Секое машко треба да си ги знае своите квалитети и маани што ги поседува. Некои од нив можат да се изменат а некои од нив просто се вкоренети и вродени јебига.
Изгледот нормално дека е важен, факт е дека не се сите извајани, убави и неодоливи но сепак изгледот не е целосно пресуден. Секој/а сака да биде покрај убава личност.
Но лепотата е пролазна викаат. Има други особини кои покрај убавината мора да бидат присутни,т.е. секој човек има свои критериуми и желби кои сака неговиот партнер/ка да ги има. Нормално ако добро ја познавате личноста која ја посакувате можете уште од старт да претпоставите дали би ви успеало нешто и дали би биле заедно.
Карактерот, начинот на однесување, манирите, гестовите и останатите финеси према неа но и према другите (што е доста важно) се цврстината на една врска и поврзаност. Можноста и желбата за адаптација кон и со партнерот е пресудна...
Запознајте се темелно со партнерката, пробајте да најдете златна средина но не по цена на својот карактер. Папучари и мекуши во никој случај не се добар опис за еден маж.