Најавна/одјавна шпица на филм

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.973
Поени од реакции
37.239
Една интересна тема, за која се мислев дали да отворам посебна тема или да продискутираме само во генерална. Темава ја отворив, зашто мислам дека таму некаде би се изгубила дискусијата меѓу илјадниците страници, а тука има за што да се зборува, и тоа да трае. Поттикнат бев од текстот објавен на off.net.mk со наслов НЕТФЛИКС ИЛИ ПРОБЛЕМОТ НА УМЕТНОСТА КАКО СОДРЖИНА, кој би ве замолил да го прочитате во целост за да ви стане појасно за што поточно се работи.

Или, краток вовед: по измислувањето на кинематографот, обични карти со текст биле употребувани на почеток и на крај за да се означи насловот на филмот, продукцијата, и да му се сугерираат на гледачот рамките кога филмот почнува, а кога завршува. Со доаѓањето на звукот во филмот, овие секвенци биле најчесто придружувани од музика. Подоцна, полека, најавните шпици еволуирале на начин на кој елаборираат повеќе за филмот кој штотуку треба да почне. Најавната шпица на North by Northwest на Хичкок се спомнува како првата шпица на која работеле графички дизајнери, и за која е употребена кинетичка типографија (техничко име за подвижен текст, види gif за пример - подолу).

140815_AlvinKyneKonflikt_1.gif

Од тогаш, филмот и телевизијата се во постојана "војна", кој ќе измисли подобра најавна шпица, и кој ќе изведе нешто дотогаш невидено, при тоа.

Неколку milestones во историјата на развојот на најавните шпици: крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години на минатиот век го одбележа развојот на дигиталната технологија, па така поголемиот дел од шпиците се креирани дигитално. Сепак, во 90-тите, иронично, се забележува навраќање кон старите времиња, па така во некои филмови, шпиците се креирани со аналогна техника. Еден таков забележителен пример е Se7en на Финчер. Со почетокот на 21 век, најавните шпици излегуваат од границите на филмот и телевизијата, и се прошируваат во доменот на видео игрите, разни конференции, па и на почетокот на музичките видеа.

Многумина ги сметаат шпиците за засебна уметност, или уметност во рамки на друга уметност, и навистина постојат многу креативни примери кои го потврдуваат и едното, и другото. Но, зарем не забележувате дека во последно време се помалку и помалку ги има? Прво, многу филмови започнуваат со едноставен приказ само на насловот на филмот. Потоа, веќе неретко се случува филмот да си започне без дури и воопшто да се спомене неговиот наслов, и истиот да го видиме дури на крајот, на почетокот или крајот од одјавната шпица. Ете, за тоа говори и примерот од текстот на off.net - лани, од сите номинирани филмови за најдобар филм, само Lion имал најавна шпица што вклучувала нешто повеќе од само насловот на филмот!

На што се должи ова? Дали полека се занемарува креативниот пристап кон филмовите? Го диктираат ли овој тренд големите студија, и колку финансиите се причина за скратувањето и целосното укинување на најавните шпици? И конечно: губи ли филмот со тоа?

Во друга линија: ги гледате ли одјавните шпици на филмовите? Зошто да/зошто не? Сметате ли дека ако не го оставите да изврти кајронот до крај, со тоа не ги почитувате сите оние кои придонесле за вие да уживате во филмот?

За да не бидеме комплетно ограничени и да ја исцрпиме дискусијата по прашањата погоре, овде слободно можете да ги постирате вашите омилени најавни шпици, оние кои ги сметате за најкреативни, или некои кои ви го зголемиле хајпот кон филмот кој следи или ве натерале да го исклучите, уште непочнат (доколку последниве две се возможни).
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871




Третата најдобра изведба има според мене,






На крајот од секоја сезона, има кратко видео во последната епизода кое ги сумира поважните настани, ова е за крајот на серијата,


Fuck it, they can chew you up, but then they gotta spit you out.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.740
Поени од реакции
27.733

Најавните шпици се посебна уметност, да.
Ене погоре некој постираше една моја совршена најавна шпица, од Catch Me If You Can.
Интересна анимација, одлична музика, совршено поврзана со темата на филмот.
Но некогаш, најавните шпици знаат да замараат.
Имам приметено и во серии и во филмови, веќе 7-8 минута од филмот а ја уште читам кој е 53-от глумец што ќе се појави или кој е КО-ПРОДУЦЕНТ, на братучедот на обичниот ПРОДУЦЕНТ кој пак е брат на ИЗВРШНИОТ ПРОДУЦЕНТ.
Најавните шпици никогаш не смеат да замараат и да оди некој текст во позадина или нешто а во моментот да се случува дијалог или веќе да е почнат филмот.
Треба да се најде совршена комбинација како во Catch Me If You can.

На одјавни шпици им се дава помалку важност, и најчесто се нели обичен текст credits шо си одат нагоре. И така треба да остане мислам. Има и филмови со интересни одјавни шпици нели порано outtakes, па суперхеројсиве праат интересни одјавни шпици понекогаш итн. но сметам дека треба повеќе енергија да вложуваат во најавните.
 
Последно уредено:
S

staycalm

Гостин
Визуелно најмногу ми се допадна интрото на Westworld

Но, иако ништо посебно визуелно, интрото на OITNB е единствено кое не го скокам кога гледам серии. Поради песната ми е многу catchy
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да, да, на OITNB интрото е ептен погодена песната :D

За филм вака не ми текнува ама за серија освен што сте ја ставиле веќе Сопранови, може да оди и Six Feet Under.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom