iksimkd
ШшшШшшШ...
- Член од
- 31 јули 2007
- Мислења
- 5.000
- Поени од реакции
- 2.184
Курир ексклузивно дознава дека Субрати Рој, мултимилијардер и магнат од Индија, сопственик на компанијата Сахара Индија Паривар, која вработува над 2 милиони работници, утре пристигнува во Македонија, и е прогласен за еден од највлијателните луѓе во Индија.
Посетата на познатиот индиски стопанственик, доаѓа како резултат на поканата за посета на Македонија која беше врачена од страна на македонската влада, за време на економската турнеја во Индија каде беше извршена промоција на нашата земја како поволна дестинација за инвестиции и водење бизнис.
Според нашите информации, Субрати Рој ќе престојува неколку дена во нашата земја, при што ќе посети повеќе локации на кои би можел да оствари инвестиција во различни дејности или сектори, меѓу кои земјоделството, образованието и туризмот.
Нашите извори велат дека претходница на посетата на Субрати Рој е веќе пристигната во Македонија, и истата е предводена од неговиот син Сушанто Рој кој веќе во има остварено подготвителни средби со македонските власти.
Компанијата на Субрати Рој, Сахара Индија Паривар, се занимава со реализација на проекти во повеќе сектори, како што се хотелиерството, изградба на инфраструктура, станбена изградба, осигурителен бизнис, медицински установи и информатички технологии, а богатството на познатиот индиски магнат се проценува на 63 милијарди долари.
Курир дознава дека Субрати Рој треба да пристигне на аеродромот Александар Велики во текот на утрешниот ден во утринските часови. Се очекува во рамките на неговата посета и престој во Македонија да оствари неколку средби, меѓу кои и средба со премиерот Никола Груевски.
Извор: Курир
Многу милијардери и магнати дојдоа годинава во Македонија ама тешко кој остави барем еден мал дел од своето богатство како инвестиција во Македонија. Ако, сепак убаво е вака кога гледаме како политичариве наши се дружат со светски познати фаци и милијардери, ако ништо друго барем на по едно кафе да излезат да се напијат и да стекнат повеќе пријателства.
ПС: Луѓево имаат повеќе пари отколку целиот Буџет на Р. Македонија! Која пара еј!