Нај епик гадна ми е првава случка :
Откорнав бубулица во кабинет по хемија пред едно 150 години и ја баталив, за да истата после ден два ми загнои и буквално целата рака ми потече. Дупката беше кратериште и на секој нејзин најминимален допир шикаше гној ко желе од машина за сладолед
Дури и на докторите им беше гадно, па си се стискав сам и богами прилично големо количество на гној извадив за една недела, значи не едно кило ама цела рака подуена ко жаба е редок моменат.
Исто во корчагин градинката во мавровка, ми текнува се бесев за шкафовите и ко вчера да беше памтам како цел шкаф падна врз мене. Не знам како останав жив, не ми е јасно ама бев попара цел и после 2 дена моите ги префрлија документите во друга градинка, а мене од болница дома после некоја недела
Друг гаден момент како деца, кога правевме колиби, куќарки по дрва, во сред ковање место во дрвото си го заковав прстот. Ми текнува одев накај дома и вриштев а прстот не личеше на ништо, дури мислев дека готово крај е. И што убаво беше порано, отидов дома ми го измија, преврзаа и ајт надвор јачај се сине...а не сега, за еден бодеж од безопасна што се вика, се трча на доктор...стресов кине јајца, мајке ми.
И да не го потам многу, последната гадна случка ми беше 2006та на градиште кога во најголемата темница трчав, а не гледав каде и одеднаш се мавнав во бетонски ѕид кој ме врати 3 метра наназад. Резултатот беше колено како од војна излезено со скинат менискус и истечена рскавица. Другите повреди не беа толку битни.