Но само што велат дека има 7 неба, туку најтрагичното е тоа што велат дека ѕвездите се наоѓаат на НАЈБЛИСКОТО небо (поблиску и од месечината

, наспроти денешната наука која е во заблуда и кажува дека ѕвездите се троа подалеку.
„Ние, навистина, го разубавивме до вас најблиското небо со ѕвезден накит, и го штитиме од секој шејтан пакосен, за да не го слушнат гласот на возвишените чети кои ги гаѓаат од сите страни. “ (
Сура 37:6-8)
„Да, Ние небото на овој свет со ѕвезди го разубавивме и одредивме да фрла камења по шејтаните.“ (
Сура 67:5)
Очигледно Мухамед не знаел дека тие светулки што паѓаат од небото се метеори, па согласно тогашното човечко (никако Божјо!) разбирање помислил дека тоа се ѕвезди што паѓаат па умешно нашол и објаснување со која цел паѓаат "ѕвездите".
Слично се вели и во хадисите, цитирам:
„Создавањето на овие ѕвезди е со три цели: да го декорираат небото,
како проектили да ги гаѓаат шејтаните (ѓаолите) и како знаци да ги водат патниците. Па ако некој се обиде да побара друго објаснување, тој е во заблуда и залудно губи време. “ ([FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
Bukhari vol.4 book 54 ch.3 before no.421 p.282[/FONT])
Можеби ова изгледа смешно читано од денешна перспектива, но тогаш ова учење било многу убедливо, затоа што мнозинството верувало дека ѕвездите се закачени за небото и кога ќе виделе како паѓа некој метеор, луѓето мислеле дека таа ѕвезда се откачила од небото и затоа паднала. Многу разбирливо верување за тоа време кога се немало основно познавање од астрономијата.
Но по се изгледа денешната астрономија е во заблуда и залудно губи време кога вели дека не паѓаат ѕвездите, туку метеорите
Дека ѕвездите биле закачени на небото зборува и еден друг хадис, цитирам:
„Пророкот (Мухамед) одговорил: Али, има пет ѕвезди: Јупитер
(al-birjis), Сатурн
(zuhal), Меркyр
(utarid), Марс
(Bahram) и Венера
(al-zuhrah). Овие пет ѕвезди изгреваат и се движат како сонцето и месечината, и се движат заедно со нив. Сите останати
ѕвезди се обесени на небото како што светилките се обесени во џамијата.“
(
al-Tabari vol.1 p.235-236)
Обрнете внимание како тука Мухамед ги нарекува планетите? Ѕвезди

Потоа вели и дека само овие 5 "ѕвезди" се движење и изгревале како Сонцето и Месечината, а другите биле обесени на небото.
Како што гледате драги мои, научните сфаќања во Кyранот и исламските хадиси се на исто (погрешно) ниво како и останатиот свет во тоа време (со исклучок на египјаните кои имале за нијанса подобри разбирања за вселената), така што во Кyранот нема ништо "научно" што тогаш луѓето не го знаеле. Напротив, во Кyранот и хадисите ги наоѓаме истите научни заблуди со кои што се соочувал речиси целиот тогашен свет. Оттаму следува дека Кyранот воопшто не е книга од Бог, туку е човечки продукт.
Простете ако разочарав некого, но вистината иако боли, таа сепак има позитивно дејство на долгорочни стази. Прифатете ја вистината и ќе се ослободите од лагата.
Поздрав!