Љубовен Каскадер
fekalija
- Член од
- 28 декември 2011
- Мислења
- 4.371
- Поени од реакции
- 6.209
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ми се јави да ми побара помош и совет за една нејзина ситуација, од човечност отидов да се видам и да и помогнам колку можам, за на крај да признае дека била со друг.......
Или па неаме бивши девојки.Се препознаа.![]()
Или па неаме бивши девојки.
Вашата бивша девојка ви се јавува за помош и совет за одредена работа, за да на крајот од вечерта ви признае дека има друг и дека со него спиела а притоа цела вечер го игнорира тоа за да на крај признае. Како би изреагирале на тоа ?
Шлаканицата ќе ја боли 10 минути, твоето некуроболие ќе го памти вечно.
Види, најпрво навистина не ја разбирам потребата од средба со бивши партнери ако имаш нова врска. Ако врската е функционална, премногу непромислено ризикуваш да ја изгубиш, бидејќи тековниот дечко или девојка не само што нема да е воодушевен/а од самата средба, туку позначајно е што не ни помислуваш кога ти е веќе убаво со некого, да докажуваш и покажуваш некому од минатото било што... А, ако некој мисли дека средбата ќе помине незабележано, ќе потсетам дека не живееме во милионски градови, туку напротив во такви каде е дури заморно колку немаме избор во однос на тоа колку (не)сакаме да знаеме за другите...
Доста имам размислувано на тема кого всушност помниме најмногу, иако сите бивши ги помниме доколку немаме некакво нарушување на меморијата... Мислам дека мажите генерално ја помнат најсилно онаа што најмногу ја сакале, а жените оној кој најмногу ги сакал, бидејќи обично натаму посегаат во своите спомени кога имаат потреба од тоа. Затоа приматот барем во спомените и посебното место во емоционалниот и его-суетниот склоп не оди кај оној кој ја поразил со најсилно некуроболие, освен ако не бил најзначаниот нејзин избор (на кого потрошила најмногу емоции, време итн.), за сите останати се возвраќа со подеднакво невагиноболие
...
Како тоа не разбираш, па женско си. Дури и да не си од тие класичните, сепак по полова диференцијација треба да ти се јасни овие работи. Пишав во претходмиот пост. Цената не е битна, ризикот не е битен, кај жените е битно една работа само-Нив да им е убаво на ду(нд)шичката. Сите ризици и опасности се исплатат, она така гледа на тоа. А она сака да знае дека бившиот уште жали по неа, тоа за неа е доказ дека она него уште му е битна, уште ја мисли и не може да ја заборави, дека e опседнат со неа. Исто и претходно пишав дека машката опседнатост со неа е главен фактор за женската среќа. Исто сум кажал дека на жена и сите пари и моќ на светот да и ги дадеш ама под услов ниту едно машко повеќе до крај на живот да не пројави интерес за неа, таа бргу ќе пропадне (духовно). Така да она мора да си ја смири душичката дека бившиот уште тражи ѕид да главу удари (пак Аца Лукас). Тоа што она сега има дечко па дури и добро да и иде со него е сосем друг муабет и тотално небитно со другиов случај од нејзина перспектива. Сегашната врска си е сегашна врска, но бившиот да страда по мене е сосем друга работа, сосем друга екстаза. А за таа дрога ниедна цена не е превисока.
Апсолутно не се согласувам со тебе. Да, мажите ја памтат таа што најмногу ја сакале, ама жените го памтат оној над кого што имале најмала моќ, оној кој бил најрамнодушен, оној кого не успеале да го изиграат по нивни терк. Оној што најмногу ја сакал е лесна играчка, лесен плен неинтресно. Како да одиш во лов на желки или пак со флиперски термини како да ја играш првата стаза со играта која е и најлесна цело време. Како и што пишав на други теми, жените се како деца а мажите ги гледаат како играчки. Не е интересна лесно достапната играчка туку онаа по која тешко се посегнува, така и мажот кој е нјацврст не и се предава, не му е до толку она битна на него го става секое класично женско во позиција на излудување. Таквиот тип на маж ги потопува нејзините способности, целата суштина на нејзиното постоење е доведено во загрозеност. Тоа баш тебе ти го објаснував во една друга тема, тука за да не се повторувам
http://forum.kajgana.com/threads/Какво-однесување-ги-привлекува-жените-или-sussaro-style-против-Шкорпион-style.65163/page-22#post-5518052
Девојката секогаш ќе ја боли оној бивши дечко кој бил најиндиферентен кон неа. Рамнодушноста е најголемата болка што можеш да и ја нанесеш на едно женско, нејзиниот најголем страв. Фобијата дека при евенутално раскинување на врската дечкото бргу ќе ја преболи и замени би бил за неа поразителен.
Сето ова не им е јасно на машките, оти не размислуваат аутсајд д бокс туку се водат по своја машка логика-ако ме чешаат јајцата ќе ги чешам, ако ми се јаде ќе јадам, ако дошло да се тепаме во кафана ќе се тепаме во кафана. Нивното размислување и делување е најчесто едноканално, затоа машкото како машко е симплицирана форма на делување и резноирање по базична логика. Тоа не значи дека се нискоинтелигетни, туку само дека не усложнуваат работи. Машко и доктор на науки да е и преполн со знаење пак работи по истиот принцип-колата нема уље-оди и смени и, гледаш смешен филм-смеј се, те изнервирала девојка ти-расправај се со неа. Затоа и се многу лесни за комуникација и хендлање. Од друга страна женското функционира на други драјвери. Не ги влажнат истите работи, имаат многу перфидни и подмукли начини на функционирање, сплеткарошење, интриги и садистички нагони за хранење на его. И тука настанува тоа недоразбирање и чудење на машките зошто она му раскинува после 5 години иако имале супер врска (ова е само еден пример). Ако сфатиш на што гориво работат, после тоа е многу поелсно да предвидиш постапки.
А-хам, имам полова ,,квалификација,, по која морам да разберам... Искрено, лично јас никогаш не сум отишла на средба со бивш дечко дури имам нов дечко, да го мерам неговиот степен на хендбег од некој армиран ѕид по мене
... Ако разберам дека мојот дечко си организирал ваква средба со негова бивша, ќе ја прекинам врската... Постои нешто именувано како почит, а таа се заслужува, затоа штом решам да имам врска, тоа го правам со личност која ја почитувам и чија почит што сме заедно треба да ја оправдам, а многу значаен момент тука е што две возрасни личности треба да стапат во врска кога сите нивни минати врски се завршени и запечатени на сите нивоа... Личности кои играат на карта резерва, кои имаат недовршени сметки и уште наплатуваат некои камати на некакви рати за неизбалансирани салда од минатото, мене не ми се потребни, ни па јас сакам да бидам таков ,,играч,, ...
Не си во право околу делот со помнењето. Види, сите посегнуваме по спомените кога сакаме да ни предизвикаат пријатни чувства, спротивното би било кристално чист мазохизам... Мажите се суетни битија, надворешниот одраз им е многу значаен, затоа обично најмногу губат глава по жената која ја идеализирале најмногу, баш онаква по која им течеле најмногу лиги на другите мажи кога ќе ја виделе, згора на тоа ако била и образована, од добро семејство итн. итн. секоја позитивна особина го крева нејзиниот скор и неговата гордост поради таквиот трофеј, затоа таквата девојка е ултимативната среќа и ако таа припаѓа на минатото, таа ќе биде споменот по кој тој ќе посегне кога му тонат бродовите или кога сака да го долови, барем за миг, времето во кое најмногу се чувствувал свој на своето... Кај жените е обратно, тие го сакаат споменот на оној дечко кој ги гледал со посебен сјај во очи, кој едвај чекал да си дојде од работа, за да и‘ се јави и признае дека ја мислел цел ден, оној кој крои планови за нивната иднина, кој внимава во секој поглед на своите зборови и акции, како дури и ненамерно не би ја повредил... оној за кој била вистински посебна, кој не морал ни да го изговори тоа за да таа знае. Иако скоро секоја жена имала и некој манипулативен идиот, кој играл мајнд фак игрици на доминација и сл. и бил експерт на полето на емотивното некуроболие, сепак тој е лош спомен и не, никоја не се сеќава на ваквиот бивш, кога сака да го оживее минатото...
Се согласувам со делот дека жените се далеку поподмолни, играат задкулисно со најнепредвидливи девалвации и пресметани калкулации, со почитување на правилото дека се‘ е дозволено, а ферплеј-от го дефинираат крајно субјективно, кога е еквивалентен на нивните цели, небитно колку е етички исправен... Иако сум жена, повеќе се пазам од жените и со многу помала доверба им пристапувам, ретки се оние кои успешно се издигнуваат над малициознта подметнувачка природа, во чиј корен лежи крајниот егоизам... Ама, од друга страна, не можеш да ме убедиш дека во 5 год. машкото не видело никави знаци дека врската му е дисфункционална, па сега му ја даваш улогата на целосна жртва на околностите... Иако, оваа улога знае да е удобна и многумина од двата пола ја злоупотребуваат, ама оној кој со години замижувал пред своите проблеми, јас искрено не гледам зошто би го сожалувала, освен ако не е навистина дотолку глупав, ама не верувам дека тоа е причината, според која си го навел примерот... Со други зборови, ако си станал жртва, си ги дозволил, преќутно барем условите на жртвување, бидејќи никој, ама баш никој не си дозволува повеќе од она што му се дозволува од другата страна...
![]()