Па што пишуваш тогаш воопшто за научни чуда во Куранот ако не можел да се сваќа?И што сега,ако Кака кажал нешто за Куранот,треба ние здраво за готово да го сфатиме?Зошто ниедно од т.н.научни чуда(ма да самиот термин "научни чуда"ми е нејасен и не разбирам што значи,посоодветно е научни факти во Куранот да стои)не се објавени пред да ги објави науката?Јас искрено не гледам ни едно чуда или поточно кажано ниеден научен факт во Куранот,сите се побиени како контрадикторности.Во врска со твојот пост,читај ги стиховите во контекст,таму убаво стои дека Алах создал 7 неба,на нив ги поставил Месечината и Сонцето,значи недефинирано во кое од тие неба,а во најблиското небо до Земјата ги поставил ѕвездите.Зошто не е спомнато дека во најблиското небо се наоѓаат Сонцето и Месечината?Каде воопшто науката тврди дека Универзумот се состои од 7 неба или небеси,како сакаш кажи ги?Ти знаеш ли што се ѕвездите и од што се изградени и како настанале?Зарем веруваш дека нивната функција е да го штитат човештвото од демони и слично?Гледам си се фатил дека во Куранот научно е објасен Бинг Бенгот.Ти знаеш ли дека Бинг Бенгот е само теорија?Разликуваш теорија од факт?Зошто секогаш кога има некоја контрадикторност во вашата книга се вадите на тоа демек не се преведува буквално,било извадено од контекст,па таков бил арапскиот тросмислен јазик и слични наивни оправдувања.
Кога ќе излезе некој ваш исламски теолог,со научен факт за било каква работа која научниците сеуште не можат да ја објаснат,а таа сита работа е објаснета разбирливо и експлицитно во Куранот,дури тогаш можеме да говориме за некаква си веродостојност.Се до тогаш,наоѓање на некаква си научна смисла во стихови стари 15 века,кои реално секој може метафорично да ги објаснува на илјадници начини е бесмислено.