Е тука грешиш. Исусовите чуда не ги негираа ниту непријателите на Исус. Точно е дека оние кои му завидуваа на Исус велеа дека Тој ги прави чудата преку Сатаната, некои тврделе дека прави магии, трети сакале да го убијат Лазар (кој беше воскреснат од Исус) затоа што луѓето гледајќи го починатиот Лазар повторно жив масовно се приклучувале меѓу учениците на Исус (и тоа без меч замисли!)
Значи скептиците, неверниците и фарисеите имале различни толкувања за чудата и моќта на Исус, но тие биле толку очигледни и јавни што ретко некој да ги негирал.
Наспроти Исус, Мухамед не направил ниту едно чудо. Од каде знаеме? Па од самиот Куран. Во Куранот читаме дека луѓето околу Мухамед поставувале логички прашања од типот: „Зошто не му се објавува чудо од Господарот негов?“
Тие му велеле ќе ти веруваме дека си Алахов пејгамбер ако го докажеш тоа, ако направиш некакво чудо... но наместо чудо, од Мухамед добиле политичко заобиколување: „Јас сум само Опоменувач“ (со други зборови: мене ќе морате да ми верувате на збор)
И пак ќе речам, доколку Мухамед навистина ја расцепил и „заварил“ Месечината, тој немало да има потреба политички да ги забашотува скептиците, туку јасно ќе им рекол: „„Па ете, ви го направив чудото со Месечината, Алах преку мене ја расцепи, а потоа ја завари! Што сакате уште? Зарем тоа ви е мало чудо?““
Но наместо ова, Мухамед индиректно им кажува дека тој нема ниту моќ, ниту служба да прави чуда, така што секој што тврди дека Мухамед направил чудо е неконзистентен со самиот Куран.
Здраво!
Да пријателе, Исус (некае Божјиот мир над него) направил големи чуда. Кај нас во Исламот се вели дека он e Пророкот ЧУДО.
...Ќе определам тоа дете
да биде знамение (аргумент) за луѓето и
милост од Наша страна. Таа работа веќе е решена. (Марија, 21)
Пази сега, Архангел Габриел и вели на Чистата Марија (нека е Божјиот мир над неа) дека нејзиниот син, ќе се роди без татко, Бог ќе го направи аргумент за луѓето дека Бога постои и самиот факт дека Бога пратил такво големо чудо како Исус (некае Божјиот мир над него) тоа се рачуна како МИЛОСТ ОД БОГА ЗА НАС ЛУЃЕТО.
Еве што вели Бога во Коран за ова работа:
....И Ние му дадовме
на Исус, синот на Марија, вистински чуда и го направивле посилен со Светиот Дух (Габриел).... (Ел Бекара, 87)
Замисли, една од најголемите СУРИ (глави) во Коранот се вика по Чудото на Исус (нека е Божјиот мир над него), Главата на
Трпезата со Храна. Ова е поврзано со Чудото на Исус кога Апостолите побараа од него да побара од Бога да прати една голема трпеза со храна.
Види извадок од Сурата ТРПЕЗА;
Кога
апостолите рекоа: “О Исусе, син на Марија,
може ли Господарот твој да ни спушти
софра од небо?” (Исус) Рече:
“Плашете се од Аллах ако сте верници!
Рекоа:
“Сакаме да јадеме од неа, а срцата наши да бидат смирени, и да знаеме дека вистина ни зборуваше и да бидеме за неа Сведоци.
”Исус, синот на Марија, рече: “
О Аллаху мој, Господаре наш, спушти ни софра од небо, да ни биде празник и за првите од нас и за последните од нас, и знаменија од Тебе. Снабди не. А Ти си од снабдувачите Најдобриот!
Аллах рече: “Ќе ви ја спуштам. Па, оној од вас, потоа, кој не верува, ќе го казнам, навистина! И тоа со казна со која нема да го казнам никого од луѓето.
Потоа едно од најголемите чуда на Исус (нека е Божјиот мир над него) е дека Бог направил од да зборува кога бил во крошна со цел да ја одбрани неговата чиста мајка од злите зборови на луѓето кои не и веруваа на неа дека нејзиниот син е чудо Божје и е роден без татко.
.... Оние рекоа: “
Како ќе зборуваме со дете кое е в крошна. ”(Бебето Исус) Рече: “Јас сум, навистина, роб Аллахов;
ми даде Книга (Евангелие) и ме одреди за пророк! (Марија,29-30)
И кога ангелите рекоа: О Марија, Аллах, навистина, ти донесува радосна вест;
од Него збор:
името му е Месих, син на Марија,
ќе биде виден и на овој свет и на Задгробниот свет и еден е
меѓу блиските на Аллах.
Ќе им зборува на луѓето додека е во крошната, и кога ќе биде голем, и ќе биде меѓу добрите луѓе. (Семејството на Амрам, 45-46)
Замисли, Исус (нека Божјиот мир над него) е меѓу најблиските на Бог, Алах.
И најголемите чуда на Исус (нека Божјиот мир над него) Бог ни ги опишува многу убаво во Коран:
И Он го поучи (Исус) и со Книгата, и со Мудроста, и со Тората, и со Евангелието ете, пророк до синовите Израилови:
Ви дојдов со знамение од Господарот ваш. Ќе создадам за вас нешто, навистина,
од кал што ќе биде слично на птица и ќе дувнам во него и, со одобрението Аллахово, ќе стане птица;
ќе излечам слеп и лепрозен и ќе оживеам умрен, со одобрението Аллахово;
ќе ви кажувам што јадете и што збирате во домовите ваши, со одобрението Аллахово.
Ако сте верници ете, во тоа, навистина, имате знамение, и, еве, тука сум да го потврдам Теврат и да ви дозволам нешто од она што ви беше забрането; и ви доаѓам со знамение од Господарот ваш.
Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни! (Семејството на Амрам, 48-50)
Исус (нека е Божјиот мир над него) е единствениот пророк во Исламот кој можел сите овие чуда да ги направи, но само со Божјо одобрение.
А сега за Пророкот Мухаммед (нека е Божјиот мир над него). Неговото најголемо чудо е Коранот. А и он направил мали чуда, како например, кога Ебу Бекр, неговиот најблизок другар бил каснат од шкорпија, он само ја ставил раката во раната и за миг оздравел. A истотака и делењето на Месечината во два дела. Сега како се случило тоа, како изледало, не знам, немам прочитано за тоа.
Вистина е тоа дека луѓето барале од Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) да направи едно големо чудо. Па он се обратил кон Бога и побарал од Него да му овозможи.
Но Бога пред да му овозможи му кажал ќе му овозможи да направи големо чудо пред луѓето, но ако тиа пак ќе се посомневаат во него и во тоа што Бог го објавил тогаш ќе следува НЕВИДЕНА КАЗНА ЗА НИВ и ќе ги ИСТРЕБИ ОД ЗЕМЈАТА. И Бог му ги дал примерите со другите пророци, кои ипак направиле големи чуда, сепак нивните народи станале неверници, и потоа им следела казна.
И Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) избрал да не се изведе некое чудо, туку да ги повикува луѓето кон Божјиот пат со трпение и мудрост.
Ајде Селам (мир) до тебе!