Кајгана фото-натпревари [општи дискусии]

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
И јас сакав да прашам: како ќе знаете кога е сликана фотографијата? А и што менува во натпреварот? Според мене сеедно е кога ќе бидат направени фотографиите, важно е да се авторски, од членот кој ги постира.

Не ми е најјасен делот со поставувањето на темите. Како што јас разбрав: денес еве коцка поставува тема. Натпреварот ќе трае од денес, 10.02 до недела, 16.02. Во понеделник, 17.02 се отвора темата за гласање, и се гласа до сабота, 22.02. Во недела, 23.02, победникот на натпреварот поставува нова тема, и почнува новиот натпревар. Ова значи дека од 17.02 до 22.02. нема да има натпревар, односно - во тој период ќе може само да се гласа, без да се поставуваат нови фотографии (од други теми), така? Значи, секој натпревар ќе трае две недели: една недела за поставување фотографии, и друга за гласање?
 
Така, да.

Е сеа, сакате да почнеме од денес и да скратиме еден ден од овој натпревар, или сакате да почнеме од недела? :)
 
Според мене би било најдобро да почнеме од денеска, секако сме и понеделник почеток на новата недела така да зошто да не од овој денеска.
 
Пример сликата јас сум ја направил порано, не сега, но во себе ја содржи темата барана за натпреваров...... зошто не би учествувала?
Нема врска дали сликата е стара или е нова, битно е да е наша. :)

Така, да.

Е сеа, сакате да почнеме од денес и да скратиме еден ден од овој натпревар, или сакате да почнеме од недела? :)
Од денес... да ни тргне понеделнички :)
 
Океј, штом @.Sky. и @коцка се согласни дека треба да одиме со урбана фотографија, урбана ит ис... :)
Дозволете ми јас да ја отворам првата тема, која се надевам дека ќе служи како еден вид на пример за тоа како победниците треба да ги отвараат следните теми. Бива? :)

Запомнете, новоотворената тема служи само за пријавување, па затоа - избегнувајте дополнителни коментари. Секако, лајкови може да ставате како мотивација за фотографот. Но, тие не треба да се сфатат како гласови :) За гласањето ќе има посебна тема.
 
Се моли @DIJAMANTE да не спамира по фото-натпреварите со Каролина Гочева, во спротивно ќе биде отстранет од форумот.
 
Дечки, нема да го тупам многу, само сакам да прашам дали може со слики направени од пред година-две-три и сл. Сите правила ми се јасни освен ова, гледам и Златикевичиус прашал, ама не наидов на одговорено.
 
Да може доколку таа е лично твоја фотографија.
 
Браво браво. Убава бројка се пријави за краток период.
Јас за жал ќе бидам само гласач, зашто не сакам да ви ја грубам темата со мојата 3.2мп камера :(

Туку, ако надмине 20 пријавени како ќе се отвори темата за гласање ? Нели 20 фотографии е максимум што може да се стават во еден пост ?
Или Ејсид има посебни моќи ? :)
 
Јас пријатно се изненадив од бројката кои се пријавија која за кратко време се достигна. Дај боже да имаме над 15 пријавени ако има тогаш ќе му се мисли :D
 
Дечки, нема да го тупам многу, само сакам да прашам дали може со слики направени од пред година-две-три и сл. Сите правила ми се јасни освен ова, гледам и Златикевичиус прашал, ама не наидов на одговорено.

Одговори Ејсид дека така било ко што мислев. ;)
 
Ја за инает со мојата 3.2 мегапискелна мобилна камера ќе ви се умешам :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom