Најголемите неправди на доделувањето на Оскарите

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Исто како Иосоно морам да кажам тоа што највеќе ме изнервирало кога разбрав.
Shakespeare in Love беше добар филм, ама La Vitta e Bella е за мене нешто неверојатно. Тоа уште неможам да го сфатам.
 
I

Intex

Гостин
Requiem for a dream не беше ни номиниран 2001-ва, A Scent of a woman исто, за Matrix-от се разочарав кога прочитав на времето. Darling, да се кладиме оти годинава нит Натали Портман, нит Black Swan ќе зема Оскар?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Види, годинава е добра, ќе фрлат од се по нешто во изборот. Ако не земе Black Swan а земе The Social Network нема да биде чудно зошто вториот е од тип на филмови кои сите ги сакаат, а првиот е доста тежок. Ако пак не земе ни The Social Network а земе Inception ја ќе сум лут ама и тоа е разбирливо, ако им се турка блокбастер оваа година.

Ама ако не земе Натали Портман треба да има организирани протести :)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.362
Поени од реакции
30.764
Requiem for a dream не беше ни номиниран 2001-ва, A Scent of a woman исто, за Matrix-от се разочарав кога прочитав на времето. Darling, да се кладиме оти годинава нит Натали Портман, нит Black Swan ќе зема Оскар?
Па ако не земе наместено е реков. Мислам дека нема потреба да го постирам стрипот одново.
Може Натали ќе го земе оти ја има таа "еврејска" ѕвезда, ама филмот може да изгуби од The Social Network (кој што според мене е обична историска драма со неточни податоци.) и The King's speach.
Малце попресно, мислам дека Анџелина Џоли кога беше номинирана за оскар за улогата во Changeling требаше да го земе.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Па ако не земе наместено е реков.
Не, не мислам дека се работи за наместено туку за вкусот на Холивуд и се разбира има тука индивидуално и по нешто лобирање ама не е во степен на завера. The Social Network е многу добар филм според мене, пишав рецензија, а дали се неточни податоците: во сите такви филмови се неточни. Но тоа не е предмет на дискусија кога се работи за квалитетот на филмот. Во секој случај, јас ќе навивам за Swan, но нема да биде трагедија и ако загуби од Social Network.

За Portman, обично им се случува на таквите улоги, спомнав и за Diane Lane во Unfaithful. После ќе им дадат компензација за некоја глупава улога и тоа е...
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
И како можеше Бред Пит да не е ни номиниран лани за Оскар??? Аман до кога ќе го дискриминираат човеков.
Ако Бред Пит заслужува оскар, тогаш оскарот го губи целиот престиж и важност. Бред Пит е далеку од квалитетен глумец, со неговата популарност и изглед се изборува за улоги во големи филмови.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Ако Бред Пит заслужува оскар, тогаш оскарот го губи целиот престиж и важност. Бред Пит е далеку од квалитетен глумец, со неговата популарност и изглед се изборува за улоги во големи филмови.
Ова е дискутирано многу пати и во главно не се согласуваме со тебе.
Хинт: види постари дела на Бред Пит.
 
Н

'Никола'

Гостин
Ова е дискутирано многу пати и во главно не се согласуваме со тебе.
Хинт: види постари дела на Бред Пит.
Остај постари, само Inglorious (не знам точно како се пишува:)) нека го види од "новиве", и доста е.

Иначе за оскариве, лани ко што направија епик фејл, мислам дека годинава и да сакаат не можат. Има добар избор на филмови.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Остај постари, само Inglorious (не знам точно како се пишува:)) нека го види од "новиве", и доста е.

Иначе за оскариве, лани ко што направија епик фејл, мислам дека годинава и да сакаат не можат. Има добар избор на филмови.
Спомнат беше Пит за Оскар за Инглориус, ама не му се допаѓа, затоа му предлагам постари како 12 Monkeys, Interview with the Vampire итн...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Том Круз и Џон Траволта немаат оскари и нема ни да добијат покрај сите номинации :icon_lol:.

А мислам дека заслужуваат....
 
А

Анноун

Гостин
1. најголема неправда е ланската , со америчкото воено гомце . дај му на brothers оскар ако мора до толку .
2. 2002 , најдобар странски филм Ничија Земја , а не Амели Пулен . Политика над уметност , јеби га . Овие и двата заслужуваат оскар , ама од амели пулен подобар европски филм неам гледано .
3. 2009 шон пен за педерската улога пред бред пит во бенџамин батон . и онака ги има дузина оскари пен , не гледам зошто мораше пак нему да му дадат. пит, клуни , ди каприо , деп остануваат на листата , "ќе попричекаме уште 15-16 години" .
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
1. најголема неправда е ланската , со америчкото воено гомце . дај му на brothers оскар ако мора до толку .
Немаше „хероизам“ во Brothers ама да, барем беше добро филмче, со добра актерска екипа.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако Бред Пит заслужува оскар, тогаш оскарот го губи целиот престиж и важност. Бред Пит е далеку од квалитетен глумец, со неговата популарност и изглед се изборува за улоги во големи филмови.
Само би оделе оф топик со муабетов. Човекот глуми, заслужи оскар во повеќе наврати, само што таа негова популарност и убавина иронично му се најголема пречка да ја добие наградата. Ајде здравје на 80 години, ќе му дадата еден за животно дело, колку да го потапкаат по рамо.
Инаку што се однесува до Оскарите бидејќи сега веќе има 10 филмови во конкуренција, може да не стрефи некое изнендаување, мада јас ставам пари во кладилница на The Social Network, иако го немам гледано Black Swan, некако филмов на Финчер ми е компромис за сите, и публиката го сака и критиката. Додуша чекам да го гледам The Fighter, дур не го гледам него не ми е комплетна сликата за овогодинешните номинации. Ајде ќе видиме Златните глобуси како ќе поминат.
 
I

Intex

Гостин
Ако Бред Пит заслужува оскар, тогаш оскарот го губи целиот престиж и важност. Бред Пит е далеку од квалитетен глумец, со неговата популарност и изглед се изборува за улоги во големи филмови.
Си го гледал во Мајмуните? Е таму е полуд отколку што би можел лудак да биде. Гледај го, нема да зажалиш.
Том Круз и Џон Траволта немаат оскари и нема ни да добијат покрај сите номинации :icon_lol:.

А мислам дека заслужуваат....
Јок. Просечни актери, биле убави на времето и успеале да се пробијат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom