Научни чуда во Ку`ран

Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Ti ateist ili hristijanin si?
--- надополнето: 4 јули 2012 во 21:25 ---

Velis a?
Koga Corbadzija zboruva so nekoj Pravoslaven vernik,togas cinis ateista e,ili toj ili eden od niv,oti im se sosema razliciti veruvanjata.
Eve,na primer,ako gi prasam koj bil Jakov(Isusov Brat ili eden od Josipovite deca od poranesniot brat(posto nema tuka katolici,da ne gi pisuvam i drugite pretpostavki)),ke se skaraat a jas toa ne go sakam.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Луѓето од Мухамед барале да направи било какво чудо и никаде не потенцирале дека чудото морало да биде „големо“. Сепак, доколку Мухамед навистина ја разделил и потоа „заварил“ Месечината, тоа би било преголемо, грандиозно чудо.
Но доколку тоа навистина се случило, луѓето не би велеле: „Зошто не му се објавува чудо од Господарот негов?“ :confused: Ете, нека направи некое чудо, па ќе му веруваме.“

Па не знам баш дали имал избор да изведе чудо. Ја мислам дека тој немал моќ да прави чуда, но не сакал да си го наруши својот кредибилитет пред луѓето, па се правел ко бајаги он можел да прави чуда, ама ете не сака. Тоа е мое мислење, простете на искреноста.
Селам и до тебе!

Чорбаџија, пријателе, многу ја ценам твојата искреност:) . Уствари и тоа се бара, затоа и ги правиме овие дискусии.

Ниеден пророк нема моќ за чуда. Тоа е само со Божја сила и вољја.

Би сакал да ми дадеш искрено мислење за првиот дел на мојот претходен пост. Сакам искрено мислење од тебе во врска со тоа што го напишав за ЧУДАТА на Месијата, на Исус (нека е Божјиот мир над него) според Коранот.

Мислиш дека еден лажен пророк како Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) би издвоил таков висок статус за Исус (нека е Божјиот мир над него) во книгата кој тој ја "напишал", Коранот? Да напише дека Исус (нека е Божјиот мир над него) направил најголеми чуда, а за себе да не напише ништо? Зошто овој "лажен пророк" да биде толку глуп и да му даде толку голем статус на неговиот најголем "конкурент"?

Поздрав:)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Висок, низок - тоа е релативна работа, зависи од референтната положба. И ти си повисок од џуџињата на Снежана, ама си понизок од Мајк Џордан. Додека христијаните го сметале Исус за Син Божји, со Божествена природа, дел од Троединиот Бог, Мухамед велел дека тој е обичен човек, пејгамбер. Можеби тоа е некаква висока чест за муслиманите, но за христијаните тоа е понижување.

Од друга страна, Мухамед, покрај тоа што бил добар војсководец и воен стратег, тој бил и добар политичар. Тој знаел дека за да се накалеми на Божјиот ланец на пророци кои ги почитувале на блискиот исток, морал се добро и најпозитивно да зборува за нив, и за Мојсеј, и за Ное, Авраам, а најмногу за Исус кој бил високо почитуван во христијанскиот свет. Би било крајно немудро од негова страна да ги негирал сите претходни пророци и Божји луѓе. Би било крајно немудро доколку Мухамед ги негирал чудата на Исус во кои што верувале христијаните, а не ги негирале ниту евреите (иако ги толкувале како магии или чуда направени преку ѓаволот)
Најсуптилната лага е онаа што содржи 99% вистина, а само 1% лага, лага завиткана во целофан на вистини, полувистини, недоречености, претпоставки и толкувања. Тоа и ѓаволот многу добро го знае. Тоа многу добро го знаат и комерцијалистите кои ќе ти кажат 9 супер работи за некоја понуда, а 10тата ќе биде запишана со ситни букви на ќошот од понудата, на ивицата од флаерот, сметката.

За себе Мухамед не можел да напише дека направил чудо од проста причина што ќе требал да пише дека го направил во некоја затворена просторија каде што ете случајно се нашол сам таму. И нормално луѓето немало да му веруваат, па затоа и не се ни обидел. Друг начин би бил да потплател некои од своите пријатели да кажат дека навистина направил некое чудо каде што ете случајно само тие се нашле таму, ама пак, непотизам, субјективизам ово оно, па немало да му веруваат. Затоа и барале од него јавно чудо, чуда какви што правеле Божјите луѓе пред него. Но на овие барања тој им одговорил само „Јас сум само опоменувач, обичен човек“ - со други зборови, не барајте од мене чуда, јас такво нешто не можам. Простете што го парафразирам.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Wow сега Мухаммед а.с. испадна дека бил врвен политичар а до вчера беше само обичен епилептичар . Епа кажи ми мангупе еден, зошто имаме евангелија пред појавата на Мухаммед а.с. кои ја негираат Исусовата Божественост и го зборуваат истото она што Мухаммед а.с. многу подоцна го зборувал?

Ах, да, временската машина ќе да е.:tapp:
--- надополнето: 6 јули 2012 во 00:25 ---
За себе Мухамед не можел да напише дека направил чудо од проста причина што ќе требал да пише дека го направил во некоја затворена просторија каде што ете случајно се нашол сам таму. И нормално луѓето немало да му веруваат, па затоа и не се ни обидел. Друг начин би бил да потплател некои од своите пријатели да кажат дека навистина направил некое чудо каде што ете случајно само тие се нашле таму, ама пак, непотизам, субјективизам ово оно, па немало да му веруваат. Затоа и барале од него јавно чудо, чуда какви што правеле Божјите луѓе пред него. Но на овие барања тој им одговорил само „Јас сум само опоменувач, обичен човек“ - со други зборови, не барајте од мене чуда, јас такво нешто не можам. Простете што го парафразирам.
Мухаммед бил неписмен, други ги пишувале чудата за него. И тоа не задкулисни чуда туку јавни и достапни за луѓето кои што се нашле во моментот. Не трескај зелени за нешта што убаво не ти се познати.

Еве ти еден мал демант:

http://islamski-centar.org/forum/showthread.php?t=6151
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Епа кажи ми мангупе еден, зошто имаме евангелија пред појавата на Мухаммед а.с. кои ја негираат Исусовата Божественост и го зборуваат истото она што Мухаммед а.с. многу подоцна го зборувал?
Затоа што Мухамед не измислувал топла вода, туку како трговец бил во контакт со многу јудејци, христијани, гностици и од нив собирал разно-разни информации, шпекулации и перспективи за и околу Исус и човекот си направил една своја микс верзија за Исус и така настанал исламскиот Иса. Има еден научен труд (на компјутер ми е, ама ме мрзи да го барам) каде што педантно е објаснето од кои извори (апокрифи, фалсификати, традиции) Мухамед црпел информации при состанувањето на Куранот. Кога би го прочитал ти тоа без предрасуди и со отворен ум, тешко дека ќе продолжиш да веруваш дека Куранот „слегол од небото“.
 
Член од
2 јули 2012
Мислења
137
Поени од реакции
33
A bre corbadzija ,sega sme vo 2012 ,teknologijata e vrvna ,ajde ti i drugite sto pretendirat deka go napisal Kuranot prorokot Muhamed,napravete eden kuran podobar ,poefikasen ,falsifikuvaj ,pisuvaj ,ama bukvalno se , da vidime dali ke mozes da go soboris ili demantiras originalniot kuran.
Dani znaes kolku luge vo istorijata napravile taka i rezultaot im bil "0".
 
Член од
5 април 2012
Мислења
32
Поени од реакции
1

a biblijata ja napisal koj
 
Научен труд, научен трудддддддддддд! О мама миа!:eek: Другар, имате илјада и една верзија на Библијата. Секој додавал и одземал во неа како што му одговарало и најде мене да ме повикуваш на пристап во читањето без предрасуди и со широко отворен ум!:tapp:
 
В

влијателен

Гостин

Од каде знаеш дека во Куранот никој не додавал и одземал?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
A bre corbadzija ,sega sme vo 2012 ,teknologijata e vrvna ,ajde ti i drugite sto pretendirat deka go napisal Kuranot prorokot Muhamed,napravete eden kuran podobar ,poefikasen ,falsifikuvaj ,pisuvaj ,ama bukvalno se , da vidime dali ke mozes da go soboris ili demantiras originalniot kuran.
Dani znaes kolku luge vo istorijata napravile taka i rezultaot im bil "0".
Не знам, колку луѓе направиле така?
 
Дали можеш да наведеш тројца од тие многу луѓе во историјата што се обиделе да направат подобар куран од куранот? Ако не ти текнува на тројца, дали можеш да наведеш двајца? Ако не можеш двајца, дали можеш да наведеш еден единствен човек што се обидел да направи подобар куран од куранот?
Зарем не ти е смешна самата фраза „подобар куран од куранот“? :) Замисли некој да ти рече ај напиши подобра „илијада и одисеја“ од „илијада и одисеја“? Подобра „Зоки Поки“ од „Зоки Поки“? Или подобра „Црвенкапа“ од „Црвенкапа“? Малку чудно зарем не?

За да може да направиме споредба меѓу куранот и другите книги, трбеа прво да поставиме јасни квалитативни или квантитативни критериуми, за да можеме да видиме каде според тие критериуми се котира куранот, а каде другите книги. Подобар во што? Поефикасен во што? Некоја книга може да биде ефикасна и во тоа да ги убедува луѓето да убиваат, да се самоубиваат, да бараат идеолошка доминација на цел свет итн. И тоа е ефикасност.
Не можеш да речеш Куранот е најубавата, најмилозвучната книга, затоа што тој критериум е субјективен. На некој може да му се повраќа кога слуша арапско рецитирање на Куран, а да ужива кога слуша рецитирање на драмата Ромео и Јулија од Вилјам Шекспир на изворен старо-англиски јазик, Тешкото од Блаже Конески и сл.
 
Член од
2 јули 2012
Мислења
137
Поени од реакции
33
Не знам, колку луѓе направиле така?

jas ti vikam deka ti ne znaes nisto ti ne mi veruvas ,a mi se sprotistavuvas ,zatoa ti vikam ,odi uc nesto korisno,ostavi emocii i inaet nastrana
--- надополнето: 6 јули 2012 во 15:00 ---

ti voopsto ne si vo tema za sto ti zboruvam jas, mojata poenta e da ve vidam kolku imate znaenja za islamskata vera hehe a se gleda kolku imte,jas so moi prasanja ve meram da vidam kaj ste am izgleda tabulla rasa ,nemate opsti elementarni soznanija
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Од каде знаеш дека во Куранот никој не додавал и одземал?
Од историскиот континуитет на пренесувањето и бележењето на Куранот, од неговиот непрекинат ланец на преносувачи за разлика од Библијата.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
jas ti vikam deka ti ne znaes nisto ti ne mi veruvas ,a mi se sprotistavuvas ,zatoa ti vikam ,odi uc nesto korisno,ostavi emocii i inaet nastrana
Претпоставувам дека корисно е да се учи Куранот:P

НЕка ти биде пријателе.

Не ти замерам, терај си животот. Не си ти виновен што си дел од таа традиција.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Од историскиот континуитет на пренесувањето и бележењето на Куранот, од неговиот непрекинат ланец на преносувачи за разлика од Библијата.
Кој историски континуитет? Си чул ти за Османската рецензија? Осман ги собрал сите тогаш постоечки курани, одбрал една верзија од нив, а сите други ги запалил. Тоа ти го нарекуваш историски континуитет и непрекинат ланец? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom