Точно е дека има прашања кои се поставуваат само формално, и најчесто имаат толку логичен одговор што е навистина глупаво да се постават. Меѓутоа, логиката подразбира активација на ќелии во мозокот, процес кој понекогаш знае да биде измачувачки. Eве неколку мои забелешки по однос на анализата на Мистичен
Како си?
Chat Up-Line број 1, кога станува збор за разговор помеѓу познаници или пријатели. Ако не е таков случајот и се наоѓате пред реална опасност...Потенцијално досадните муабетџии кои уживаат да ви го масираат мозокот ќе ги одвратите од вас со детален приказ на емотивното искуство поврзано со вашата тврда столица која веќе 4 дена страшно ве мачи... Муабетот works like charm
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Aли по некое време ќе слушнете дека сте биле серко. Тоа е... Вреди!
Дојде?
Мистичен напиша:
Ова е ултимативно и без конкуренција најглупото можно прашање.
Постојат ситуации кога ова прашално зборче има за цел да замени еден муабет/односно монолог кој од устата на оној што чекал би звучел приближно вака: "Аха... значи конечно ја најде куќата, а? Е фала богу... Сега полиција ќе барав... Што се договараш со мене кога незнаеш да ги распознаваш стрелките на саатот.. Дали си ти одговорен? Утре треба..." -и така натаму...На уметникот кој еден цел бесполезен муабет ќе го замени со вака генијално конципирано зборче, кое ионака нема да го испрецепираме воопшто, му симнувам капа... Less is more!
Што си во хороскоп?
Мистичен напиша:
Седите пијани и ви приоѓа некоја девојка полна со ентузијазам и ве прашува: "А што си во хороскоп?" На неа ова и е многу важно, затоа што во своето мало и слатко главче во момент ќе пресмета дали има смисла да продолжи да комуницира со вас или ќе ве остави и понатаму да седите сам.
Предлагам да одговорите -
пијаница. Па девојката нека удри математика дали и вреди да се мачи за дечкото на кого Смирноф-от му е во асцедент, Т'гата во петтата куќа, а во подзнак е Walker.
Ти си од Скопје? Еј, го знаеш...
Мистичен напиша:
...Неверојатно е како секогаш кога ќе запознаеме некого кој е од место во кое имаме некој познат, имаме потреба да го испрашаме дали можеби го познава, без обзир дали се работи за некое село или главниот град...
Посебен е филингот кога некој од
поголемите конверзира со некој од
помалите градови. На пример мене, како Охриѓанец често ми се случува кога прв пат запознавам луѓе од Скопје да ме запрашаат: Дали го познавам Ристе, кој возел црвена Лада Рива со дупнат ауспух и имал сестра Мара која 98-ма година август месец имала црвена коса; Или Климе... Како кој Климе? Па мора да го знам Климе... Не дека е посебно познат, али мора да се знам со сите мои сограѓани.
Кога ќе го слушнам ова прашање, го игнорирам и кажувам брз виц, а потоа отсечно со неколку кратки удари под појас дури прашувачот е збунет му ја објаснувам бесмисленоста на горенапишаното
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Или возвраќам во трипати по замарачка форма, прашувајќи го него дали ги познава Трајко, Петко...тука едноставно со големо задоволство ја пуштам имагинацијата да работи... Ако не сум задоволен од ефектот на контранападот, сепак ги применувам методите на
игнорирање, брз виц и отсечни удари.
-------------
Special Bonus Stupid Question:
Што планираш?
Па, да се оженам до 30-та, ако даде бог, ако не кога ќе си дојде времето... Планирам да имам 3 машки деца; Факултет да се заврши, бизнис некој да се бркне, немора да имам многу пари, али ако ми падне секирата во медот, планирам да купам куќа на Кариби и таму да... Молим? А
што планирам до крајот на денот те интересирало.... Па така кажи....
Special Ultra Stupid Question:
КАДЕ СИ?
Ѕвони мобилниот... Кревам слушалка и го веднаш го слушам ова екстремно глупаво прашање, кога е поставено од девојка со оштар тон, без притоа да направи интро со некое помалку глупаво прашање.
"Каде сум? Па злато мое, ако сакав да знаеш каде сум, ќе ти кажев и сам. Инаку ако инсистираш да знаеш- моментално сум во бордел, со црнкиња и азијатка во кревет... Да, да бордел... јас сум на средина меѓу двете, како мост на поврзување на истокот и западот. Извини, имам платено за два саата, а ми останаа 15 минути... Се слушаме покасно. Те сакам. Чао!"