Дали можеш да наведеш тројца од тие многу луѓе во историјата што се обиделе да направат подобар куран од куранот? Ако не ти текнува на тројца, дали можеш да наведеш двајца? Ако не можеш двајца, дали можеш да наведеш еден единствен човек што се обидел да направи подобар куран од куранот?
Зарем не ти е смешна самата фраза „подобар куран од куранот“?
Замисли некој да ти рече ај напиши подобра „илијада и одисеја“ од „илијада и одисеја“? Подобра „Зоки Поки“ од „Зоки Поки“? Или подобра „Црвенкапа“ од „Црвенкапа“? Малку чудно зарем не?
За да може да направиме споредба меѓу куранот и другите книги, трбеа прво да поставиме јасни квалитативни или квантитативни критериуми, за да можеме да видиме каде според тие критериуми се котира куранот, а каде другите книги. Подобар во што? Поефикасен во што? Некоја книга може да биде ефикасна и во тоа да ги убедува луѓето да убиваат, да се самоубиваат, да бараат идеолошка доминација на цел свет итн. И тоа е ефикасност.
Не можеш да речеш Куранот е најубавата, најмилозвучната книга, затоа што тој критериум е
субјективен. На некој може да му се повраќа кога слуша арапско рецитирање на Куран, а да ужива кога слуша рецитирање на драмата Ромео и Јулија од Вилјам Шекспир на изворен старо-англиски јазик, Тешкото од Блаже Конески и сл.