Калиопи - Не ми го земај времето
Спотот е креација на Мартин99 и Пако
Режија маестро Игор Џамбазов
Одличен спот е оној, исто на Калиопи, кога целата снимка се враќа наназад. Не знам за која песна. Повторно Мартин99. Спотот цело време ви се чини дека е сосем нормален, но всушност снимката оди наназад. Притоа најинтересно е кога Калиопи го размачкува карминот од усните преку лицето. Земете во предвид дека тоа е снимка која оди наназад, а изгледа совршено точно, разбирате? Финта некоја, која мене не ми е јасна. Во секој случај - одлично!
При тоа Калиопи цело време пее со усните, како е можно тоа? Се останато во спотот оди наназад?!
Да појаснам, замислете дека прстите на Калипои и се некаде накај слепоочницата, полека ги развлекува по образите и доаѓа точно на устата. Е сега, тоа изгледа обратно на спотот. Како успеале при снимањето карминот да го соберат кон устата, за да во обратен правец, нас ни изгледа дека всушност го размачкува кон слепоочницата. Чудно. Сигурно некој ефтин трик. Ама супер е!