Највисока вредност во животот

Која е највисоката вредност во животот?

  • Богатство

    Гласови: 2 0,7%
  • Среќа

    Гласови: 70 25,7%
  • Успех

    Гласови: 13 4,8%
  • Мудрост

    Гласови: 35 12,9%
  • Спокој

    Гласови: 33 12,1%
  • Љубов

    Гласови: 56 20,6%
  • Моќ

    Гласови: 6 2,2%
  • Слобода

    Гласови: 33 12,1%
  • Слава

    Гласови: 6 2,2%
  • Пријателство

    Гласови: 18 6,6%

  • Вкупно гласачи
    272
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Нема да гласам за ниедно.Зошто?Затоа што ни една вредноста ако е одтргната од другите,не е многу значајна..Можеби една од поголемите вредности е среќата,но и ако е само таа изолирана без друго останато,и таа ќе се претвори во несреќа....Кога сите би имале барем по мал дел од сите вредности што се набројани во анкетата,светот би бил поубаво место за живеење,а односите со другите луѓе би биле многу подобри од сега.....
 
kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
мислам дека само среќата е потребна тука..овие другите работи...ако ја имаш среќата ке имаш се и ке бидиш задоволен....значи најважно е среќа да имаш и ке постигниш се..дали на сакање или на нејкење..како велат за некој ко ке успее имал среќа нели?....и не би се сложил со постот над мене...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ахх, во која приказна од бајките живееш?
Сите знаме колку значат парите во денешниот свет
Еве да те прашам јас тебе нешто дали ти би се заљубила во некој копук шо неможе да ги исполни основните потреби за еден стабилен и нормален живот кој ние сите толку го посакуваме?
Дали ти би се чувстувала сигурна, и би живела еве не мора да навлегувам толку драстично, ама дали ти би излегла со некој кој нема пари едно кафе да те почасти или да ти овозможи една супер забава барем за Новогодишната Ноќ? Пред се парите па после се друго иде?
$$$$$$$Парите го вртат СВЕТОТ$$$$$$$$$ тоа е факт!

:smir::smir::smir:
Од кога спонзорството е во мода? Парите го вртат светот, затоа е цел свртен... НАОПАКУ. Значи ти прво кај девојката гледаш дали има пари да те почасти во диско, па после вредности а? Епа знаеш што? Баба ми и дедо ми почнале од апсолутна нула, од работење во фабрика, до сето ова што денес го има мајка ми, за да сега и таа создава за мене. Сакам да ти кажам, да не се учиш да ти паѓа се` од небо. И после... Девојките биле спонзоруши... Јас да, би се заљубила во некој кој знае како е да се` нема, побрзо, отколку во галениче на мама, кое ќе биде со мене за кеш.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
239
Поени од реакции
16
Ljubovta e najvisokata vrednost koja eden covek moze da ja poseduva.Da znaes nesebicno da ljubis, ne znaci samo ,da si SAMIOT SREKJEN, tuku i da usrekjis mnogu drugi okolu sebe, nesebicno davajki im del od svojata dusa, emocii,a vklucitelno i srekja.

Zatoa bi ja stavil ljubovta nad srekjata...koja e cisto egoisticko(samo za sebe) zadovolstvo..a odamna sum naucil deka svetot ne se vrti okolu nas samite...
 
MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
Од кога спонзорството е во мода? Парите го вртат светот, затоа е цел свртен... НАОПАКУ. Значи ти прво кај девојката гледаш дали има пари да те почасти во диско, па после вредности а? Епа знаеш што? Баба ми и дедо ми почнале од апсолутна нула, од работење во фабрика, до сето ова што денес го има мајка ми, за да сега и таа создава за мене. Сакам да ти кажам, да не се учиш да ти паѓа се` од небо. И после... Девојките биле спонзоруши... Јас да, би се заљубила во некој кој знае како е да се` нема, побрзо, отколку во галениче на мама, кое ќе биде со мене за кеш.
Кој рече дека треба да чекаш да ти падне од небо, или да бидеш галениче на мама, кој ти рече дека не треба да работиш за да стекнеш богатство?? Како што памтам јас тоа никаде не го констатирав, пред се зашто вредноста на парите се цени, доколку доаѓаат од твојата работа од твојата пот.
И можеби зашто твоите баба и дедо работеле толку напорно за тие пусти пари, за да не дозволат ти да осетиш колку парите можат да влијаат на твојот живот, и комплетно да го изменат. Тогаш зашто во минатото луѓето оделе во странство да спечалат некој динар, зошто не седеле дома со семејството каде што сите знаеме се наоѓа најголемата љубов? Зошто сите знаеме од љубов не се живи.
Хммммммм не ми е јасно што ме цитирате толку многу? Зарем ова нее Демократцко општество, секој си има право на мислење и право на говор. Можеби ваше право е да имате друго мислење, ама никако немате право да ме судите за МОЕТО мислење. Ке дојде тој ден кога ке осетите потреба од пари. Тогаш ке ви станат јасни многу работи посебно на вас (буџетарите). :smir::smir::smir:
Еве да те прашам тебе и сите фанови на љубовта. Зошто Циганите се толку несреќни и понижувани сите знаме имаат љубов колку цела Македонија заедно (раѓаат деца на 13год). Зошто луѓето во Африка умираат од разни болесни они не се луѓе немаат љубов или што? Сите знаеме што е причината, само нејќеме да ја погледнеме во очи и да речеме да така Е!
 
Јас гласав за спокојот. Не ги вади моите зборови од контекст, никаде не реков дека треба да немаш леб да јадеш, туку ти беше многу ригорозен со твојата констатација дека парите го вртат светот и дека СЕ` ДОАЃА ОД НИВ. Никаде погоре не си ја спомнал вредноста на парите кои доаѓаат од сопствената пот, туку само во последниот пост.Зошто денес луѓето одат во странство? За да купат куќа. Па таа куќа мала е, купуваат поголема. А срцето? Празно. Парите им служат за да се покажат пред другите. Да покажат што имаат. Љубовта нема никаква врска со парите. Дали си слушнал дека срцето не бира? Тоа што бира, е само расипаниот мозок, кој селекцијата ја прави на база на банковно конто. И престани да си ласкаш дека ние ќе се позамараме до толку за да те судиме тебе. Овде дебатираме. Ромите се понижувани токму од такви како ти. Дали некогаш си седнал да направиш 2 реда муабет со Ромско дете? И после сереш на форум дека се дискриминирани. Епа не се тие сами од себе дискриминирани, туку секој треба да тргне од себе. Ниту мразам некого, ниту некој ме мрази. Имам пријатели Роми, сум имала и љубов со Ром, ако толку многу сакаш да знаеш. И од тоа не ми е срам. Ако мислиш дека сите Роми се нечисти,гнасни ,крадци, тогаш си се заебал. Кога веќе алудираш на тоа дека Ромите се сиромашни во ред 18 и 19 од твојот пост, само да ти кажам дека тоа не е по етничка основа. Дали имаме парламент во кој има Роми? Дали им даваме да се школуваат на својот јазик? ДА! Ако не се квалификуван кадар, нормално дека нема да се вработат, а не ЗАТОА ШТО СЕ РОМИ. Секој според своите заслуги.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Јас мислам дека нема највисока вредност, сите вредности во животот се подеднакво важни и потребни! А кога би двоела би рекла дека од мудроста произлегува се, човек треба да биде мудар да заработи богатство треба да биде мудар да самиот тој си ја создаде среќата, успехот, спокојот,љубовта, моќта, слободата, славата и пријателството...:smir:
 
Знаеш, бесполезно е да се препукуваме тука. Пред се зошто имаме различни,спротивставени мислења на оваа тема. Така да невозможен е компромис. :)
И ке те молам малце подетално да размислиш за оваа реченица.А за дискриминацијата на Ромите, има многу да дебатираме ама ова нее место за тоа. :eek:ftopic:
 
Еве ќе те цитирам тука,ама во врска со предходните одговори....
Ај кажи ми ти како ќе имаш пари ако немаш ниту една од овие вредности?
Ако немаш среќа џабе ти е,ако немаш мудрост,пак џабе ти е од каде пари,кога ако си глуп нема да најдиш ни работа,ако немаш слобода шо ќе ти се парите,ај можеби ќе ја купиш,но ако ги немаш другите вредности,ако немаш искреност,ако крадиш и се друго,пак ќе завршиш без слободата,парите не можат секогаш да ја купуваат,ако си болен од сида,парите ќе ти помогнат да оздравиш?НЕ и да не набројувам уште еден куп други работи,ама парите можеби го вртат светот,ама не се СЕ што сака човекот....
 
moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Јас мислам дека нема највисока вредност, сите вредности во животот се подеднакво важни и потребни! А кога би двоела би рекла дека од мудроста произлегува се, човек треба да биде мудар да заработи богатство треба да биде мудар да самиот тој си ја создаде среќата, успехот, спокојот,љубовта, моќта, слободата, славата и пријателството...:smir:
Има една латинска поговорка која вели "Vitam regit fortuna, non sapientia"
...ова во врска со болдираново...
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.432
Поени од реакции
7.867
Еве ќе те цитирам тука,ама во врска со предходните одговори....
Ај кажи ми ти како ќе имаш пари ако немаш ниту една од овие вредности?
Ако немаш среќа џабе ти е,ако немаш мудрост,пак џабе ти е од каде пари,кога ако си глуп нема да најдиш ни работа,ако немаш слобода шо ќе ти се парите,ај можеби ќе ја купиш,но ако ги немаш другите вредности,ако немаш искреност,ако крадиш и се друго,пак ќе завршиш без слободата,парите не можат секогаш да ја купуваат,ако си болен од сида,парите ќе ти помогнат да оздравиш?НЕ и да не набројувам уште еден куп други работи,ама парите можеби го вртат светот,ама не се СЕ што сака човекот....
хммм види една работа, има многу глупаци кои немат грам мозок а имат пари, имат некоја јака кола, голема куќа и тн... не треба се да гледате у школото, се разбира обавезно е образованието, ама у реалниот живот, тоа што се учи на улица у некои ситуации може многу повеќе да биде корисно отколку самата диплома...
има милион такви шутраци кои не ја знаат азбуката а се богати едно-друго... но за мене таквите секогаш ке бидат сељаци,глупаци...
така да... не бива паметен без пари, ниту пак глупак со пари... тие немаат некоја голема вредност како луѓе според мене....

Од кога спонзорството е во мода? Парите го вртат светот, затоа е цел свртен... НАОПАКУ. Значи ти прво кај девојката гледаш дали има пари да те почасти во диско, па после вредности а? Епа знаеш што? Баба ми и дедо ми почнале од апсолутна нула, од работење во фабрика, до сето ова што денес го има мајка ми, за да сега и таа создава за мене. Сакам да ти кажам, да не се учиш да ти паѓа се` од небо. И после... Девојките биле спонзоруши... Јас да, би се заљубила во некој кој знае како е да се` нема, побрзо, отколку во галениче на мама, кое ќе биде со мене за кеш.
хммм... омажи се за таков, имајте и вие нула да видиш дали така ке зборуваш... можеби ти полесно ке се заљубиш во таков, ама 99% од девојките ке го зборуваат спротивното... така да мнозинството од нив се спонзоруши...
не вредат оние луѓе кои наследат пари, и ги потрошат сите, т.е незнаат како да ги дуплираат... а оние кои со тие наследените пари(од татко,мајка,баба,дедо не е битно) ке знаат рационално да ги користат, да напраат повеќе пари со нив... тоа поштувам...
 
апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Ако си среќен и исполнет со љубов имаш се на светот.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
хммм види една работа, има многу глупаци кои немат грам мозок а имат пари, имат некоја јака кола, голема куќа и тн... не треба се да гледате у школото, се разбира обавезно е образованието, ама у реалниот живот, тоа што се учи на улица у некои ситуации може многу повеќе да биде корисно отколку самата диплома...
има милион такви шутраци кои не ја знаат азбуката а се богати едно-друго... но за мене таквите секогаш ке бидат сељаци,глупаци...
така да... не бива паметен без пари, ниту пак глупак со пари... тие немаат некоја голема вредност како луѓе според мене....

хммм... омажи се за таков, имајте и вие нула да видиш дали така ке зборуваш... можеби ти полесно ке се заљубиш во таков, ама 99% од девојките ке го зборуваат спротивното... така да мнозинството од нив се спонзоруши...
не вредат оние луѓе кои наследат пари, и ги потрошат сите, т.е незнаат како да ги дуплираат... а оние кои со тие наследените пари(од татко,мајка,баба,дедо не е битно) ке знаат рационално да ги користат, да напраат повеќе пари со нив... тоа поштувам...
Паметен без пари не ти е вреден?:uvo:Види, од постовиве, на темава, направи си една табела ако толку многу сакаш да ги делиш луѓето на мажи и жени, во која ќе внесеш колку жени кажале дека приоритет им е богат маж. А види го твојот и постот на колегата погоре, па после збори мажи, жени... Зарем губи од вредноста како човек, затоа што нема пари?! ц ц ц... Срам да ти е! :tapp: Во однос на мојата мажачка, не мислиш веројатно дека ќе си дозволам да имам нула нели? Оти ако така мислиш, тогаш грешиш. Јас самата ќе заработувам, не мора кој знае колку, ама сепак нема да патам за леб. Додека сопругот, исто така претпоставувам дека ќе се труди. И сигурно нема да ми е тој боемски критериум-парите, мерило за љубов. Сакаш да кажеш дека ќе имам среќен брак ако маж ми има пари? Што станува со самодокажувањето, со прогресот, амбицијата? Сите тие се нула за тебе , не?
 
MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Според мене најважна е СЛОБОДАТА, зошто ако ја немаш ќе немаш ни среќа, ни спокој, ни љубов, ни пари ни ништо. Разберете го ова дека е така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom