Натпревар #1 - Тема: Урбана приказна [пријавување]

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.379
Момци и девојки,

Темата на првиот Кајгана-фото натпревар е УРБАНА ПРИКАЗНА.

Толкувајте ја како сакате, фотографирајте во било која техника.
Публиката ќе ја оцени успешноста на фотографијата.

За било какви дискусии и прашања, слободно обратете се во темата за општи дискусии.

Среќно!


_________________



Да се потсетиме на правилата за учество:

1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“ :);

2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;

3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;

4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;

5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;

6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;

7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.

8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;

9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;

10. Со цел да ги избегнеме проблемите со хостирање на фотографии на други сервиси и недостапноста, фотографиите мора да бидат прикачени директно на форумот преку опцијата „Прикачи датотека“ и истите да не надминуваат големина од 5MB;

11. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.

- Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.

- Оваа тема служи само за прикачување/пријавување на фотографии, па затоа избегнувајте дополнителни коментари. Секако, лајкови може да ставате како мотивација за фотографот. Но, тие не треба да се сфатат како гласови за дадената фотографија. За гласањето ќе има посебна тема.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
377937_229528653779714_667018300_n.jpg


Сестра ми е на сликата. :D Ехее, тие времиња паѓаше редовно снег во Валандово и обавезно правевме прошетка до манастирот. И сеа паѓа уствари, ама утредента беќе е претворен го кал.


П.С. Извинете за тоа "Winter 2008 Valandovo". Сликата ја имам на компјутер дома, а тука на лап топот ја немам, па ми текна оти ја има ставено на фејсбук и од таму ја симнав. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom