дикон е врвен басист, Роџер Тејлор е врвен бубњар, не знам што имало во некаков си филм, јас гледам по нивните настапи во живо, го имаш на нет еден куп вклучувајќи го легендарниот во Рио де Жанеиро, дали беше Маракана или така нешто, каде пред 470.000 гледачи Квин растура.

Не мора рокерот да е хорсаш=џанак, да крши гитари на сцена, да уништува хотелски соби, да ебе на норма или да прави мајмун од себе си за да као еманира рокерски имиџ, има и пристојни, семејни луѓе меѓу нив, како Меј, Дикон и Тејлор. Фреди е друга, трагична прича, врвен музичар кој со живот го плати својот лајфстајл.
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Секс Пистолс се небитни, никој денес не слуша нивна музика, времето ги изгазило уште во 1980-ти, правеле музика со јасна цел = тинејџери кои се као бунтовни. Малколм Мекларен ги направил Пистолси за да заработи кеш, ништо повеќе, ништо помалку. Рамонси, тоа е веќе друга приказна, панкот е скоро па нивни изум, настрана што имаат повеќе од еден скрпен албум како погоренаведениве.
Се лажеш. Секс Пистолс и ден денес се побитни од Квин. Без разлика како настанале. Знаеш дека Достоевски седнал да пишува памлфет против претераната употреба на алкохолот во Русија а завршил со Злосторство и казна?

Квин не се никаква трајна вредност. Квин се добро спакувана забава за широки маси. Затоа ти напишав дека техничката супериорност на некој рок музичар не го прави уметник. Има рок гитаристи кои можат буквално се да направат со гитарата, а повторно се безначајни. Лу Рид е нула од пејач, и повторно е поважен од Фреди. Албумите на Квин немаат никаква уметничка вредност. Нула. Секс Пистолс можеби се никакви музичари, но успеа да артикулираат бес и незадволство на цела една генерација луѓе. Не велам дека тоа е целта на уметноста, но и тоа е многу повеќе од она што го направија Квин, кои се ништо.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom