Во Кyранот нема научни чуда, туку само научни лапсузи. Оние стихови кои што се пласираат како „научни чуда“ од страна на муслиманите се само акробации со зборови и од еден збор правење некаква си научна сензација. А доколку го прочитате контекстуално зборот ќе видите дека нема ни "н" од наука.
Еве ви еден добар пример:
"Ги создаде небесата и Земјата со вистина. Он ноќта ја покрива со денот, а денот го покрива со ноќта" (Сура Ез-Зумер 39:5)
Од ова поетско излагање на писателот, муслиманите пробуваат да ве убедат дека тука јасно и недвосмислено се вели дека обликот на Земјата е топка

И како го прават тоа? Доста умешно. Не може секој тоа да го прави. Потребна е посебна вештина од еден поетски стих да направите цела наука

Значи, ќе го земат зборот „покрива“ и ќе ви кажат дека тој збор всашност значел покривање или завивање, а уште попрацизно замотување на предмет со исклучиво топчеста форма и затоа таму всашност се вели дека Земјата е топка. Но ете, професионалните преведувачи на Кyранот не го знаеле тој општо познат податок и затоа многумина од нив го превеле овој збор како „покрива“, „covers“, „overlap“ и сл.
Ако ги анализирате едно по едно Кyранските „научни чуда“ ќе видите дека во нив нема ништо научно и дека целиот обид од нив да се направи некаква наука се базира на: абе види, да таму пишува така, ама всашност тоа не значи тоа што пишува, остај го ти тој неписмениот што превел така. Тоа во оригиналниот јазик значи ова, или поточно вака и така и пошо нели вака и така, значи ете наукаааа
Којзнае какво им е тумачењето на тие ајетите каде што се вели дека ѕвездите се поблиску од месечината. Сигурно и за нив имаат спремно некакви апологетски акробации од кои следи дека иако во Кyранот пишува така, всашност е обратното