Најголема полициска акција против организираниот криминал во Босна и во регионот

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Во последниве неколку дена се уапсени четириесетина лица осомничени за шест убиства и оружени грабежи на банки и возила за превоз на пари во вредност од повеќе милиони евра, шверц на дрога и други сериозни кривични дела.

Идентитетот на упасените засега не се соопштува бидејќи има барем уште толку осомничени по кои се трага, но се знае дека меѓу нив има високо-поставени официјални лица.

Полициите на Србија и на Црна Гора исто така учествуваат во операцијата бидејќи голем број од осомничените се државјани на овие две држави.

Директорот на агенцијата СИПА, Горан Зубац, вели дека ова е почеток на крајот на организаираниот криминал во Босна и Херцеговина.

http://www.klix.ba/vijesti/crna-hronika/zubac-ovo-je-pocetak-kraja-organizovanog-kriminala-u-bih/120912057


.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
браво браво.. време е и босна да се собере и да почне да функционира како права држава... нека мрднат малце напред и они
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Босна со дејтон никад нема да се собере. Сега си игра индијанци и каубојци со криминалци. Кај и да е ќе се распадне на три дела.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Тоа не е ништо...
Тие фатиле неколку обични крадци..
Но главните криминалци се други луѓе. Тие работат „ легално “, увоз - извоз, приватизација, квоти, повластени тарифи, енергенси и слично.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Не е баш така, ова е најголема акција против организираниот криминал на територијата на поранешна Југославија.

Бројот на уапсените, меѓу нив и поранешниот шеф на одделот за борба против дрогата на Босанската државна агенција СИПА како и на високо поставени членови во државниот апарат, расте. Спремени се кривини пријави за други 43 осомничени, а сигурно ќе има уште.

Се работи за обид да се размонтира главната криминална организација во Босна, која што има изданоци во Србија и Црна Гора (и незначително во Хрватска).

Една од сновните цели на операцијата "Кукла" е да се уапси главниот на таа организација -- според изјавите на СИПА, и мозокот на организараниот криминал на Балканот -- Насер Кељменди.

Кељменди е Албанец од Косово, ставен на црната листа на САД заради трговија со дрога (хероин и кокаин). Според Министерството за Трговија на САД, Кељменди ја предводи една од најјаките Албански мафијашки фамилии. Неговиот кум и најблизок соработник, Мухамед Гаши, пак е главешина на Албанската мафија во Босна.

Кељменди поседува голем број објекти вкл. локали и хотели во Босна, Србија, Црна Гора и на Косово.
СИПА посебно се заинтересирала и извршила претрес на неговиот хотел на Илиџа до Сараево.

Кељменди е во бегство. Полицијата денес соопшти дека пребегал во Пеќ на Косово (првобитно се мислеше дека избегал во Црна Гора).

Насер Кељменди
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ќе го дојде тука ќе го правиме парљаментарец.
Нека го апсат тогаш има да го делиме Македонија.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.209
Поени од реакции
18.324
Интересно, најблизок соработник на Келменди е Бесник Исмаили, по потекло од Тетовско, жител на Тузла.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom