- Член од
- 3 јули 2010
- Мислења
- 1.230
- Поени од реакции
- 1.863
Повеќе од 5 години откако Sussaro го напиша постов, и иако знаев дека е 100% во право уште од тогаш, сепак требаше да преживеам некои работи за да се навратам и да пишам мое мислење.Како што ветив на една друга тема, а бидејќи не можев да ја најдам онаа со најголемите грешки што ги прават прават мажите ќе пишам тука. Како што многу пати имам напишано, во љубовниот дел од машко-женските односи, мажите се тие што ги прават поголемите грешки.
Овој пост ќе биде сумација од повеќе мои постови кои сум ги пишувал на оваа тема предимствено тука
http://forum.kajgana.com/threads/Мажите-преферираат-глупави-жени.60909/page-22
тука http://forum.kajgana.com/threads/Какво-однесување-ги-привлекува-жените-или-sussaro-style-против-Шкорпион-style.65163/
тука http://forum.kajgana.com/threads/Како-да-се-освои-и-задржи-женското-внимание.66010/page-26#post-5659932
тука http://forum.kajgana.com/threads/Како-би-реагирале-кога-ќе-дознаете-дека-бившата-девојка-спиела-со-друг-И-тоа-од-нејзе.65975/page-4#post-5611044
и тука http://forum.kajgana.com/threads/Вистинска-љубов-постои-ли-Како-би-ја-познале.2477/page-8
Значи одиме, кои се најголемите машки грешки и зошто се прават?
Илузијата на сопственост
Фаќаш девојка и се заодувате. После некое време, обично се неколку месеци, во твојата психа се створува нереална илузија дека девојката е твоја сопственост. Бидејќи има секакви идиоти да се дообјаснам, под тоа не подразбирам робинка или покорна следбеничка, туку кај тебе се раѓа слика дека ти полагаш привилегија на ексклузивитет како љубовник и дека нејзиното внимание, нејзината љубовна посветеност и секако нејзините цицки, гз, пичка се твои. Ти знаеш дека не се, но тоа сознание со тек на време го ставаш во некој подрум на мозокот.
Тоа е исто како некој упаљач што денес сте го купиле. Денес знаете дека е на масата во дневна затоа што таму го оставивте. Утре мислите дека е некаде во кујна затоа што палевте плинско. За 3-4 дена тотално го заборавате упаљачот, се присеќавате на него само ако некој ве потсети и се што знаете е дека-Упаљач има тука некаде во куќава. И тогаш доаѓа денот кога упаљачот стварно ви затребува, а немате алтернатива друга во моментот. Почнувате да го барате очајно насекаде, но залудно. Заклучувате дека тој упаљач никогаш не ни постоел, а и да постоел, загубен е засекогаш.
Она никогаш нема да биде твоја, туку само своја. Правото на чии раце освен нејзините ќе и ги месат цицките е само нејзино. Ако таа сака да ти го даде ексклузивитетот, ќе ти го даде, а не ти да си го земаш тоа право како здраво за готово. А жена како жена нема да ти го даде тој ексклузивитет, само секако тоа ти нема да го знаеш, а она дефинитивно нема тоа да ти го каже. А кога ќе го дознаете тоа на потешкиот начин, почнуваат патетиките и глупостите. Наравоучение-Ако сте пушач и несоничар секогаш памтете каде ви е упаљачот. Ако сте со девојка, исто е како да сте во изнајмен стан. Сопственоста е привремена и во секој момент променлива по желба на сопственикот. Дополнително четиво за оваа потточка http://forum.kajgana.com/threads/Нов-почеток.66277/#post-5645305
Мојата е 1 во 1000
На некои машки им се јасни како одат работите. Секако има тука градски деца кои биле и на улицата и ги знаат законите. Ама машко има лоша тенденција на заљубување и пристрасност кога ќе фати женска. Па следи онаа вечна реченица-Абе знам ја што змии се, ама мојата не е таква, да видиш само како ме сака, не ме нервира, не ми се качува на глава, не се расправа за глупости. Мојата е 1 во 1000, 1 во милион. Да се разбереме една работа. Постојат такви ретки женски примероци 1 во 1000. Шансите баш твојата да е таква е колку што е и шансата на Перо комшијата да е таква или на Стојче колегата од работа. А тие шанси се, well you guessed it right, 1 во 1000. Колку и ТИ ДА МИСЛИШ дека твојата е посебна, на крај на ден ти си глупо заљубено машко а она е жена. Во казината the house always wins, а во љубовта жената. Да не биде после онаа легендарна песна од Д Далтонс-Ти си една у иљаду а ја у тебе иљаду и први, је је иљаду и први
Само сељанките сакаат сељаци
Овој аргумент најчесто го употребуваат жените, а мажите наседнуваат на тоа. Демек оние простине глупи сељанки што се фарбаат плави и гледаат Езел се палат на сељаци, они се курвите, ороспиите, кога Сусаро пишува мисли на нив, но тоа не значи дека треба да се генерализира и да ги земаме баш нив како претставнички на цел женски пол.
Ок, жените мрднаа од мртва точка не викам не. Почнуваат да се образуваат, да се опаметуваат, да сфаќаат дека не треба цело време како чавки да гракаат глупости, почнуваат да стануваат експерти во своја бранша и да имаат општа култура за светот околу нив. Под светот околу нив не подразбирам разбирање за новата фарба за коса на Шварцкоп и Хенкел или новата програма во Бершка и Каљопе. Ова се сеуште baby steps, со надеж дека ова темпо ќе продолжи и понатаму, иако се секако далеку од она ниво на дискусија што на пример се случуваше на форумов на темите како Трансхуманизам, Масони, 5-те докази на Тома Аквински итн...
Но да се разбереме една работа, нејзината магистерска титула не ја менува нејзината ментална конституција како жена. Баш напротив сум кажал и неколку пати, токму оние кои се попаметните се многу посклони кон ороспијашење и други превари, па дури и не се кријат како што прават сељанките. Обично по некој си автоматизам а малце прочита нешто плус во животот и стекне образование одма ги фаќа некој (про)либерал-феминистички идеал-Јас сум самостална единка, мене не ми треба маж да ми кажува што да правам, мое тело-моја одлука, ќе се ебам со кого сакам, кога сакам, како сакам, кој мисли поинаку е заостаната машка балканска мачо свиња.
Оние ''поуметничките души'' дури и го возвишуваат тој момент. Преку разновидното телесното истражуање на внатрешната сексуалност се остварува едно возвишение поврзано со целото наше битите и внатрешна енергија, каде што оргазмот добива и една космичка димензија. А, пази ама толкување? Во прост превод-Си се ебакам на велико и убаво ми е. Ама друго е кога сето тоа ќе ти се нашминка и издроби за ти да го сркнеш, а ти го сркаш за да не бидеш прост, заостанат.
Да децо, во денешно време се што не се поклопува со женските ороспијашки настројенија е окарактеризирано како заостанато и идиотско. Страшно е што и машките паѓаат на овие финти-Што е битно со колку била, битно сега е со мене, Ја пуштам да оди ако стварно била моја ќе ми се врати и слични глупости кои се адекватни на автоупуцавање во колено.
Паметна, глупа, сељанка, софистицирана, кафекуварка или ректорка на универзитет во сржта на женската среќа е мажот или поточно кажано мажите, затоа што еден никогаш не е доста. Сто пати сум кажал дај и го на жена целиот свет, сите пари, цела моќ и власт, под услов ниедно машко никаде и никогаш да нема интерес за неа и таа многу бргу ќе пропадне. Телесно и духовно. Образовнието не ја прави жената-нежена. Основата и темелите се тие, катовите може да се надрградуваат, фасадата да се менува.
Погрешна логика на реципроцитет
Ама сум ја гледал како кинеска краљица, 5 години влакно не и фалеше, у сите тешки моменти и се најдов, никогаш за ништо не беше навредена, повредена, душата и ја дадов и на крај фрли се во вода и отиде со сељакот.
Децо, најбитната работа што треба да ја запамтите за жените е-ТИЕ НЕ ФУНКЦИНОИРААТ ПО МАШКА ЛОГИКА. Ти како машко се водиш по тој принцип на чест, достоинство, почит. Ако ти помогнал-помогни му, ако ти се нашол во тешко-најди му се во тешко, ако те цени како другар без разлика кој си, што си, колку пари си имал или немал во џебот-цени го и ти така. Машките што одстапуваат од тој принцип ги викаме педери, жените кои отстапуваат од тој принцип ги викаме едноставно-жени. Постоеше еден ритуал кај едно ако не се лажам афричко племе-Ако не рипнеш врзан со јаже од околу 10 метра висина, ти немаш право да се наречеш маж. Секој маж таму тоа го осеќа како должност да го направи, и како срам ако не го направи. Тебе како Македонец тој ритуал ти значи колки и ситуацијата во Северна Кореа. Епа се што си вложил во таа врска, за нив е Северна Кореа. Не се чуди зошто е тоа така, како може да се такви итн... Едноставно се такви, прифати го тоа како факт и постави се соодветно на ситуацијата. Втор пат ако се заебеш на иста логика значи си глуп. Подоцна ќе анализираме по кои принципи се водат тие.
Значи вака, живот во брак со некоја што ја сакаш е нешто најубаво што може да ти се случи (лично искуство) - се додека не направиш грешка и влезеш во онаа "Илузија на сопственост" како што е дефинирана од Sussaro. И фураш цуци-муци филм, и угодуваш кога можеш и гледаш позитивни резултати цело време. Се олабавуваш дека имаш достап до жена кога сакаш (не буквално нели), се фокусираш на кариера, на растење деца и додека трепнеш љубовта и сексуалната привлечност си одјавале кон зајдисонцето... Во одприлика исто време и двајцата сфаќате што се случува и се оддалечувате еден чекор, но сепак останувате заедно бидејќи нели уште сте во добри односи, имате деца, стан, сметки, фамилии, социјални норми кои мора да ги исполните итн.
Во исто време правејќи муабет со други, сфаќате дека 90% од луѓето живеат така и се убедуваш дека твојот случај и не е толку лош (твојот случај е 1 во 1000 - или така барем си проектираш, како и да е). Си фураш онака лабаво дека тоа е живот (јеби га), газиш сЕ пред себе на работа (те унапредуваат на скоро секои 6 месеци), си наоѓаш некое хоби безвезе да ти проаѓа време и да не го изгубиш скроз паметот од досада. Решаваш да почнеш со bodybuilding чисто колку да истераш стрес од 10 часовниот работен ден, и после 2 години гледаш некои ОК резултати (на психа и тело - #хехе). Си викаш, па добро е, животот и не е толку лош. И така тераш, се додека не те тресне некој воз у тоа животниот тунел! Почнуваш да размислуваш колку ти е досаден животот и дека не треба да е така бидејќи имаш само 35 години - а не 75!
И ај као да разбиеш монотонија, одиш се тетовираш (два-три пати додека има adrenaline rush), стануваш другар со луѓе надвор од твојата зона на комфорт, почнуваш да уживаш да седиш и правиш работи скроз сам. Идеш по милион конференции преку работа, и сфаќаш колку не те боли к*р за тоа какво мислење имаат другите за тебе и почнуваш да се однесуваш како светот да е твој. Се чувствуваш супер и егото ти е над плафон. Е тука е пресудниот момент! Во тој момент, жени почнуваат да ти прават муабет - прво поврзано за работа, па за тоа како зрачиш со самодоверба, па ај да продолжиме муабет на кафе, па ај на пиво, итн. Капираш дека нешто се сменило, ама си викаш дека до вчера си бил истиот и не ти е јасно што е работата.
Еден ден капираш дека си станал сЕ она што си презирал кога си бил тинејџер (љубов пред се и други слични хипи/комунистички срања). Си викаш, ај да видам до каде може да иде ова срање. Почнуваш да излегуваш по pubs & clubs (сам или со друштво) и види јеботе и таму има жени/девојки што ти се доближуваат и ти почнуваат муабет. Даваш две-три пијачки и некоја веќе ти ги ставила цицките на мегдан додека те гушка. Си викаш, маме му ебам - се понашам како најголем сељак а види ги овие што прават. Им кажуваш дека имаш жена и деца дома, овие уште повеќе ти се фрлаат! И си викаш, па овие сигурно знаат што сакаат и нема да престанат додека не го добијат тоа. Им кажуваш дека иако не изгледа така, ти си верен на жената и нема ништо да се случи. Продолжуваш со тој живот некои 2-3 месеци и секаде и секогаш истото се случува - никогаш не било полесно да и се приближиш на некоја и да одиш до крај!
Е сега има една друга сорта жени што знаат многу добро што си и каков си (од прва можат да те сфатат кој си и што си). Запознав 2 такви во рок од 2 месеци. Едната е психолог, во долга врска со човек што работи во војската на САД (специјални единици). Другата (исто психолог - види pattern јеботе) се мисли дали треба да се разведе, бидејќи и здосадило во бракот - заклучок донесен откако и кажав на што сум со мојата жена. Со двете продлабочуваш врска во исто време, без никакви емоции од моја страна.
И тука настанува проблемот! Пред една недела (во рок од 3 дена) и двете ми кажаа дека ќе ја раскинат врската / ќе се разведат, ако им побарам за да бидеме заедно. На двете им повторив милион пати дека не сакам да се разведам и дека сЕ што правам е само за да убијам досада... Во исто време, жена ми приметува дека нешто се случува со мене и ми бара да сме работеле да се зближиме пак. Дали е грешка да ги откачам другите, да се вратам на жената, да продолжам со исто темпо...
Гледајќи од ваша страна, јас мора да личам на најголемото гомно и сељак во моментов! Нешто што и јас би го потврдил! Немам проблем да се носам со тој епитет.
Решив да пишам на форумов чисто колку да потврдам од лично искуство колку Sussaro бил во право и што треба да поседувате за да ви се лепат жени. Изглед, моќ (кариера, пари), самодоверба, и можеби најбитното - други жени да ве посакуваат.
Поздрав