Феноменот: Раскинување на долга врска, веднаш започнување на нова врска и веднаш брак

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.714
Поени од реакции
22.212
Насловот не ми е склопен најубаво, муабетот ми е една ситуација што и порано ја среќавав неретко, а сега и почесто. Се повеќе гледам ситуации кога пар што имале милионгодишна врска, раскинуваат и едниот а неретко и двајцата, веднаш започнуваат нова и после само 2-3 месеци слушаш дека ќе се земат. Ако се луѓе што се така да ги кажам условно склони кон брак, зошто чекале толку долго и зошто во првата врска не влегле во брак? Ако не се склони кон брак, зошто сега одма после започнување на новата врска, се женат? Освен ако нешто радикално не се променило, што им текнало после миљарда години да раскинуваат? Ако не им чинело што се влечеле до сега? И колку треба да се вундеркинди за после 2 месеци (условно кажано де) врска да сфатиш дека баш со таа особа треба да се венчаш. Не дека немам претпоставени одговори, и не дека се чудам на прашањава, ме интересираат ваши мислења од ваш агол за овој феномен.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Баш е феномен.
За некои од прашањата можам да одговорам, бидејќи завршив една предолга врска, ама немам нова врска, а со тоа и брз брак.
Долгите врски се раскинуваат од причина што премногу имаш време со партнерот, немаш други работи на кои да мислиш, во смисла правење куќа, деца, инвестирање во заеднички живот, се расправаш со него цело време. Сфаќаш дека не можеш така цел живот, и завршуваш со врската. Или пак те фаќа страв од брак. Или се она што ти сметало и кое толку време ги го толерирал, веќе не можеш да го трпиш. АКо бил брак, наместо врска, повеќе ќе се трудиш поради деца, пари, срам развод(не е исто со раскин) и немало да дојде до пропаѓање на врската.
Јас, што се однесува на моето искуство, во еден момент си го погледнав идниот живот и сфатив дека не можам така засекогаш. Однесувањето на партнерот ме ужасни. Е сега, можно е да се случи ако ми се допадне некој, кој има се што митреба, а се однесува со мене баш онака како што сакам, а не онака како што претходно сум била третирана, да посакам да се врзам. Времето, годините, можеби ќе ме убедат да побрзам. Оти од долга врска нема фајде, ама пак не е нешто што можеш многу да го контролираш. Врската почнува во средно, па мораш на факултет, па да се вработиш, па да се средиш....И годините си минат.
Една моја блиска раскина 10 годишна врска, се омажи со друг по само 2 месеци, роди дете и се разведе. Ништо не е сигурно на светов.
 
S

Sagan

Гостин
1. Знаат дека истите караници и ладења ги чека и со новиот партнер, па брзаат убавиот период да не им биде надвор од бракот.
2. Влегуваат во брак бидејќи почнале да не веруваат во љубов: со кој и да се земат, мислат дека чуствата на крај ќе згаснат.
3. Од страв дека заради тешки сентименти на приврзаност и навика, постои “опасност“ пак да се вратат на стариот партнер.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Од страв да не им отиде возот.
Обично во долгра врска очекувањето е дека тоа е тоа, евентуално ќе завшри со брак. На тоа додај ја Македонската тенденција на "го следам и правам тоа што го сакаат и очекуваат сите од мене а не тоа што јас го сакам" и ете ти.
Иделе неколку години, едниот или двајцата очекувале брак, се спукуваат...имаат веќе солидно години. Во наредната врска скокаат како да ги брка оној терминатор џандарот од терминатор 2 и го избрзуваат бракот, па после гледаме разводи нефункционални семејства и курци.
Се е тоа од тој пусти страв.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Од моја гледна точка влегуваат во брак затоа што се плашат да не останат сами. Ако биле во врска 5-6 години, па и повеќе си велат времето не гази и се нема пак на располагање толку време, и да се биде пак во долга врска истото е кога тогаш ќе има оладување. Затоа прва прилика и брак. Но мене ме чуди тоа што повеќето мислат дека со самото стапување во брак се решаваат проблемите, дека веќе штом има документ се на сигурно, како тоа да е гаранција дека повторно нема да останат сами и дека ќе имаат среќен брак.
 
А

Антоние

Гостин
Мммхххх муабетов како кец на десетка.

Една моја пријателка искачаше со дечко и нешто повеќе од две години. Таа апсолутно го обожава типот. Цело време збори за тоа како се лудо заљубени. Секој ден тие беа заедно и често одеа на долги патувања итн. Таа е 27 и во последно време почна да ми кажува како сака да се сврши и како тоа неможе да чека засекогаш. И така, со математичка прецизност таа му даде на нејзиниот дечко ултиматум преправен во форма на прашање.

Каде оди нашава врска?

Не и се допадна одговорот и го остави истиот ден. Си ги спакува работите и пуф ја снема. За помалку од 3 месеци подоцна таа е во сериозна врска со нов дечко. Ќе се пресели кај него оваа недела. Планираат да се свршат па да се венчаат. Дури има муабет дека на пат е и бебенце.

Што се случи?

Жените се тешки кога станува збор за нивните агенди и тоа што го сакаат. Им го признавам ова. Они едноставно не се заебаваат со вакви работи. Без разлика колку мислиш дека си кул, во врската никад не е мажот у прашање. Мажите треба да сфатат дека само затоа што женската сака да се пресели кај тебе, или да се омажи со тебе не значи дека те сака највеќе. Ти уопште не си специјален за нејзе.
 
Хахахаха каква теза, ме изнасмеа да не пукниш (шо би рекле Охриѓани). Лајк!!!
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.215
прво оставиле мајка природа да ги среди работите, па одкога таа потфрлила а во меѓувреме начукале еден куп години во га..т наеднаш сваќаат дека изборот на партнери драстично им се намалил и ги земаат работите во свои раце. тука има и голема доза на инает која предначи кај понежниот пол( незнам зошто најверојатно поради поврзаноста на жичките во главата), од типот на аха мислиси дека само ти си или ке трчам по тебе или во таа шема нешто и завршуваат со првиот кој ке им падни во раце. тука има малце доза на страв дека ке останат стари чупи па стандардите се спуштени на пола копје и тоа е тоа. за брзо време брак детенце и леле колку сме среќни!!
кај мажите е малце поинаку и им треба подолго време да влезат сериозна нова врска прво ради слободата која ја добија по толку време, а друго дека се машки.
сепак како викаат дури кучката не мрдни со опашката(не дај ишарет дека е спремна за парење, песот не оди), така е и кај луѓето. женските во поодминати години кои излегле од долга врска мавтаат со знаменце дека им е време за мажење(парење).
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.130
Од страв да не им отиде возот.
Обично во долгра врска очекувањето е дека тоа е тоа, евентуално ќе завшри со брак. На тоа додај ја Македонската тенденција на "го следам и правам тоа што го сакаат и очекуваат сите од мене а не тоа што јас го сакам" и ете ти.
Иделе неколку години, едниот или двајцата очекувале брак, се спукуваат...имаат веќе солидно години. Во наредната врска скокаат како да ги брка оној терминатор џандарот од терминатор 2 и го избрзуваат бракот, па после гледаме разводи нефункционални семејства и курци.
Се е тоа од тој пусти страв.
Мммхххх муабетов како кец на десетка.

Жените се тешки кога станува збор за нивните агенди и тоа што го сакаат. Им го признавам ова. Они едноставно не се заебаваат со вакви работи. Без разлика колку мислиш дека си кул, во врската никад не е мажот у прашање. Мажите треба да сфатат дека само затоа што женската сака да се пресели кај тебе, или да се омажи со тебе не значи дека те сака највеќе. Ти уопште не си специјален за нејзе.
И да додадам уште нешто
Жените за разлика од мажите се далеку повеќе и порано запознаени со оружјето наречено разум. Они се способни да го искористат неговиот максимум. Рецимо имаш цура која бара брак. Тоа е најчесто ради сигурност, не ради емоции/љубав/романтичарски идеи. А типот мисли да ја зеде затоа што е заљубен во неа (зборам за брак на пониски години (24 - натака) И тука се спукуваат стварите кога он сфаќа дека она е тука само како во прибежиште. Сеа до него е колку ќе толерира. Ако успеат заедно јебеш га. Он стварно ја сака а таа со тек на време ќе си ги смири страстите наоколу.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
"He says: "I don't love women. Love has to be reinvented, we know that. The only thing women can ultimately imagine is security. Once they get that, love, beauty, everything else goes out the window: all they have left is cold disdain, that's what marriages live on nowadays. Sometimes I see women who ought to be happy, with whom I could have found companionship, already swallowed up by brutes with as much feeling as an old log..."

Појасно сега?
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Мммхххх муабетов како кец на десетка.

Што се случи?

Жените се тешки кога станува збор за нивните агенди и тоа што го сакаат. Им го признавам ова. Они едноставно не се заебаваат со вакви работи. Без разлика колку мислиш дека си кул, во врската никад не е мажот у прашање. Мажите треба да сфатат дека само затоа што женската сака да се пресели кај тебе, или да се омажи со тебе не значи дека те сака највеќе. Ти уопште не си специјален за нејзе.
Хаха за ова си потполно во право, кога тогаш ќе падне прашањето за брак, а со тоа и ултиматумот. Една другарка имаше сличен случај. Беше во врска некаде 5-6 години, речиси секој момент очекуваше дека ќе ја побара за жена, зошто веќе неколку пати му беше напоменала дека сака да стапат во брак. Ама дечкото и прифати некоја работа на страна и бракот и се одложи. За тоа време таа си најде нов дечко, според неа и многу подобра прилика и за брзо време се венчаа. Еднаш неколку другарки седнавме на кафе, беше и таа и така како што се вика уз муабет една друга другарка и рече зошто го остави ма, како се одлучи така одеднаш да влеташ во нова врска, па и брак, а оваа изреволтирана почна како навиена да зборува " што ма, до кога да го чекам, до кога, ма фала му на господа името да му се слави што ми ги отвори очите, па не можам цел живот да го чекам, до кога да чекам... (тука малку замолче за потоа како од топ да испука), до кога да го чекам, до кога.. па наредната година е престапна година, јас во престапна не сакам да се мажам и до кога да го чекам...јас веќе тука се зајдев од смеење, понатаму не ја ни слушнав што кажа :ROFLMAO:
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Од моја гледна точка влегуваат во брак затоа што се плашат да не останат сами. Ако биле во врска 5-6 години, па и повеќе си велат времето не гази и се нема пак на располагање толку време, и да се биде пак во долга врска истото е кога тогаш ќе има оладување. Затоа прва прилика и брак. Но мене ме чуди тоа што повеќето мислат дека со самото стапување во брак се решаваат проблемите, дека веќе штом има документ се на сигурно, како тоа да е гаранција дека повторно нема да останат сами и дека ќе имаат среќен брак.
Не мора да значи дека стравот од времето е причината. АКо некоја му раскинала на дечкото по 6 години, не значи дека сакала да се мажи, па му раскинала. Ако стравот от ВОЗОТ е голем, ќе го земела и него, барем ќе биде на познат терен.
Кога им раскинале, е веќе тогаш гоното може да е точно.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Не мора да значи дека стравот од времето е причината. АКо некоја му раскинала на дечкото по 6 години, не значи дека сакала да се мажи, па му раскинала. Ако стравот от ВОЗОТ е голем, ќе го земела и него, барем ќе биде на познат терен.
Кога им раскинале, е веќе тогаш гоното може да е точно.
Не мора да значи, ама во повеќе случаи е така. Општо гледано кај нас оние што ја минале 30та, а не се во брак и се додава епитетот '' стара мома, стар ерген'', што е сосема апсурдно. Е, сега има луѓе кои по секоја цена сакаат да го избегнат тоа етикетирање, па каков таков важно брак да е.
Инаку ако се зборува за причини ги има многу, јас само оваа ја набројав.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.704
Поени од реакции
19.765
Другар и другарка идеа 15 години.. 15 години да повторам, и се така ај денес утре задутре демек да се земат а цела вечност се заедно, и типов доби ко демек обука у Египет, отиде и пред да си дојде едно 2 месеци на мејл му раскинала момава, со муабетот дека ќе се мажи за друг...o_O ко гром од ведро небо, ексјуз било демек секогаш он наоѓал рачки да одоговлекува зимање и затоа она се решила на таков чекор,човече после факин 15 години, ја навистина незнам што психа од човек ќе е да ти текне после 15 години дека неможеш веќе да чекаш, кога тоа веќе па третина животен век ти отишол, како и да е никад не сум практикувала долги врски значи под долги подразбирам над 2 години, со мојот ми сопруг се влечкавме 1 година и се венчавме.
 
My point exactly
Во предлогите врски на еден начин дознаваш апсолутно све за другата страна и таквата врска станува наеднаш здодевна. Успешноста во бракот на еден начин се постигнува и преку откривање на некои заеднички особини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom