Најголемо разочарување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Луѓето многу често знаат да речат дека животот е како еден пат по кој одиме-има надолнини и угорнини.

Во некоја од претходните теми заклучивме дека поразите и неуспесите се тие кои не прават посилни и условно кажано помоќни.

Целта на темава е да продискутираме за вашите најголеми разочарувања во животот:

Ви се случило ли досега? Вие се случило ли да бидете во состојба кога сте требале да констатирате дека тоа ви било најголемото разочарување во животот?

Како сте го поднеле тоа?

Што мислите, разучарувања т.е. угорнините го прават животот поинтересен или посуров?

Како сте ги тргнале мислите за разочарувањата? Како сте ја пребродиле таа состојба? Како да најдеме утеха?

И...разучарување во комбинација со депресија-дефинитивно има излез од оваа ситуација, но како?
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Мислам дека на поголем број од луѓето, најголемо разочарување им е кога ќе пораснат и ќе ја видат онаа другата страна на светот. Кога излегуваме од стакленото ѕвоно на детството, пред нас е еден сосема нов свет, дотогаш непознат, во кој го нема чистото и искрено детско пријателство, а наместо тоа, наидуваме на лицемерие, предавство и лажен морал.
Што се однесува до утехата, глупаво е и звучи како клише неа да ја бараме во оптимизмот, и надежта за “подобро утре“. Наместо да го чекаме тоа утре да дојде, треба да се осврнеме околу нашето “сега“ и утехата да ја бараме во убавините кои тоа ги носи.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Разочарувањата го прават животот посуров кога ќе застанеме пред угорнината и мислиме на патот кој треба да го поминеме. Кога тие негативни насобрани чувства ќе омекнат со тек на време, е тогаш може да се рече дека животот го прават поинтересен. Кога ќе се извлечеш од стапицата во која си бил фатен, кога некако ќе ти олесни, тогаш поинаку размислуваш и се трудиш да извлечеш заклучок што излегло на подобро благодарејќи на разочарувањето. Сепак, зависи кои се причините, што е тоа што довело до таа состојба и од личноста. Секој различно размислува и наоѓа свои начини како понатаму.
Покрај разочарувањата со кои се соочувам речиси секој ден и кои не ми штетат мене лично, едно можам да издвојам. Не ми беше сеедно што не бев известена за нешто што сум имала право да знам. Ми помина, но целосно не сум заборавила. Како си најдов утеха? Што знам, некако не барав утеха туку се трудев да бидам објективна додека размислував и сфатив дека нема потреба да трпам такви негативни чувства. Ја прифатив реалноста и си го продолжив животот. Не беше преку ноќ и не беше лесно, но сепак си помогнав за да не се измачувам со нешто што е такво какво што е, за нешто за кое не сум виновна.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Се разочарувам кога гледам дека не можам ништо да направам за да се одразочарам, и најчесто ме мава депресија кога сфаќам дека ништо не е сјајно, дека животот е борба, дека мора да голтам многу неправди и дека немам сила против утврдениот поредок, ситуација која ме разочарала или луѓе кои ме изненадиле непријатно. Но не се предавам веднаш, и ми поминува тоа чувство кога сфаќам дека премногу ми е краток векот за да мислам премногу на тоа..најголемо и најпоразително чувство ми е дека не успеав да си ја сочувам љубовта од распад, но секое утро мислам како да го сменам...
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Ах не знам, не дозволувам да се разочарувам многу лесно и тоа да ми паѓа многу тешко. Јасно ми е дека животот знае да биде тапа и бил тапа со мене, ама едноставно се трудам да ги гледам светлите страни. Колку планови пропаднале, колку луѓе ме изневериле и доверби се изгубиле, ако се разочаруваме и паѓаме во депресии само повеќе ќе си наштетиме. Точно дека некогаш е многу тешко, меѓутоа јас лично се трудам да избегнувам такви емоционални стресови, најчесто набрзина се изнервирувам, дерам и слично и после заборавам. Треба да се памтат само убави работи, разочарувања секогаш ќе се наоѓаат.:)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сум била во животот многу разочарана,сум имала некои поголеми разочарувања,кои многу силно влијаеле на мене.По природа сум многу емотивна и тешко поднесувам разочарувања и сето тоа иако можеби ќе го пребродам во моментот,сепак остануваат лузни кои не се гледаат,но ме пратат низ текот на животот и не можам да се ослободам од нив, иако знам дека се минато и знам дека поминале и дека треба да продолжам понатаму.Всушност сум продолжила,но сепак некогаш излагаат на површина и болат,иако се дел од минатото.
Што знам, некогаш мислам дека некои од тие разочарувања ми дошле како огромна шлаканица, која ме вратила назад на земја,која ме спуштила од облаците и илузиите дека се е розево и се е добро и дека нема да речеме злоба или лошотилук.Бидејќи често знам да бидам премногу голем сонувач,да сонувам и да го гледам светот со розеви очила,но ете така некои настани убаво ме враќаат назад во реалноста и ми ги кршат розевите очила.
Разочарувањата се да не речам нормален,составен дел од животот.Нема совршенство,животот не е совршен и нормално дека има и подеми и падови,а разочарувањето припаѓа во категоријата падови.По сонце,мора да има и дожд и обратно.Ништо не е сосема црно ниту пак сосема бело.
Не можам да речам дека го прават животот интересен,бидејќи и не е баш интересно човек да пати,да биде разочаран,ниту пак го прават повеќе суров.Едноставно се дел од целината наречена живот. Составен дел,кој придонесува да не биде се како мирно езеро,туку придонесува да има и бранови.
Како сум ги тргнала мислите?Што знам,веројатно сфаќам дека нема потреба да кукам и да бидам негативна - дека иако нема да го заборавам тоа,барем го потиснувам во некое забутано аголче на мојот мозок и се концентрирам на убавите работи и гледам да го извлечам најдоброто од целата ситуација. Извлекувам и поука и се трудам што подобро да се заштитам себе си од такви ситуации и да ги има што поретко,со тоа што си градам некој си механизам на заштита.
Не треба да земеме да се самосожалуваме.Нема поента,нема ниту аир.Само да ги прифатиме работите такви какви што се и со високо крената глава да продолжиме понатаму,колку и да тоа звучи неизводливо и тешко во моментот.
Утешителни зборови од други,исто така нема да помогнат.
Самиот човек е клуч за решавање и пребродување на тие работи.Се зависи од него и од тоа колку е спремен да се соочи со тие работи.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Во животов после толку разочарувања од луѓе кои ми биле многу блиски после се сватив дека сум разочарана најмногу сама од себе. кога сватив колку многу работи сум утнала и колку луѓе сум повредила...Бев падната во самосожалување од кое немаше назад,одев само надоле. Тогаш сите ми беа криви за се, сега сваќам јас бев. Јас се бутнав у гомна. Сега кога се е позади мене гледам, јас бев крива. И тоа беше моето најголемо разочарување - работите кои ги направив и сама себе се повредив. Се надевам дека никогаш повеќе нема да паднам во таква дупка.
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
515
Поени од реакции
22
Најголемо разочарување на животот „ Кога мислев дека почнав да живеам, ми дојде крајот“
значи така најголемо разочарување ми беше кога дознав дека сум болен и дека јас немам никаква ама баш никаква вина за тоа, дека тоа е некоја си глупа наследна болест, и дека не можам да ја контролирам.
Затоа секој ден го живеам како да ми е последен, оти некој ден стварно ќе е така.
Се журкам, се дружам со сите, им кажувам оти ги сакам, ги гушкам, нонстоп шетам низ градо, запознавам нови другарки, другарчина ...................................... :(
 

--**ЕмА**--

take me as i am
Член од
14 ноември 2007
Мислења
380
Поени од реакции
11
Не сум имала многу разочарувања во животов сеуште зошто уште си ги живеам они детски години кај што се е розево ... но сепак досега нешто најмногу што ме повредило било разочарување од најдобрата другарка... т.е. „најдобрата“ нели ... никогаш во животот немав злаплакано за другарка или нешто слично зошто многу малку ги искажувам чуствата но ова ме повреди премногу.. и никогаш никогаш нема да го заборавам...
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Свесна сум дека животот не е "розев", меѓутоа досега не сум имала големо разочарување кое би го запомнила, и се надевам дека нема ни да имам, бар не во скоро време. Дефинитивно разочарувањата не прават посилни и поспособни да се сносиме со она што не чека понатака во животот. Затоа не е убаво родителите да ги чуваат децата во "стаклено ѕвоно", затоа што "утре", кога ќе пораснат, нема да знаат што е разочарување и болка, и нема да можат да се снајдат во суровиот и неправеден свет.
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
искрено од Македонијава наша мислам на народов поголемо разочарување нема.разочаран сум од култура,политичари,од женскиве,ок и машкиве се заникаде се е катастрофа.
инаку јас се гледам плаво розево гледам ко ќе сум на одмор некаде:smir:
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
искрено од Македонијава наша мислам на народов поголемо разочарување нема.разочаран сум од култура,политичари,од женскиве,ок и машкиве се заникаде се е катастрофа.
инаку јас се гледам плаво розево гледам ко ќе сум на одмор некаде:smir:
Ауу, каков анти-патриот. :)
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
што има ова везе со патриот:smir:
мислиш постојат правилни патриоти:?
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Најголемо разочарувањее? Па тогаш кога за одреден период бев оптимист и тоа најголемиот што може да биде. Тогаш го доживеав моето најголемо разочарување и од тогаш незнам да бидам оптимист за било што во животот, можеби сакам ама незнам да бидам.
Се разочарав од светот и од себе зашто толку верував во нешто. Секој ден се прашувам зошто имав толку оптимизам во себе, но сепак ме направи посилна на некој начин но цел живот послаба на секој друг начин.
 

MarinkaUSA

~I like myself the way I am~
Член од
7 февруари 2008
Мислења
180
Поени од реакции
3
Најголемо разочарување беше Македонија, т.е. тие што се на власт изминативе 17 години, и Македонците во дијаспората (абе на арно да не те видат)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom