Најголем дел од интелигентните и талентирани тинејџери одбираат да слушаат хеви метал

Статус
Затворена за нови мислења.
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Тинкај си бе Појол ќе те оставам.
Знам дека само за тоа имаш интернет. Цел кредит го трошиш на порно сајтови.
А, ако имаш неограничен па....ти ја жалам раката.
Зошто да ми ја жалиш море раката? Дали си за arm wrestling? :baeh:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
--------

Второ, Burn повеќе се дружи со турбофолкери, за несреќа, која што така му ги сервирала во животот. Тоа ваљда и не го очекуваше...
И ете ја целата поента,која несвесно самите ја признавате.
Овде не е веќе за тоа дали и колку се паметни металците,туку за тоа колку всушност се глупи турбофолкерите.
Како сами се колете со овие изјави,всушност признавате дека генерализирате на цела тема.

Како второ,Брн,да кажеш дека за да бидеш шахист,не значи дека треба да имаш интелегенција,тоа ти е толку ограничено,што не знам дали воопшто сакам на било која друга тема да дискутирам со тебе.
За разлика од тенисот,или фудбалот,шахот се базира врз ментален,а не физички напор.
Како второ,една партија може да трае помеѓу 3 мин,до 8 саати,и двете се еднакво тешки.
Третата работа за шахот,се сите Сицилијански одбрани,разни напади и тактики,кои ПРВО мора да ги сторираш во МОЗОКОТ,а потоа да знаеш кога и како да ги искористиш.
Посебно место зазема пресметувањето на сите можни следни варијатни на потези.
Претешко за објаснување во една реченица,затоа ќе пробам со пример.

Кога ќе го мрднете топот од едно на друго место,мора да знаете да ги пресметате сите можни противнички потези кои се отвараат со тој ваш потег.
Во просек се 3-4,а мојот пријател (кој нели е ретардиран турбофолкер),може да пресмета до 8 потези однапред,што значи ако го ставиш бројот 8 на 3та или 4та,ќе ти текне дека збориме за над 200 потези и комбинации кои он ги развива за 1 или 2 мин.
Да видиме и за партиите,можеби неупатените љубители на шахот,мислат дека партија од 3 мин,е неверојатно полесна од партија од 8 саати.

Ви кажувам од прва рака,таа партија од три минути се состои од некои 100 брзи мрдања и тактизирања,со тоа што ако ви заврши времето,губите.
И да не испадне дека другар ми игра само со другите негови ретардирани шах пријатели од Македонија,рангира меѓу топ 100 онлајн,со над 5000 ранг поени.
Откога го пројдовме техничкиот дел,мислам дека веќе и да ви споменам титули и ранкинзи,како и тоа што е Интер-мајстор,е навистина премногу информации,за сите вас.

Мислам дека го имаше и на телевизија лани,победи 12 шахисти на турнир,во исто време,односно одеше од маса до маса.

Зашто ве напињам со правила за шах,а не со разглабање на музички стихови?

Бидејќи смачено ми е од луѓе кои живеат во свој затворен круг (а тоа сме сите ние,без разлика дали го сакаме тоа или не),да величаат некакви тврдења на форум од примерок од 40-50 луѓе околу нив,на цела светска маса.

Да не испадне дека нешто тврдам врз основа на празни бројки,можам да ти потврдам дека е и статистички невозможно,бидејќи примерокот ти е помал и од 0,0000001 процент од целокупната маса.


Друг фактор е што вас умствено,не збориме за вкусови веќе,ви пречи турбофолкот,па наоѓате некакви изговори од истражувања за на било каков начин да ги навредувате луѓето кој ја слушаат.

Ако нешто сум ги утнал вашите поенти,а тие беа уште од отворање на темата пред некои 5-6 месеци,само огромни постови на металци,во кои објаснуваат зашто металот може да се вброи во интелегентна музика,и како само добро го опишува животот,слободно искажете се.

Впрочем,која ви е идејата да анализирате нешто што 90% од луѓето го слушаат за релаксација,забава,и заедно со водка,Џеј-Би и сите други пијалоци,само за да се почуствувате дека сте направиле вистински избор со тоа што слушате метал.

пиЕс-(ај лав ју нот,не гледај блокбастер патетики од романтика филмови) - стварно не е потребно да ја покажуваш твојата интелегентност преку составување на цели реченици од полисилабични зборови,за кои и самиот мора да бараш објаснувања на Wikipedia.
Знаеш кој го правеше тоа?
Joey од Friends...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.778
Поени од реакции
8.228
До некаде има логика тоа дека меѓу себе се најинтелегентни.:)
Зошто?Бидејќи најчесто оние кои подлабоко навлегле во музиката и во идеалот си имаат сфаќања кои се страшно деградирачки кон оние надвор од нивната околина.
И тие неа ја избегнуваат.Го избегнуваат останатиот свет,движејќи се во строго определени кругови,а со тоа ја минимизираат шансата да се истакне нивниот интелект.
Затоа јас излегувам од генерализацијата.Не ја носам мојата музика и моите сфаќања не се нешто кое мора да се прифати за да бидам дел од нечие друштво.
Напротив.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Гледачќи друга тема ми дојде мислава, стереотипски гледано ако се интелигентни тогаш слушаат метал а тогаш се дрогираат.:vozbud:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Воопшто не сметам дека интелегентните слушаат хеви мртал. Глупости.
Има интелегентни лица што ја слушаат оваа музика, но има и што не ја поднесуваат. Интелегенцијата не би ја поврзувала со музиката.
А и не верувам во тие американски истражувања ич. Се прават само паметни за без врска работи.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Ако најголем дел од интелигентните ем талентирани тинејџери одбираат да слушаат метал, зошто најголем дел од металците кои ги знам (и пред да дојде следното прашање колку знам, да си кажам - многу:)) се ретардација во движење?:)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.504
Поени од реакции
47.658
се ретардација во движење?:)
Истово прашање и мене ме мачи не ми има смисла... или па можда нејќат да го реализираат потенцијалот па го кријат позади животни навики како урлање по паркови и слично............ (ова малце за у тема стереотипи) ама крајна линија е дека едно истражување што ти е “у корист’’ не те праи паметен :):)
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Зашто живееме во Македонија, каде што конзервите неможеш никаде да ги одбегнеш во која и да било социјална група да се.

Затоа кажав, неколку пати, оваа статија може да е напишана од најретрадираниот човек (и факт е дека статијава не е меродавна, нити е некој фактор во општеството), и пак да се попалите и да ги вадите на маса вашите фрустрации кон чоек што слуша метал :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Гижо,мислам дека се случи баш обратното,а бидејќи цело време ни сервираш гатанки и нејасни мисли,ќе те оставам сам да сфатиш на што мислам :wink:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Не не, нема шанси да ми сервираш ти квази мисли, со цел да се одбраниш тоа што ти си го мислиш, односно си исфрустриран со мислата дека сакам да навредам тие што не слушаат метал. Таквите идеи земи си ги у маало, за у друштво.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Зашто живееме во Македонија, каде што конзервите неможеш никаде да ги одбегнеш во која и да било социјална група да се.

Затоа кажав, неколку пати, оваа статија може да е напишана од најретрадираниот човек (и факт е дека статијава не е меродавна, нити е некој фактор во општеството), и пак да се попалите и да ги вадите на маса вашите фрустрации кон чоек што слуша метал :)
Ниту имам фрустрации кон луѓе што слушаат метал, ниту пак имам стереотипи кон нив. Сите се за мене луѓе и ич уво не ми чуе шо музика се слуша. И не ги делам луѓето според тоа.
Сепак, многу често од луѓе што слушаат метал, кога сум се запознавала со нив, превртувале со очи, само затоа што не сум во тој фазон и стил.

Истражувањето е глупо, изгенерализирано до максимум.
Секаде има и интелигентни и не толку интелигентни луѓе.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Но,нема да признаеш сега дека индиректно ги навреди,или повторно треба да го цитирам твојот коментар за со кого се дружи Брн?

Запамти,30 мин поминаа,нема веќе едитирање на коментари,биди искрен :wink:


А другите работи кои во најблага рака ми се смешни за твоиве one-liner-и се,

Како прво,ако некој НЕ ТРЕБА да збори колку е ретардиран креаторот на статијата,тоа си ти.
Не мислиш дека сам се контрираш со тоа што лепиш анкети од непроверени извори,за кои потоа тврдиш дека можеби се најретардирани во светот?

Второ,цело време зборуваш,нема да ВЕ спречи,нема да ПРЕСТАНЕТЕ итн итн...
Впрочем,местиш како да некој од НАС (кои и да сме ние),сме ја отвориле темата.
А кој ја отвори темата?
Металец.

Како трето,ако веќе ти си креаторот на темата,а нејќе да дискутираме,или не ти се допаѓа насоката во која иде дискусијата,нели си сам крив затоа,бидејќи цело време испраќаш измешани сигнали,и не стоиш цврсто зад ниеден став?
Или требаше сите да пишуваме "да,така е" и "Metallica RULES" коментари?

Ме интересира,и немој веќе да пишуваш постови во кои само назначуваш дека не сме ја сфатиле поентата на темава,туку напиши и која е ПОЕНТАТА на темата.
Вака пробуваш да маргинализираш пола форум,со тоа да се чуствуваат глупи дека не ја сфатиле темата,и уште повеќе што бидејќи ти не ја кажуваш,очигледно би било дека е преочигледна.
Што,во секоја смисла на зборот,нема смисла.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Ниту имам фрустрации кон луѓе што слушаат метал,ниту пак имам стереотипи кон нив.Сите се за мене луѓе и ич уво не ми чуе шо музика се слуша.И не ги делам луѓето според тоа.
Сепак,многу често од луѓе што слушаат метал,кога сум се запознавала со нив,превртувале со очи,само затоа што не сум во тој фазон и стил.

Истражувањето е глупо,изгенерализирано до максимум.
Секаде има и интелегентни и не толку интелегентни луѓе.
Што кажав јас... сегде има конзерви. Само што мене ич не ми смета коа ми превртуваат очи, пошто тие луѓе не сакам да ги запознаам чим не ме перцепираат ко човек.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Но,нема да признаеш сега дека индиректно ги навреди,или повторно треба да го цитирам твојот коментар за со кого се дружи Брн?
Несреќа? каква е таа навреда? Знаеш што е несреќата? Што некад бурн одбира да отиде у хард рок место да ме дружи на свирка. Тоа е мојата фрустрација, а твојата е нешто друго.

Запамти,30 мин поминаа,нема веќе едитирање на коментари,биди искрен :wink:


А другите работи кои во најблага рака ми се смешни за твоиве one-liner-и се,

Како прво,ако некој НЕ ТРЕБА да збори колку е ретардиран креаторот на статијата,тоа си ти.
Не мислиш дека сам се контрираш со тоа што лепиш анкети од непроверени извори,за кои потоа тврдиш дека можеби се најретардирани во светот?
Зошто да не зборам колку е ретардиран креаторот? Имам многу поголемо право да го наречам ретардиран, пошто сум нели као металец, и ваљда знам со кого се дружам. Да ти напишам пак која ми е поентата на темата....

Второ,цело време зборуваш,нема да ВЕ спречи,нема да ПРЕСТАНЕТЕ итн итн...
Впрочем,местиш како да некој од НАС (кои и да сме ние),сме ја отвориле темата.
А кој ја отвори темата?
Металец.
Ти ме ослови како металец, најди ми некој пост каде што сам сум рекол што сум. Лепење етикети, нешто што те бидува.

Како трето,ако веќе ти си креаторот на темата,а нејќе да дискутираме,или не ти се допаѓа насоката во која иде дискусијата,нели си сам крив затоа,бидејќи цело време испраќаш измешани сигнали,и не стоиш цврсто зад ниеден став?
Или требаше сите да пишуваме "да,така е" и "Metallica RULES" коментари?
Незнам по кој пат да пишам. Не ми смета несогласувањето, пошто ко што виде и мнозинството што слуша метал не се согласува со статијата, меѓу кои сум и јас.

Ме интересира,и немој веќе да пишуваш постови во кои само назначуваш дека не сме ја сфатиле поентата на темава,туку напиши и која е ПОЕНТАТА на темата.
До сеа неколку пати ја пишав јасно и гласно со зборовите "Поентата ми е", иди барај ги.

Вака пробуваш да маргинализираш пола форум,со тоа да се чуствуваат глупи дека не ја сфатиле темата,и уште повеќе што бидејќи ти не ја кажуваш,очигледно би било дека е преочигледна.
Што,во секоја смисла на зборот,нема смисла.
Во секоја смисла на зборот се изнарипа а не ми исчита ниеднаш. Јунгјатјета.
Затоа си стојам на своето дека сакаш да наметнеш идејата дека отворена е темата со цел да се омаловажи пола форум, иако ја напишав која ми е поентата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom