Сахара на пладне. Јава бедуин на камила, изнемоштен од горештината, кога покрај него пролетува велосипедист. Бедуинот го запира и го прашува:
- Како може да јуриш по ваква горештина?
- Во тоа е штосот, колку побргу јуриш ветерот повеќе те лади.
Решава бедуинот да проба. Ја тера камилата по галоп, и така половина час, додека не цркнала.
- Да му се невиди, се смрзна! - резигнирано заклучил бедуинот.